Брoj 2781  сабота, 06 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Кај истражните судии стигнаа сите анализи за случајот „Танески“

Судот го доби графолошкото вештачење на
писмата пронајдени кај Владо Танески

Гојко Ефтоски
Киро Кипроски



ТЕТОВО/ГОСТИВАР – Форензичарите во МВР ги завршија дополнителните анализи кои беа побарани од судот во Тетово за расветлување на смртта на кичевскиот новинар Владо Танески, кој беше пронајден мртов во тетовскиот затвор. Дополнителните наоди од графолошкото вештачење на прошталните писма, кои беа пронајдени под перницата на затворскиот кревет и во џебот од панталоните на Танески, како и испитувањата на примероците од ткиво земени од под ноктите на тројцата затвореници кои беа во истата ќелија со него, вчера пристигнаа во Основното јавно обвинителство во Тетово.

Наодите за расветлување на смртта на Танески, кој беше осомничен за убиството на кичевката Живана Темелковска, како што информираат во тетовскиот суд, биле изработени во форензичната лабораторија на МВР. Според тетовскиот јавен обвинител Љупчо Симоски, пристигнатите резултати од дополнителните вештачења допрва ќе се анализираат и ќе се врши споредба со доказите. Во интерес на истрагата, засега не се соопштува што содржат, но останува отворено и прашањето дали за расветлување на смртта на новинарот ќе се бараат и нови дополнителни докази.

Како што објаснуваат во судот, со графолошкото вештачење е вршена проверка на автентичноста на ракописот на Владо Танески со прошталното писмо, кое иследните органи го пронашле под перницата на креветот. Другиот наод, пак, ги содржи резултатите од ДНК-анализата на земените примероци од под ноктите на тројцата притвореници кои биле во ќелијата на Танески.

Во меѓувреме, од Јавното обвинителство во Гостивар најавуваат дека по добивањето на предметот од гостиварскиот истражен судија, кој ќе ги извести дека осомничениот е починат, во законски предвидениот рок од 15 дена, ќе биде донесена одлука за запирање на постапката и предметот ќе биде затворен. Извештајот со ДНК-анализата на биолошките материјали на Танески што го изработи Институтот за судска медицина во Скопје, идната недела ќе биде преземен од страна на гостиварскиот суд.

Кристе Николовски, претседателот на судот, вели дека во текот на истрагата Институтот за судска медицина го повлекол првичниот краток извештај за ДНК-анализата на Танески, по што бил изготвен опширен извештај за направеното вештачење.

Гостиварското јавно обвинителство донесе одлука да се спроведе истражна постапка против кичевскиот новинар Владо Танески, врз база на поднесената кривична пријава на МВР на 21 јуни годинава, поради сомневање дека ја убил Митра Силјановска (61), која беше пронајдена во јануари 2005 година кај недозиградената сала во Кичево. Но, сам�� што започна истражната постапка, новинарот беше пронајден мртов во тетовскиот затвор.

„Истражниот судија на Основниот суд Гостивар водеше истражна постапка, која се' уште е во тек“, вели Хабиљ Илјази, јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Гостивар. На прашањето како семејството на осомничениот ќе ја тргне дамката ако нивниот сопруг, брат и родител не е убиец, Илјази вели дека неговото семејство може да поведе постапка преку јавното обвинителство за докажување на вистината. Исто така, приватна постапка може да поведе и семејството на убиената Живана Темелкоска, за која беше осомничен новинарот Танески.





 


Статијата е прочитана 580 пати.

Испрати коментар

Од: Никола
Датум: 06.09.2008 00:46:30
А зошто форензичката лабораторија при МВР ја врши истрагата за смртта на ноинарот, а не, на пример, Институтот за судска медицина или некоја друга соодветна институција? Што ако полицаец го убил новинарот? Се претпоставува дека МВР ќе го заштити полицаецот, нели?

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Македонија бара датум и без решение за името
Шекеринска заминува од врвот на СДСМ, но останува во политиката
Рестрикцијата во Тетово приспособена на рамазанскиот пост
Основана коалиција за Македонија без корупција
Месиќ има најголема, а Црвенковски најмала плата
Владата и медиумите да информираат за климатските промени
Црвенковски
Груевски се сретна со Иглбергер

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.