Брoj 2793  понеделник, 22 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Словенците гласаат на парламентарните избори

ЉУБЉАНА - Словенците вчера гласаа за нова влада, со надеж дека ќе го задржат просперитетот што го постигна оваа мала алпска држава по стекнувањето независност од поранешна Југославија во 1991 година. Повеќето анкети покажуваат дека владејачката конзервативна Словенечка демократска партија (СДП) на премиерот Јанез Јанша би можела да ја задржи популарноста и да добие уште еден четиригодишен мандат. Сепак, неодамнешните анкети покажаа дека опозициската централнолевичарска Социјалдемократска партија и нејзините сојузници, кои ветуваат подобра благосостојба за двата милиона жители на земјата, би можеле заедно да добијат повеќе места во парламентот отколку СДП и нејзините партнери.

Одѕивот во девет часот изнесуваше 17,8 отсто, а банкарскиот менаџер Јанез Сршен (48) беше меѓу првите кои излегоа на гласање и покрај студеното и облачно време во Љубљана. „Денес сум тука, бидејќи сакам владата да добие уште четири години за да заврши некои задачи кои не успеа да ги заврши во првиот мандат“, рече тој откако го даде својот глас.

Приоритет на новата влада ќе биде да се стави линија на севкупните трошоци и да се спречи висока инфлација, а во исто време да се задржи економијата на патот на брзиот пораст и покрај глобалното финансиско забавување. Двата табора ветија поголема либерализација на пазарот што ќе помогне да се постигне таа цел и ветија постепено продавање на доминантните фирми во сопственост на државата во финансискиот и енергетскиот сектор.

Аналитичарите очекуваат висок степен политички континуитет без оглед на исходот, но предупредуваат дека на секоја партија ќе и' бидат потребни партнери во новата влада, а коалициските разговори би можеле да траат со недели или месеци. „Работите треба да се сменат. Луѓето во Словенија не можат да живеат веќе вака. Инфлацијата е неверојатно висока, а просечните плати се едвај доволни за луѓето да преживеат. Потребна ни е влада чија преокупација ќе бидат малите луѓе“, рече Матијаж Габриелчич (35), дилер на автомобили. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 63 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Во бомбашки напад во Пакистан загинаа 53 лица, меѓу кои и чешкиот амбасадор
Олмерт и формално поднесе оставка на функцијата премиер
Грција е училиште за скандали
Смртта на француските војници во Авганистан
Од поплавите 33 загинати, 200.000 раселени
Во пожар во ноќен клуб загинаа 43 лица
Путин прави „дупки“ во американската изолација
Москва сама ќе решава колку војници ќе распореди во Ј. Осетија