Брoj 2781  сабота, 06 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Црвенковски: Имавме неуспешна година за евроинтеграциите

Иван Бојаџиски

КОЧАНИ - „Оцените од Брисел дека Македонија има напредок во евроинтегрирањето, ама недоволен, кај нас различно се толкуваат. Зависи дали доаѓаат од власта или од опозицијата. Тоа е погрешно гледање на работите. За Македонија е битно дали во извештајот на Европската комисија ќе има или ќе нема препораки за почеток на преговори со ЕУ. Како што стојат работите сега, ние не добивме гаранција дека таква препорака ќе има. Ако се случи тоа, можеме слободно да кажеме дека оваа година е неуспешна за евроинтеграциите“.

Ова, за време на својата вчерашна посета на Кочани го изјави претседателот Бранко Црвенковски. Околу најавеното визно олеснување за нашите граѓани, претседателот Црвенковски со став дека тоа ќе го добијат и други држави од Балканот.

„Преговори за либерализација на визниот режим водат и Србија, БиХ. За нас клучно прашање е дали и кога ќе добиеме датум за преговори со ЕУ“, потенцира Црвенковски.

Претседателот одби да коментира прашања кои се дел од политичката агенда на партиите, за расколот во ДПА и за изборот на Зоран Заев за в.д.претседател на СДСМ.

Во однос на предлогот на ДПА Собранието на Македонија ургентно да го признае Косово, Црвенковски рече дека не постои прашање за кое парламентот не може да решава. „Според Уставот, признавањето на други држави и воспоставувањето на дипломатски односи со нив е во надлежност на Владата. Јас се надевам дека Владата, во градењето на својот став кон евентуалното прогласување на независноста на Косово, ќе се води, пред се', од интересите на нашата земја,од обврските што ги има Република Македонија како земја-кандидат за ЕУ и НАТО и од не помалку битните отворени прашања помеѓу Скопје и Приштина. Во оваа прилика ќе спомнам само две. Прво, целосна навремена и објективна демаркација на границата и, второ, ставот на Приштина сега и во иднина во однос на користењето на нашето уставно име“, потенцира Црвенковски.

Шефот на државата најави дека многу бргу ќе излезе со свој предлог за пополнување на двете места за судии во Уставниот суд на Македонија.

„И претходно соопштив дека тоа ќе го направам веднаш откако опозицијата ќе се врати во парламентот. Има најави дека и ДПА наскоро ќе го направи тоа. Јас сум подготвен во истиот момент кога парламентот ќе биде во полн состав, да ги дадам моите предлози“, беше дециден Црвенковски.

Претседателот ја пофали локалната кочанска самоуправа, со чие раководство водеше разговори за состојбите во општината за остварените резултати. Тој ги посети и фирмите „Делта холдинг“ и „Ледер“ кои се меѓу најуспешните претставници на кочанското стопанство. Црвенковски имаше и средба со граѓаните на Кочани во преполната сала на мултикултурниот центар.

 


Статијата е прочитана 508 пати.

Испрати коментар

Од: dragan
Датум: 06.09.2008 06:24:33
E gospodine branko , ne znam od kade ti toa vo glava da kazuvash takvi raboti , ocigledno e deka ne i mislish na Makedonija dobro. Pogledni se sebesei vo poslednite godini koga beshe na vlast sto napravi , dali nesto voopsto pridonese za Makedonija ... razmisli dobro . Sega patrijata sto ti tone e rezultat na dolgogodishnite plodovi sto gi sadeshe pozadi tebe.
Од: biser
Датум: 06.09.2008 10:42:10
da navistina cudna plata za precedatel osobeno koga ]e se zeme vo obzir deka vo makedonija ima cudaci sto imaat i po 4 milioni evra ,no nema prostor za cudewe taka e realno zatoa sto luge rabotaat vo ovaa drzava za sumi sto se trosat vo samo 1 den ili edemn rucek od nekogo i se davat vo krediti ,se borat da gi skoluvaat decata , ne mozat da stiknat da go spastrat domot,sekogas si legnuva so ogromna zgrizenost kako ke go pomine zivotot a za odmor teoredski sansi nema zaboraveno ,a zivotot e samo eden neli...........

Најди! во Утрински
Барај со НА��У
Политика
Македонија бара датум и без решение за името
Шекеринска заминува од врвот на СДСМ, но останува во политиката
Кај истражните судии стигнаа сите анализи за случајот „Танески“
Рестрикцијата во Тетово приспособена на рамазанскиот пост
Основана коалиција за Македонија без корупција
Месиќ има најголема, а Црвенковски најмала плата
Владата и медиумите да информираат за климатските промени
Груевски се сретна со Иглбергер

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.