Загреб – Хрватскиот претседател Стјепан Месиќ прима највисока претседателска плата на Балканот, а македонскиот претседател Бранко Црвенковски е со најмали примања.
Ова го покажува истражувањето на Balkan Insight, според кое Месиќ прима 3.600 евра месечно, додека Црвенковски има плата околу 1.200 евра.
Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу со месечни примања од 3.400 евра е на второ место, иако БДП на Косово е најмал во регионот. Пред покачувањето на платата, како што информираат од кабинетот на Сејдиу, косовскиот претседател примал „само“ 2.612 евра. Просечната плата во земјата е околу 200 евра.
Од другите држави, албанскиот претседател Бамир Топи прима 2.100 евра, додека неговиот српски колега Борис Тадиќ има плата од 1.900 евра. Покрај Црвенковски, во групата послабо платени претседатели е и црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, со плата од 1.300 евра.
Романскиот претседател Трајан Басеску, според истражувањето, ја држи златната средина, со плата од 2.500 евра. (Макфакс)
Predlog do vladata da se zgolemi platata na pretsedatelot do 2000 evra,ova e bruka za drzavata vaka!Istoto go predlagam i za funkcijata premier!
��д: dedo dimo
Датум: 06.09.2008 11:09:49
Nasive predsedateli ni toa shto go imaat ne zasluzuvaat i nasite parlametarci .Makedonija ima sosema mal napredok i ako ima a pogledajte na Hrvatska .Nashive politichari se kako luge propadnati vo bunar isamo ugore gledaat a neznaat kako da izlezat . Nemame napredok , a tie shto se vo parlamentot go gledaat interesot svoj ,koj go shisha makedonskiot narod i MAKEDONIJA . So eden zbor recheno ili tolku ne znaat ili se kriminalci site .
Од: buco defense
Датум: 06.09.2008 14:15:08
na branko i 1200denari mu se mnogu:)))
Од: ljupco,bitola
Датум: 07.09.2008 21:34:58
I taa sto ja zema mu e mnogu.
Za funkcijata sto ja obavuva treba od doma pari da donesi