Брoj 2793  понеделник, 22 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Путин прави „дупки“ во американската изолација

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ

МОСКВА - Русија и Франција се договорија да ја прошират соработката во космичката сфера, па ќе почнат да работат на проект за изградба на нов заеднички вселенски брод за повеќекратна употреба. Покрај тоа, ќе соработуваат за користење на руските ракети „сојуз“. Премиерот на Русија, Владимир Путин, изјави на економскиот форум во Сочи дека договорот за космичка соработка е постигнат во преговорите со францускиот премиер Франсоа Фиом кој, исто така, престојуваше на големиот собир на бизнисмените на југот на Русија.

Таа вест е двојно интересна не само за Русија и за Франција туку и многу пошироко. Пред се', договорот меѓу Французите и Русите е постигнат веднаш по повикот на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, која во говорот во Њујорк, во Маршаловиот фонд, побара Запад да ја казни Русија така што ќе и' воведе економска блокада. Америка веќе ја тргна од дневен ред соработката во атомската енергетика. Второ, договорот во Сочи потврдува дека бизнисот има своја логика и дека „рецептурите од студената војна“ веќе не важат. Русија денес одлично плаќа, па според тоа е економски партнер од кој големите западни компании тешко може да се откажат.

Путин изјави дека Русија одамна ги изучува можностите за користење на космодромот „Куру“ и дека таму веќе работат 250 руски специјалисти. Од соработката со Русија во вселенските технологии Франција може само да има полза, бидејќи Русите имаат огромно искуство и традиција. Путин им посочи на бизнисмените од Франција дека Русија нема намера да се откаже од влезот во Светската трговска организација, а особено дека е подготвена да го рашири економскиот дијалог со Европа.

Русија и понатаму ќе ја шири енергетската соработка со Франција, и тоа за Москва ќе биде еден од приоритетите. „Сакаме да соработуваме со Франција не само околу нафтата и гасот туку и во атомската енергетика“, истакна Путин. Русија и Франција имаат намера да ја прошират соработката во авиоиндустријата, транспортната инфраструктура, машиноградбата, хемијата, но и во културата и образованието. Обемот на трговска размена меѓу Русија и Франција минатата година изнесуваше 16,4 милијарди долари. Во последните пет години трговската размена на тие две земји е зголемена на 2,8 пати.

Интересно е дека францускиот премиер Фиом на почетокот на преговорите во Сочи му ги пренесе на Путин „поздравите и изразите на пријателство“ од премиерот на Италија, што на некој начин е сигнал дека ниту таа земја нема намера да тргнува во економска блокада на Русија, бидејќи тоа обострано би било штетно за бизнисот.

Во последниот месец популарноста на рускиот политички тандем претседателот Медведев и премиерот Путин во Русија е значително зголемена. Се чини дека се' почестите критики од Запад имаат контраефект во руската јавност, па полемиката на главниот политички тандем со раководството на Америка само им го зголемува рејтингот на Медведев и на Путин.


Статијата е прочитана 839 пати.

Испрати коментар

Од: jk
Датум: 22.09.2008 20:42:01
Pa Rusija ne se naogja vo karipsko more na pedesetina kilometri od Majami, heee

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Во бомбашки напад во Пакистан загинаа 53 лица, меѓу кои и чешкиот амбасадор
Олмерт и формално поднесе оставка на функцијата премиер
Грција е училиште за скандали
Смртта на француските војници во Авганистан
Од поплавите 33 загинати, 200.000 раселени
Во пожар во ноќен клуб загинаа 43 лица
Словенците гласаат на парламентарните избори
Москва сама ќе решава колку војници ќе распореди во Ј. Осетија