Брoj 2793  понеделник, 22 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Во пожар во ноќен клуб загинаа 43 лица

ПЕКИНГ - Во пожар во ноќен клуб во јужниот кинески град Шенжен загинаа најмалку 43 лица, а 88 се повредени. Пожарот избувна во саботата во 23 часот во клубот „Денс кинг“ во квартот Лонг Ганг во Шенжен, во близина на границата со Хонгконг. Во тоа време во клубот имало речиси 1.000 луѓе. Пожарот сега е локализиран, а противпожарните служби се сомневаат дека бил предизвикан од огномет на сцената на ноќниот клуб. Шефот на провинцијата Гуангдонг, Ванг Јанг, нареди да се спроведе истрага за причините на пожарот.

Според некои новинари во Шенжен, клубот се наоѓал во трикатна зграда и пожарникарите морале да кршат прозорци при спасувањето, додека други биле блокирани од цигли или дрвени штици. „Имаше само тесен премин во холот. Многу луѓе беа повредени во стампедо“, рече Јанг Жи, вработен во клубот, јавува новинската агенција Ксинхуа. Тој побегнал откако се натопил со вода, но сепак има изгореници на вратот, јави агенцијата.

Големи пожари се честа појава во Кина, каде што безбедносните регулативи често пати не се почитуваат, јавуваат дописниците. (Би-Би-Си)

 


Статијата е прочитана 130 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Во бомбашки напад во Пакистан загинаа 53 лица, меѓу кои и чешкиот амбасадор
Олмерт и формално поднесе оставка на функцијата премиер
Грција е училиште за скандали
Смртта на француските војници во Авганистан
Од поплавите 33 загинати, 200.000 раселени
Словенците гласаат на парламентарните избори
Путин прави „дупки“ во американската изолација
Москва сама ќе решава колку војници ќе распореди во Ј. Осетија