Програмата на СДСМ го вклучи алармот во ВМРО-ДПМНЕ
Симнувањето на социјалдемократите во базата го вклучи алармот во владејачкиот табор
Александра М. Митевска
Отровните стрели што си ги испраќаат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, се чини, ја наелектризираа политичката атмосфера како никогаш во изминатите три години, кои, пак, поминаа во постојани обиди за закрепнување на опозицијата, додека десницата ги освојуваше врвовите на моќта.
Но, симнувањето на социјалдемократите во базата го вклучи алармот во владејачкиот табор, каде што последнава недела главна занимација се „Решенија за Македонија“ и ликот и делото на старо-новиот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски.
Прес-центарот на ВМРО-ДПМНЕ е во постојано заседание, новата програма на СДСМ е предмет на длабински анализи, се копа по минатото на Црвенковски, а се скенираат и биографиите на луѓето од неговото најблиско опкружување. Социјалдемократите, секако, не остануваат должни, така што и Црвенковски во интервју за „Дневник“ почна да потсетува на аферите и на поразите од времето кога сегашниот премиер Никола Груевски беше министер во владата на Љупчо Георгиевски.
Повторното персонализирање на судирот меѓу двете најголеми партии најавува жестока разврска, можеби и пожестока од таа на 15 септември 2002 година, како датум на кој посебно инсистира ВМРО-ДПМНЕ. А, кој содржи и одредена симболика, ако се има предвид дека тогаш ВМРО-ДПМНЕ настапуваше од позиција на власт, а Груевски доживеа пораз од Црвенковски во Првата изборна единица.
Аналитичарот Јован Донев вели дека последните случувања на релација СДСМ - ВМРО-ДПМНЕ се сосема очекувани и дека не станува збор за ништо невообичаено.
„СДСМ одржа конгрес, излезе со програма и тргна во кампања за нејзина промоција, така што можеше да се очекува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори на тоа. Дека ќе се обиде да му парира на СДСМ и да ја блокира кампањата на опозицијата“, вели Донев.
Тој смета дека моментно не станува збор за предизборна кампања, бидејќи во Македонија нема амбиент за предвремени избори, ниту, пак, има потреба за тоа. „Ниту опозицијата ниту власта не сака вонредни избори. ВМРО-ДПМНЕ, всушност, и нема причина за излегување на избори, бидејќи има апсолутно и стабилно мнозинство во парламентот и повеќе од половина мандат пред себе“, објаснува Донев, посочувајќи дека очекува спокоен почеток на есента, барем до средината на октомври, кога ќе се објави извештајот на Европската комисија за Македонија. Тогаш, според нашиот соговорник, би можела малку да се покачи температурата во политичката арена, во зависност од тоа каква ќе биде препораката.
Процените во политичките кругови се дека токму објавувањето на извештајот на ЕК ќе го одреди понатамошниот заплет во односите меѓу главните актери во политиката. Очекуваната препорака за почеток на преговори со ЕУ можеби ќе ги врати изгубените поени во рејтингот на власта и ќе ги зацементира релациите меѓу коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Н��, одлуката на ЕК ќе наметне и нова тактика во опозициското дејствување, во зависност од тоа дали ќе добиеме и датум за почеток на преговорите и како потоа ќе се менаџираат релациите со Грција.
Справувањето со економската криза, пак, е следната тема околу која би се разгорувал судирот меѓу власта и опозицијата. Социјалдемократите се категорични дека Владата не ги санира соодветно последиците од рецесијата, што се' повеќе се чувствуваат.
Политикологот Виктор Георгиески неодамна изјави за „Утрински“ дека секоја влада има свој циклус и дека најавите за консолидирање на опозицијата претставуваат потенцијална опасност за разнишување на позициите на владејачката десница. „Луѓето почнуваат да се заситуваат од власта, особено во ситуација кога таа не продуцира поконкретни резултати на меѓународен план или во сферата на економијата. Тогаш народот станува жеден за нешто ново. И власта станува свесна дека мора да понуди нешто ново - нешто со што повторно би ги поттикнала граѓаните да ја слушнат“. (А.М.М.)
15 septemvri e isto sto i 1 juli, den na lagata. Edno nesto sto trebe da ne raduva e nevidenata PANIKA vo redovite na DPMNE, sto zboruva za svesnosta deka doagja krajot na pljackosuvanjeto na narodot so nevidena propaganda, evtin populizam, omalovazuvanje na narodot i potcenuvanje na inteligencijata na sopstveniot narod. Narodot go kazni SDSM no istoto go ceka i DPMNE.
Од: LONDON
Датум: 19.09.2009 00:52:58
Tie sto nudat ,,resenija'' i ovie novinarcinjata sto sonuvaat za senzacionalna vest od tipot ,,vlasta e vo panika oti B.C. dojde'' se vo golema zabluda.Kolku vreme ke pomine dodeka i ednite i drugite svatat deka narodot im gi nauci site trikovi i iluzionistite od tipot na B.C. so stari finti nema da mozat da go naterat narodot da glasa za niv.Samo konretni ekonomski resenija mozat da ja dobijat narodnata podrska a ne plukanje po veke srabotenoto.Od kade ke se najdat pari za ublazuvanje na ekonomskata kriza,koi sektori ke bidat finansirani i pomognati,koe e konkretnoto resenie za imetoi dali toa direktno ke ni ovozmozi vlez vo NATO i EU ili povtorno ke imame dopolnitelni uslovi???SDS pred izbori vetuvase za 6meseci resavanje na imeto.vlez vo NATO i se vide deka se bilo laga B.C. samo ja sabotirase vladata vo nadvoresnata politika.Sega so svoite ,,resenija'' povtorno vetuva ama nema obrazlozenie.Na opozicijata i treba fakti vo programata i definitivno nov iluzionist !!!
Од: kaktus
Датум: 19.09.2009 01:02:47
Опишаната состојба на зголемена тензија помеѓу двата добро на народот познати и компромитирани табори може да има позитивен резултат само ако доведе до обнова на идејата за нова трета граѓанска опција и до нејзиното остварување. Инаку, или ќе остани Курто или ќе го замени Мурто. Нова реприза на веќе виденото: афери, корупција, криминал и неправди. Третата опција ќе треба да им понуди на граѓаните на прво место еднаквост, владеење на правото и какво-такво корегирање на досега сторените неправди од двата компромитирани табори, во некаков вид на сатисфакција. Не да им ветува економска благосостојба, со продавање на магла, затоа што патот до тоа е долг и макотрпен и за тоа треба да се создадат пазарни услови и позтивна мотивација. Ако се продолжи со пропагандни препукувања, народот само ќе си гледа сеир и нема да има никакво фајде, напротив се повеќе ќе се набива со негативна енергија, со коментирање и ќе осиромашува. Секое зло-за добро. Белки ќе дојде власт каква заслужуваат пристојните
Од: kristo
Датум: 19.09.2009 01:03:09
Е многу се насекирани во ВМРО ДПМНЕ од програмата составена од лица кои досега фаламу на господ не исполниле ништо од тоа што го ветиле. Грешка, БЦ го исполни ветивањето од петнаесетти септември па каде што имаше по двајца вработени од семејство извади по еден па остана по еден вработен од семејство. Треба да се срамат од досегашните празни ветувања а не да мафтаат со некакви програми оти како што рекле старите волкот влакното го менува ама табиетот не го менува.
Од: nacional-patriot
Датум: 19.09.2009 02:02:53
Alarm?Ama ste smesni.Kako moze da predizvika strav partija koja ima rejting 8% i koja za lider go ima pak izblamiraniot Branko.Sekakva programa im e bezkorisna zatoa sto se kriminalci i predavnici.
Од: Trpe od Prilep
Датум: 19.09.2009 02:25:25
Dosta se zanivate so programa na SDSM. Gruevski imas cela vlast raboti ne ne doteruvaj do gola beda. Gladaj samo sto se scuva Albanija podobro se zivee se izednaci poleka stanuva ekonomska sli za nas. Prestani so glupoti te Za Crvenkovski preku spotovi, ne sme na izbori. Ne mora da osvezuvate pamtenjeto na narodot, oti go kazni SDSM sega mozda ke se podbrat. Pasaj te sto vie napravivte i so toa zanimavaj te se. Grujo ne dotera do pitacki stap. Ostavi go SDSM i negovata programa kakoi vasata taa e za graganite. raboti ednas, nema investicii, siromastijata e najgolema vo Evropa. Dosta so parizacija i bidi premier na site gragani ne samo na tvoi polusnicii. Oti na nardot strplenieto mu e se pomalo.
Од: bitolcanec
Датум: 19.09.2009 06:46:41
Abe kakva programa kakvi bakraci,SDSM poleka no sigurno umira kako partija i tuka nemozi nisto da se napravi za da se spreci toa!
Од: trauma i stres vo VMRO-DPMNE od programata na Branko
Датум: 19.09.2009 07:03:22
A sto mislese Grujo deka ke vladee 100 godini??? Do vcera plukaa deka SDSM nemale programa a denes koga ja imaat pak plukaat i treskaat zeleni ne im cinela de. Abe Branko gi pusti 3 godini kako deca da se raduvaat na vlasta ama oni se isfrustriraa pa pocnaa so brojki demek ke vladeele 100 godini!!! Kakvi be 100 godini neka ne treskaat gluposti. Grujo misli deka narodot zaboravi deka on bese 4 godini na vlast vo Ljubcova Vlada i deka bese GLAVEN FINANSIER koj sto site togasni pljacki pominaa niz negovi ruki i plus ni vo taa Vlada NISTO ne napravi pa sega ke mi puistaat 6 minutni gluposti na TV protiv Branko a daj da go potsetime Grujo na prodazbata na OKTA pa na TELEKOM pa na PLATEZNITE KARTICKI i MNOGU drugi.... Najpametno ke mu bide da si ja zatne muckata zosto ako SDSM napravi emisija za greskite na Grujo togas ni Gospod ne go spasuva. Tuku i Grujo i celoto VMRO-DPMNE uplav fatia od vrakanjeto na Branko pa veke ne znaat ni kaj im e gazot ni kaj im e glavata lutaat kako muvi bez glava
Од: Трпе
Датум: 19.09.2009 07:48:47
И од Марс се гледа дека ЕПП владата,ја губи подлогата под нозе.Таа е во паника и во моменти целосно се губи.Задачата на опозицијата е таа да може да ја врати власта на правиот пат .А ако таа не сака нормално доага следното,губење на власта.Комодитетот кој го уживаше власта со нејзините обеќања неможе да бидат вечни.Како што велат некои дека на лагата нозете и се кратки.Или како што милува да каже и самиот мистер Рејтинг,дека шилото влти,влти и излегува на вистинското место.Без коментар,позицијата треба да си ја извршува својата работа за која е одберена а уи опозицијата исто така треба да ја работи својата работа.Најправилно кажано да биде коректор на власта.А народот е тој што треба да каже кој е во право и кој подобро ја извршува својата задаша.Помина времето кога народот го лажеа со реклами и го удира со негов камен по глава.Касата е празна.Само силата ,уцената и заканата,може да и бидат сојузник.Народот бара резултати за подобрување на стандард а не шминки.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 19.09.2009 07:51:17
Алармот е исклучен по изјавата дека нема вонредни избори,така да плавците можат на мир да ја презентираат својата програма и покрај обостраното препишување,што бабами Севда би рекла,,лоши школарци,,да се консолидираат и да кренат во бој за посакуваната власт.За народот,тој е потребен до изборите а потоа во стилот на познатиот дунек од ЛП ,,че видиме,,.Што е важно нема избори,дишете со полни гради,фрлете ги апаурините и лексилиумите,сепак се имало ,,ксмет,,.
Од: Patriot
Датум: 19.09.2009 08:35:05
Ne se zanesuvajte nepotrebno. SDS-BJRM za vlasta momentalno e minorna zakana. So ovie lugje okolu Crvenkovski, pa i so samiot Crvenkovski, duri i bez kampanja narodot ke mu presudi. So poluprepisana i ukradena programa, koja nalikuva samo na spisok na zelbi, SDS-BJRM nema daleku da doturka. Samo predizvikaa potsmev kaj narodot. Toj sto gi napravi site problemi vo drzavata sega doagja kako spasitel. Pateticno i ironicno.
Од: do portokalovite kvazi patrioti
Датум: 19.09.2009 09:30:58
Da ve potsetam posto imate ispran mozok. 1Koj ja prodade Okta i koj nesakase da svedoci za makedonija vo london Grujo od strav da ne gi otvorat arhivite Grcite.Koj kupi 4 stana dodeka ginea nasite braniteli.Koj go prodade telekom i odma gi snema 50 mil.mar.Koj ja unisti so potpisuvane na 2 aranzman tekstilnata industrija i ostavi iljadnici rabotnici na ulica,Koj se slikase so jogurt i ja upropasti svedmilk,cii minister e Manevski so kup aferi no grujo nesmee da go cepne zatoa sto kako presedatel na antikorupciska mu go skri deloto za stanovite,stoe so aferite vo transport i vrski ,vo MVR,MNR cii ministri se tie afera do afera no ima dana za megdana seto ova ke go otvori nekoj pa ke vidite kolku bil cesen vasiot Grujo.Pa togas sigurno ke plukate kako po Ljubco.Imeto pa ke vi go doisperi mozokot i ke go smeni a vie ne ke znaete kako sme se vikale i ke mislite deka novoto ime nie so vekovi tolku vi seci nemozam da vi pomognam
Од: симпатизер на сдсм
Датум: 19.09.2009 10:43:08
Ми се допаѓа тоа што конечно започнаа опозициските активности иако мислам дека тие се слаби но понатаму мислам дека ке се појачаат-впрочем верувам дека е дел од стратегијата.Она што не можам да го сватам е тоа дека во помалите места не се чувствува реформата во СДСМ и е воопшто не забележителна ЗАТОА врвот малку да се позанимава и со о��ие гранки кои се составен дел на базата а најбитно е по слободен избор од веќе евидентираните СДСМ-членови да анкетира некои без да знаат О.К-тети и видат што се случува -верувам дека ќе видите неправилности кои се многу битни за успех на наред.избори и во контакт со граѓаните да бидат културни и со предлог идеи а не кога ке се вратиме на власт ке _ _ го _ _ _ _ мамето-многу невкусно и не доловува нови моменти кај СДСМ а доколку некој погрешил секако дека треба да си одговара пред надлежните институции.Поздрав до претседателот Бранко Црвенковски имајте го впредвид и ова.
Од: ano
Датум: 19.09.2009 10:58:11
Ajde Brane pokazi mu uste ednas sto e lider i liderstvo. Pokazi mu na ovie decata kako treba da dejstvuva eden LIDER.
Gospoda od DPMNE edinstven vistinski profil na politicar ima samo Crvenkvoski, pa i normalno e decata od gradinakata #Gruevski# da se vo panika.
Од: toni svedska
Датум: 19.09.2009 11:59:29
ha ha ha najsmesno nesto sto sum cul poslednive godini,sds programa ha ha ha ,kakva uste nekoi milioneri da naprajte da zatvorite uste fabriki atentati ..................................
Од: ne me gledaj so praam slusi me so zboruvam
Датум: 19.09.2009 12:09:22
pozdrav do site onie komentatori koi na ziveat vo MK a sakaat da komentiraat vaka ili onaka.Tie golemite patrioti kojznae od kade neka dojdta neka ziveat vo MK i neka togas go velicat firerceto grujo i kompanija.Lesno e be brat ti tropka dzepceto pa oti Grujo bil desnicar i demek se grizel mnogu za nasite nac. ineresi i samo toa si zaete .Prasajte gi mlekarite,farmerite ......zemjocelcite... site onie luge sto tropnale na bilo koja vrat a od
nasiot zdrasvten siste.....eeebrat tie ne mislat taka .Mozebi i Branko ne e najsreknoto resenie ama vaka veke nemoze.
Од: od SDSM Strumica
Датум: 19.09.2009 13:11:14
I treba G(r)ujo i dpmne da se vo panika, ova sto mu go napravija na nasiot napaten mekedonski narod, ce mu se udri od glava. SDSM so novata programa pokaza deka e spremen da ja spasi Makedonija.
Од: Програмата на СДСМ го вклучи алармот во ВМРО-ДПМНЕ
Датум: 19.09.2009 13:35:00
Страв, паника,алрми и сл. сето тоа е непотребно ако се има толку голем рејтинг??? Оставете ги СДСМ нека нудат а вие од ДПМНЕ остварувајте и не ги трошете нашите пари за кампањи на телевизија и подметнување летоци па нели сте на власт. Народот сам ќе каже......
Од: zlatko- germanija
Датум: 19.09.2009 14:00:38
Sudir na dve golemi partii vo Makedonija..A ,,,ve molam kako,koj ,jas ne gledam dve golemi partii tuku edna pregolema i edna raspadnata partija, vie razberete kako sakate...Pozz od Germanija. Ne zaboravete i diasporata ima pravo na glas ,se znae za koj glasame neli,,Gordo Makedonija
Од: zabegan.
Датум: 19.09.2009 14:13:42
Хари-што политички ги казни НАРОДОТ овие АПАШИ треба да им се одземе се и право во идризово,да одлежат по 101 год.
Од: Cvetan
Датум: 19.09.2009 16:31:48
Sdsm mora pak da zazivee zatoa najdobro branko da pocne da gi skrotuva stedacite od bitola od poranesnata tat afera pa navamu inace nisto
Од: mirce
Датум: 20.09.2009 09:04:11
Vmrovci, dojde Branko a?
Од: don kihot
Датум: 20.09.2009 11:43:24
Kako nepartiski posmatrac na politickata slika vo
RM, osvrt napraviv na novata programa na SDSM, ja procitav i ne sum oduseven od nea, se e napraveno kako vo edna partiska kampanja i e daleku od edna seriozna programa potkrepena so fakti, za se ona sto se vetuva vo nejze, znaci programata se sveduva samo na vetuvanja a kako ke se ostvarat tie vetuvanja ne e soodvetno potkrepeno so konkretni idei.Otuka se gleda nedostatokot na kapacitet na dvete vodecki Partii vo Makedonija i ja otslikuvaat segasnata realna sostojba.Nisto konkretno za cistka vo administrativniot obemen drzaven aparat, koj go cica bugetot , a za vozvrat ne si ja vrsi rabotata kako treba.Vo ekonomskiot del e isto taka se povrsno e napraveno, nema soodvetni programi za podrska na biznis sektorot, svez kapital so povolni krediti, i olesnuvanja vo administrativnite postapki.