По иницијатива на „Транспарентност - нулта корупција“, 18 невладини организации основаа коалиција „Македонија - нулта корупција“. Основачкиот состанок беше одржан завчера, а во коалицијата членуваат НВО кои се занимаваат со унапредување на демократските процеси во земјата. Коалицијата има цел да се зајакнат капацитетите на антикорупциското дејствување. Приоритетни задачи на граѓанскиот сектор ќе бидат превентива и борбата против корупцијата, развивање на системот на добро владеење на локално ниво, создавање поволен амбиент за економски развој и странски инвестиции. (К.Ч.)