Брoj 2793  понеделник, 22 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Од поплавите 33 загинати, 200.000 раселени

БХУБАНЕСВАР - Спасувачките екипи евакуираа околу 200.000 луѓе по поплавите на една од најголемите реки во Индија, од кои 16 лица загинаа во текот на викендот, додека надојдените реки поплавија делови од Непал и однесоа 17 животи, јавија вчера официјални претставници. Големи делови од крајбрежната држава Ориса во Индија се поплавени, а властите беа принудени да отворат десетици одводи на брана на реката Маханади по поројните дождови во таа област. Монсунските дождови и поплавените реки предизвикаа огромни штети во јужна Азија оваа година, при што загинаа над 1.200 луѓе, главно во Индија и Непал.

„Најмалку 200.000 луѓе се евакуирани од нивните домови и преместени на побезбедни места“, рече Г.В. Венугопала Сарма, претставник за приходи во Ориса. Тој рече дека уште повеќе луѓе се евакуираат. Телевизиските станици прикажаа снимки како луѓето бегаат од поплавите со се' што можат да понесат. Некои се засолнуваат на патиштата и во училишните згради. (Ројтерс)

 


Статијата е прочитана 57 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Во бомбашки напад во Пакистан загинаа 53 лица, меѓу кои и чешкиот амбасадор
Олмерт и формално поднесе оставка на функцијата премиер
Грција е училиште за скандали
Смртта на француските војници во Авганистан
Во пожар во ноќен клуб загинаа 43 лица
Словенците гласаат на парламентарните избори
Путин прави „дупки“ во американската изолација
Москва сама ќе решава колку војници ќе распореди во Ј. Осетија