Брoj 2793  понеделник, 22 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Смртта на француските војници во Авганистан

Во саботата неколку илјади лица дефилираа во Париз и во Лион против присуството на француските војници во Авганистан

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски


Нанси - Во саботата неколку илјади лица дефилираа во Париз и во Лион против присуството на француските војници во Авганистан. Имено, денес Француското национално собрание ќе дебатира за француското воено присуство во Авганистан, по што ќе следува и гласање. Според анкетата на БВА, 62 отсто од испитаниците се против француското воено присуство во Авганистан. На крајот од дебатата, која сега е задолжителна по новите уставни промени, нема да има некое изненадување, мнозинството од парламентарците ќе гласаат за воено присуство. Владата и премиерот Фијон ќе го бранат принципот дека треба да продолжи военото присуство за да се помогне во реконструкцијата на земјата и потребата за „борба против тероризмот“. Но, и во мнозинството, кај пратениците од десницата, има многу прашања за избраната стратегија на НАТО во Авганистан.

Многу парламентарци стравуваат дека француските војници ќе се најдат во ситуација слична на таа во Виетнам или Алжир, но тие се свесни дека сега е предоцна да се повлечат војниците од Авганистан. Најверојатно парламентарците од мнозинството и опозицијата ќе побараат од претседателот Никола Саркози да отвори дебата за подобра прераспределба на одговорностите меѓу сојузниците, со утврдување рокови и релансирање на политичкиот дијалог во Авганистан. Од друга страна, на француските војници во Авганистан се вели дека треба да им се дадат доволно средства адаптирани на нивната тешка воена мисија која, како што признаваат и самите, се разликува многу од мировните мисии во Босна, Косово и во Македонија.

Противењето за француското присуство во Авганистан го засили убиството на десетмина француски војници од заседа на 18 август таму. За смртта на војниците неодамна беше изготвен и извештај на НАТО, објавен од канадскиот весник „Глоуб енд мејл“. Според пишувањето на весникот, пренесен од сите француски медиуми, десеттемина француски војници кои загинаа во заседата немале доволно муниција, ниту опрема за комуникација. Кога им снемало муниција, француските војници ја напуштиле борбата по само еден и пол час, неутрализирањето на нивното единствено радио ги попречило да повикаат помош, оставајќи ги во неизвесност долго време пред да дојде засилувањето. Повеќемина француски војници загинале во борба одблиску, што ја акредитира тезата за доцнење на засилувањето. По пишувањето на повеќе француски весници, Министерството за одбрана мораше да признае дека еден од војниците не бил убиен со прострелна рана, туку бил заклан. Според извештајот што се цитира од медиумите, четворица од француските војници паднале живи во р��цете на Талибанците.

Од другата страна, Талибанците, кои се' почесто се нарекуваат бунтовници, биле крајно добро подготвени за нападот, придружувани од елитни стрелци, обучени за герилска војна и опремени со запаливи куршуми. Според извештајот на НАТО, „прецизноста на непријателот била многу добра“. Од повеќе извори, меѓу кои и француски, но се' уште непотврдени, се вели дека меѓу Талибанците немало само Авганистанци туку имало и борци од други земји, меѓу кои и Пакистанци. Тоа, според канадскиот генерал Ришар Бланшет, појаснува зошто Талибанците располагале со софистицирана опрема и можеби со надворешни врски.

Француското Министерство за одбрана веднаш побрза да ги демантира овие информации, слично како и при првите пишувања дека еден од војниците не загинал од куршум.

Армијата и Министерството за одбрана, кои водат истрага за трагичната заседа, не открија многу детали за заседата. На 4 септември „Пари мач“ објави репортажа со фотографии од Талибанците кои ја поставија заседата, а еден од нив беше облечен во француска униформа (купена на пазар) и со француско оружје, шлем и заштитна маска, кои им биле одземени на убиените војници. Тие испратија закана до сите француски војници дека ќе бидат убиени на ист начин ако не се повлечат од Авганистан. Во знак на добра волја, тие на француските новинари им го вратиле рачниот часовник на еден од загинатите војници за да му биде вратен на неговото семејство.

 


Статијата е прочитана 374 пати.

Испрати коментар

Од: sreki
Датум: 22.09.2008 02:53:04
Pari Mach objavi i izjava na roditelite deka uniformite se original,no nikade ne objavi za 63 zeni i deca zaginati od eden edinstven napad na NATO!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Во бомбашки напад во Пакистан загинаа 53 лица, меѓу кои и чешкиот амбасадор
Олмерт и формално поднесе оставка на функцијата премиер
Грција е училиште за скандали
Од поплавите 33 загинати, 200.000 раселени
Во пожар во ноќен клуб загинаа 43 лица
Словенците гласаат на парламентарните избори
Путин прави „дупки“ во американската изолација
Москва сама ќе решава колку војници ќе распореди во Ј. Осетија