Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter

Кристина Агилера

Се враќа како секси ѓаволка

Новиот футуристички албум „Bionic“ на атрактивната пејачка ќе се најде во продажба на 8 јуни

Откако го роди синот Макс и се посвети на семејниот живот со сопругот Џордан Брајтман, четири години по издавањето на последниот студиски албум „Back to basics“, популарната пејачка реши дека е време да му се врати на шоу-бизнисот.

Кристина Агилера се враќа на сцената во едно сосема поинакво издание, во футуристички стил, а првиот сингл од новиот албум „Bionic“, што ќе излезе на 8 јуни, го носи насловот „Not Myself Tonight“. Промотивните фотографии на кои се појавува во лакирани жешки панталончиња и иста таква деколтирана маичка, со доцртани ѓаволски рогови и опашка, ја најавуваат пејачката како секси ѓаволка, а песната звучи футуристички онака како што Агилера и го најави новиот албум. Стилот е поврзан со електрозвуци кои звучат напредно и најавуваат нешто што ќе се слуша во иднина. Патем, само за неколку часа од првото поставување на најавниот сингл на „Јутјуб“, го погледнале над 50.000 фанови.

Албумот „Bionic“ пејачката го подготвува повеќе од две години, а првиот сингл „Keeps getting better“ од 2008 година, кој беше нејзин обид за враќање во врвот на светската музичка сцена, беше промашување на топ-листите, песната не им се допадна ниту на критичарите ниту на публиката, па Агилера сега се одлучи малку да го промени звукот. Новиот албум е нејзино четврто студиско издание.

Во меѓувреме, Агилера го заврши и снимањето на филмот „Burlesque“, во кој игра заедно со Шер. Филмот зборува за една талентирана пејачка, која се обидува да успее во голем град, а критиките што стасаа уште за време на снимањето го оценија филмот како досадна и веќе видена приказна. „Шер ми пријде со отворени раце, а тоа многу ми значеше. Ми беше менторка, се согласувавме толку добро како да сме стари пријателки. Ја обожавам“, изјави Агилера.

Таа призна дека со танцувањето во сцените од филмот ги загубила и оние малку преостанати килограми од бременоста. „Имав чувство како да играм првпат, а тоа го правам од својата шеста година“, додаде тазе актерката, која паралелно работеше и на новиот повратнички албум. На него ќе може да се слушне сосема спротивен звук од оној што го слушнавме на ретроинспирираниот „Back to Basics“ од 2006 година. Овој пат е футуристички ориентирана, а причината за промената Агилера ја гледа во синот Макс, кој ја инспирирал на сосема поинаков звук. „Поминав низ многу тежок период, а свесна сум дека првиот сингл ’Keeps getting better‘ беше лош зашто беше толку обичен и очекуван. Затоа решив се' да променам и новиот албум да биде футуристички, а главен виновник за тоа е мојот син“, додаде Агилера, велејќи дека мајчинството на неа влијае само креативно и дека обожавателите не треба да се грижат зашто останува онаа старата. „На сцена може да очекуваат само уште една попровокативна Кристина“. (К.Ш.)


#
Статијата е прочитана 980 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Нимиц го подготвува предлогот
Здрнко
Болните како маратонци
Урбана утопија што функционира
По Тито, Груевски
Спиел со 120 жени за време на бракот
ВМРО-ДПМНЕ - партија на големи прослави
Полицијата нападната на Скопска Црна Гора
Газиместан на скопскиот плоштад
Интер го урна митот за совршената Барса
Пет години „Авон“ во Македонија
Грчката криза ќе не' чини 100 милиони евра
Чизми за разлика во ставови
Поглед во празно
Лажниот идол - Златното теле
Изборен гаф на Гордон Браун
Пад на политичка Европа
Неплатената фирмарина повторно ќе ги блокира сметките
Диџеј Шорти П и Панчо од ДНК не се ривали
Од вителот на шоу-бизнисот до тишината на Тоскана
Вечниот бунтовник, конечно, се смири
Ишарет кон исток