Премиерот Никола Груевски четири дена беше на конвенцијата на Републиканската партија на САД која се одржува во Сент Пол, Минесота, а на која се промовираа кандидатите на конзервативците за претседател и потпретседател, Џон Мекејн и Сара Пејлин.
Од Владата информираат дека таму Груевски се сретнал со конгресмени, сенатори и претставници на бизнис заедницата, меѓу кои и со поранешниот државен секретар на САД, Лоренс Иглбергер, долгогодишен соработник на Џон Мекејн и виден член на Републиканската партија. Премиерот се сретнал и со конгресменот Дејвид Драер, со Џон Брутон, поранешен премиер на Република Ирска и сегашен амбасадор на Европската унија во Вашингтон, Антонио Лопез Истуриц, генерален секретар на Европската народна партија, Ерик Моен, генерален секретар на Меѓународната демократска унија, глобална организација на партиите од десниот центар чии членки се околу 80 партии од светот, а учествувал и на тркалезната маса на тема „Национална безбедност во глобалната ера“.
Eeee site najgolemite americki vesnici i televizii,zamislite, i to na prvite stranici ,,objavia" HA HA HA HA !deka Gruevski e vo Amerika. GRUJEVSKI MAKEDONSKITE ,,JAJCA" GI STAVI VO EDNO KROSNICE. pgolema diplomatska glupost nemam cueno i videno..