Број 3090  сабота, 19 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Потемкиново село во Северна Кореја

Изградено е село на пропагандата на границата за да се покаже високиот стандард

Околу 3.000 жители на Северна Кореја успеаја последната година да пребегнат во Јужна Кореја, што е своевиден рекорд. Односите меѓу двете држави се се' уште затегнати. Среде таа ничија земја, на граничната линија меѓу Северна и Јужна Кореја, војската на Јужна Кореја ретко дозволува да се фотографира или да се снима. Долу, во маглата, лежи таканареченото село на пропагандата, кое Северна Кореја го изгради точно на границата за да покаже дека, наводно, има висок стандард, но куќите се само кулиси, а местото не е населено. Комунистичкиот режим по должината на границата постави направа за блокирање на странските радио и телевизиски програми, вели јужнокорејскиот офицер. Западните новинари, се разбира, не смеат да патуваат во Северот.

Како навистина живеат луѓето во изолираниот режим, нема сигурни информации. Во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, во училиштето „Јеомјунг“, учат бегалци од Северна Кореја. Изгледаат како деца, иако повеќето од нив се постари од 20 години. Поради неисхранетост, кај нив настанал застој во развојот на телото. За да ги заштитат своите семејства во Северна Кореја, сакаат да ги снимаат само во група. Нивното општо знаење е на ниво на основно училиште, велат учителите. Во Северна Кореја, култот на личноста на Ким Јонг Ил и политичкото воспитување како дел од наставниот план се, пред се', друго.

Бегалецот Ли има 26 години. Неговите родители починале од глад. Тој сака да остане анонимен, за да го заштити својот помал брат од можно гонење. „Во Северна Кореја моето семејство беше во постојана потрага по храна, често гладувавме, немавме соодветна облека. Бегството е навистина опасно, покрај граничарите со автоматски пушки. Така, преку реката Јало морав да пливам кон Кина и таму со месеци да се пробивам додека не успеав да дојдам во Јужна Кореја“, вели Ли.

За многумина Севернокорејци промената од комунизам од камено време во турбо-капитализам е културен шок.

Така е и за дваесетгодишниот Ким, кој не се плаши да го покаже своето лице, бидејќи веќе е пребегано цело негово семејство: „Во Јужна Кореја дојдов пред четири години и на почетокот имав големи тешкотии да најдам пријатели. Често ме исмеваа поради севернокорејскиот дијалект и бев аутсајдер. Во меѓувреме стана подобро“.

Назад на границата, на единственото место каде што посетителите имаат слободен пристап. Постарите генерации, кои ја преживеале корејската војна, пред се', се тие кои се надеваат на повторно обединување на Северна и Јужна Кореја. Токму сега кога има срамежливи знаци на намалување на тензиите. Често на ова место доаѓаат бегалци, кои им оставаат симболични поздрави на роднините во Северна Кореја. Бодликавата жица не дели само две држави, туку и илјадници семејства во Северна и во Јужна Кореја. (Дојче веле)

 


#
Статијата е прочитана 976 пати.

Испрати коментар

Од: sneska
Датум: 19.09.2009 07:09:50
И кај нас е така некако, само пропаганда, работи со полна пареа пропагандната машина.
Од: Itar Pejo
Датум: 19.09.2009 11:51:15
Site znaat deka socijalizmot necini i zatoa begaat. Koj e rezultatot na anketata na Utrinski? Kako se odgovara na prasanjeto : koga se ziveese podobro, vo 1989 ili 2009?
Од: barbiUsa
Датум: 19.09.2009 14:52:30
Se znae koga se ziveese podobro 1989,super bese site imavme site bevme srekni,a sega so kapitalizmot poveketo od nas nemame i sme nesrekni.Dojde situacija,KOJ IMA,IMA, KOJ NEMA TESKO NEMU. E toa e kapitalizam
Од: kojco
Датум: 20.09.2009 10:27:20
Tesko na tie budali koi ke poveruvaat vo ovoj tekt. DNR Korea e so dosta visok standart,taa ima najgolem stadion na svetot so 150,000 sedista ima veloleten hotel so 102 sprata i mnogu drugi raboti sto se rangiraat so broj 1 vo svetot. Ke se vidad rezultati posle 20-30 god pa ko prezivi pricace

Најди! во Утрински
Насловна
Македонија официјално во рецесија
Папата поканет да ја посети Македонија
Уплав од бесплатните учебници
Стефанов
Зденко
Пелистерски очи од солзите на вљубените сестри
Нема напредок кон ЕУ без решение за името
Има ли лек за аптекарите
Програмата на СДСМ го вклучи алармот во ВМРО-ДПМНЕ
Мистерија со човечки коски во „Јасен“
Финансиска катастрофа во МНР (2)
Политиката и моралот
Евтините кредити, всушност, ќе бидат скапи