Подготвен сум да платам 70 отсто од вредноста на учебниците доколку бидат оштетени..., гласи парафразирано дел од изјавата која деновиве учениците им ја носат на потпис на своите родители како дел од проектот „Бесплатни учебници“, кој Владата гласно го најавуваше како уште една голема придобивка за сите.
Можеби би било се' в ред (иако ни оддалеку не е така) доколку тие 70 отсто беа дел од некоја конкретна бројка, односно цена која родителите ќе ја имаат предвид и, на некој начин, ќе ја вкалкулираат како дел од своите идни трошоци.
Имајќи предвид со каков квалитет се учебниците кои почнуваат да се распаѓаат уште по неколку отворања (проблем со кој сериозно треба да се позанимава нарачателот на учебниците, односно државата), јасно е дека најголемиот број родители на крајот на учебната година ќе мора да ги платат фамозните 70 отсто.
Дилемата е колку, всушност, се тие 70 отсто како конкретен износ. Во изјавите не е наведена цената на одделните учебници, па останува нејасно кој и кога ќе ја соопшти. Ваквото потпишување на невидено остава простор за разни манипулации, па на крајот платената штета може да биде повисока и од ганц нови учебници. Доколку се оствари вакво црно сценарио, учебниците воопшто нема да бидат бесплатни.
Ова е само последна, иако не и најзначајна, слабост на целиот проект кој Владата го промовира како уште една нејзина голема победа, а кој во практиката доживува фијаско.
Првиот училиштен месец полека изминува, а голем број од учениците воопшто ги немаат добиено учебните помагала. Тоа особено се однесува на четвртоодделенците и на седмоодделенците, за кои учебниците и натаму „се печатат“.
Во наставата се применуваат методи за кои секој просветен работник ќе каже без резерва дека се недозволиви во денешно време. Диктирањето или учењето од обични прибелешки воопшто не соодветствува на современите образовни процеси кои се заговараат, ниту на концептот „Знаењето е сила, знаењето е моќ“ со кој не' бомбардира секојдневно Владата преку скапо платените реклами.
Не се малку и родителите кои за да дојдат до учебници за четврто и за седмо одделение го послушаа министерот за образование кој им порача дека учебниците ги има на Интернет-страницата на Министерството. Родителите минаа часови покрај своите компјутери во настојување да ги имаат барем во електронска форма. Попусто. Серверот на Министерството очигледно како да беше од камена доба. Требаше да минат дваесетина дена за да се надмине проблемот.
Да не зборуваме за заблудата во која беа средношколците од стручните средни училишта, за кои концептот за бесплатни учебници едноставно не важи. Тие ќе мора сами да ги набават скапите учебници за своето стручно образование. Каде е тука принципот на еднаквост? Аргументот дека станува збор за мал број учебници што го поскапуваат процесот на производство едноставно паѓа во вода, бидејќи и овие деца имаат право на еднаков третман како своите врсници кои одбрале да учат во некоја од гимназиите.
Во некои од училиштата се' уште не се целосно дистрибуирани учебниците, некаде, пак, е стигнат по еден учебник...
Се' на се', проект кој уште од почетокот беше спроведуван со многу пропусти, но и натаму не може да излезе на вистинскиот колосек.
Но, можеби е најстрашно што од сите предупредувања упатени до учениците дека нивните родители ќе мора да ги плаќаат неквалитетно изработените книги, доколку ги оштетат, предизвика кај децата уплав да ги отвораат добиените учебници.
Не им останува ништо друго освен да совладаат уште една вештина: да имаат радарски способности, па да учат со затворени корици.
"Besplatni ucebnici" e edna golema izmama kako sto e i "besplatni plavi kartoni". Site merki se cist populizam, no ima eden problem, narodot se svestuva i znae da kazni.
Од: mojso
Датум: 19.09.2009 01:10:27
Mirce ne tropaj gluposti.Znaeme dobro lugeto koga ni se pomaga koga ni se odmaga.
Од: oliver
Датум: 19.09.2009 05:41:28
taman si e rabotata ako dobro razmislas i dobro procitas toest dobro svates
Од: sneska
Датум: 19.09.2009 07:08:06
Во изјавата покрај тие 70%, стои и „комплет учебници“, а на децата уште првиот ден им беше нагласено дека за стручните предмети за кои нема учебници ќе си фотокопираат во скриптарата која е во склоп на училиштето, се разбира за пари. Така да, џабе позирањето пред камери, и пишувањето по весници. Изјавата ја потпишуваа и децата и учениците. А треба ли да нагласам дека до 18-09 -петок децата не добија ниту еден учебник.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 19.09.2009 08:23:59
Незнам зошто пречи потпишување на изјавите дека книгите ќе се вратат неоштетени,кога го имам во вид оштетувањето на училишниот инветар,столици,клупи и др. од нашите пубертетлии ништо чудно.Шкртање по книги е стар спорт,одете во библиотека ,најдете лектира во која нема некој оставено пишан траг.Место да се поздрави одлуката за бесплатни учебници,се,, мати вода да небиде бистра,,.Таму каде што недостасуваат учебници се сложувам да се дистрибуираат што поскоро.Малициозноста како да го отсликува вашиот политички сенс.Да беше обратно и да немаше бесплатни учебници ќе пишувавте за неисполнети поморанџести ветувања.
Од: Трпе
Датум: 19.09.2009 09:19:52
Дали,некој веруваше во овој проект на ЕПП владата.Но во неколку наврати имам спомнато дека пералницата мора да работи.Не смее центрифугата напразно да работи.Кога се однесува во врска со учениците,дали и монитор за секој ушеник е успешен и завршен проект.Покрај застрашувањето на возрасните ова демократска влада ги доведе во неизвесност и страв и децата,идните гласаши.Некои кажуват,сакајки да се фатат за сламка дали имало некоја друга влада која делела учебници на учениците.Да имаше се делеа на основците,но кога овие дпмне-овците дојдоа на власт го укина бидејки било тоа проект од Бранко па не бил со заплашување и морал да се укине.Ова сегашна ЕПП влада прво вели ОП а не е сигурна дали ке скокне.Толкави се нивните аматерски способности.Но нашиот народ многу бавно сваќа.Затоа трпи секакви товари па и стапови по сопствениот грб.
Од: mitre od dolneni
Датум: 19.09.2009 09:36:36
"besplatni ucebnici", skapo platena laga
Од: Bitola troa skolovan
Датум: 19.09.2009 12:32:47
Многу интересни изјави за потпишување,јас бев спречен да одам на родителскиот состанок и не потпишав изјава за еден учебник колку што доби мојата ќерка,а не кажаа кој ќе плати казна за останатите учебници кој нема воопшто да ги добијат.
Од: на лице место
Датум: 19.09.2009 13:57:45
Се си е во ред.Само да стигнат учебниците.Тој што нема да ги искине тој најповеќе се нервира од оваа работа.Нема потреба,зашто ако не ги оштети нема што да наплати.Инаку,навистина има проблем -ученици.Не само за учебниците.Директорите и наставниците особено во средните,со помал рејтинг-училишта да обрнат внимание.Што се случува со комјутерите.Најитно таквите да се острануваат од училиште.Задолжителното,не значи и седење во училиште по секоја цена.Да биде истеран од училиште и даплаќа глоба како да не се запишал.Инаку за кратко време,година,две во некои училишта ќе останат само патосот и таванот.Навистина ова е точно.Родители,сваќате или не дека наставниот кадар е НЕМОЌЕН ама баш ништо да стори.На застанувајте одма во одбрана.Вашите јагнинја не се како дома во училиште.Само скриена камера може да ве увери во тоа.
Од: tebe
Датум: 19.09.2009 14:55:46
jas koga ucev vo osmoletka bea besplatni ucebnicite,ma jas bev 4 generacija sto gi koristese ama bea od kvaliteten materjal,i ne se menuvaa nastavnite programi sekoja godinaili sekoja god. nov ucebnik.am toa bese komunizam,i sega koga tolku plukame po komunistite ovaa krajno komunisticka merka za bespl.ucebnici ja sakame.ustvari sto sakame nie.o da kapitalizam so komunisticki ideologija,ustvari kako bese???
Од: Linda
Датум: 19.09.2009 23:11:01
Vo Lazo Angelovski N.Lisice vo izjavata stoi 75% za "malo ostetuvanje" a 100% za izguben, unisten ili sl. Sekoe kreditiranje se vraka so kamata. Ako ne sega ke gi platime vo juni, ako ne nema svidetelstva.
Од: koki
Датум: 20.09.2009 11:00:35
уште една ВМРО-вска ујдурма на Грујо и компанија................... Остваруваме...............на Вртолум............