Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter

Поглед

Болните како маратонци

Јасмина Јовановска

Во аптеките нема лек ни за лек. Криза како никогаш досега. Идилата да се најде лек до крајот на месецот што траеше околу две години заврши. Ја расипа Фондот за здравствено осигурување. Се реши на аптеките да им подели пари за лекови на потранспарентен начин и ја оплеска. Место пополни аптеки и подостапни лекови, формулата за пореална распределба на парите за лекови ги испразни аптеките уште во почеток на месецот, а пациентите ги направи маратонци.

Но, колку и да шетаат по аптеките, попусто е, нема лекови. Па, пациентите или мора да си ги купат лековите или, пак, од Скопје да тркнат до Виница, Берово, каде што останало уште понекој лек. Барем така велат во Фондот. Фондот се правда пред пациентите дека парите за лекови не се намалени. Ако не се скратени, тогаш прашање е каде се парите. Оправдувањето дека се исти парите, но дека има повеќе аптеки каде што се издаваат лекови - не држи. Зошто не може да се пројдат дваесет аптеките и во ниту една да нема каков било лек на товар на државата. Неприфатливо е и образложението дека парите на аптеките се скратени за сумата за скапи лекови и ќе ги добијат дополнително кога и тие пари не се поделени.

Колку Фондот се обидува да ја скрие вистината, толку се заплеткува, како што беше со сумата за скапи лекови која од 5 милиони вера се стопи на 1,6 милиони евра.

Затоа, Фондот треба да престане да ја манипулира јавноста дека има пари, кога е факт дека во аптеките нема лекови. Зошто, ако има пари во здравствената каса, а е направена грешка во прераспределбата на парите, таа може да се исправи веднаш, а не да се чека да помине цел месец, па дури тогаш Фондот да го решава проблемот со дефицитот на лекови. Или Фондот сака да добие во време за да измисли уште некое оправдување дека нема пари.


#
Статијата е прочитана 1201 пати.

Испрати коментар

Од: maratonci
Датум: 30.04.2010 00:27:34
Maratoncite go trcaat posledniot krug. A mozebi toa e i celta, sto povekje bolni da go trcaat svojot posleden krug, taka ne ke mora da se prodolzuva starosnata granica za penzioniranje za da se relaksira praznata kasa na PIOM. Lugjeto ke si umiraat i pred da docekaat penzija.
Од: Silvester, SIdnej
Датум: 30.04.2010 01:50:30
Dosta veke. Mi se gnasi od vakvite manipulanti koi ja nosat odgovornosta za mizerijata sto treba da ja trpi rajata. Ova e veke tret svet. Ja napravivte Makedonija Banglades. Nemalo lekovi, nemalo toa...manipulacii... lazgi... licni sitni interesi.... sitni dusi...ni tronka zal nemaat za svoite...gjavol da gi nosi !!!
Од: goran
Датум: 30.04.2010 03:05:15
Дека квотите се поделни како што треба односно транспарентно и мерливо како што кажуваат од Фонд,може да го лажат обичниот народ.Глобално квотите во однос на минатата година се скратени по 30 до 40% а исто така им се доделени поголеми квоти на аптеки кои работат по нецела година и истите не знаат и не се во состојба да увидат кои лекови на тоа подрачје се потребни за луѓето бидејќи поголемиквоти добиле дека се блиски до партиите на власт.Сега истите не знаат што да прават со толкави големи квоти и истите пропаѓаат бидејќи не се во состојба да ги согледат потребит на населението од одредени лекови,а нарачуваат лекови кои не им се бараат.Ова е така затоа што се фаворизираат мал број аптеки,за да заработат повеќе а се ќе падне по грбот на народот.Од Фондот треба најголем критериум да им е досегашната исполнетост на квотата од страна на аптеката и на оние што ја исполнувале целата квтата да им се зголеми, додека на оние што досега не ја исполнувале да им се намали,а не партијата и пријател
Од: Hari
Датум: 30.04.2010 08:44:09
Vazno ima pari za proslava od 50 dena na fasisticka organizacija. Prerodbata prodolzuva, Aferim.
Од: gv
Датум: 30.04.2010 11:52:04
Nevidena laga od programata na 100 cekori go lazat svojot narod koj gi dal glasovite na VMR-ovci i ponataka dajte go glasot na ovie lazgovci.
Од: pmg
Датум: 30.04.2010 12:17:34
Во право е госп.Горан.Госпогата новинарка ја советувам да ги погледне квотите по градови за 2009 год. и сегашните па ке може со големи факти да ги демантира сите, од министер па до фондот ,дека го лажат народот дека квотите не се намалени - а се и тоа 30% најмалку.И точно е тоа дека аптеките кои гравитираат до здравствени домови или фреквентни градски места имаат квоти колку и аптеки во населби ,па првите немаат ни до 20 во месецот а другите не ги потрошуваат целосно.За правилна распределба треба пореална студија од релевантни лица а не да ја прават партиски војници.
Од: До:Hari
Датум: 30.04.2010 13:09:58
На овие „нашиве“би им позавиделе и Бугарските,но и Германските Фашисти!
Од: kole
Датум: 30.04.2010 13:16:32
Убаво им прават.... нека ја слушаат Тања Бумбарката... со Митре од Битуше, македонка од Велес, Алаксандар од Триангла со белите бумбари за Грујо и компанија, и пак нека гласаат за нив.... овој народ со вакво раководство не е за жалење.... По глата и капата, рекол нашиот народ.....

Најди! во Утрински
Насловна
Нимиц го подготвува предлогот
Здрнко
Урбана утопија што функционира
По Тито, Груевски
Спиел со 120 жени за време на бракот
ВМРО-ДПМНЕ - партија на големи прослави
Полицијата нападната на Скопска Црна Гора
Газиместан на скопскиот плоштад
Интер го урна митот за совршената Барса
Пет години „Авон“ во Македонија
Грчката криза ќе не' чини 100 милиони евра
Чизми за разлика во ставови
Поглед во празно
Лажниот идол - Златното теле
Изборен гаф на Гордон Браун
Се враќа како секси ѓаволка
Пад на политичка Европа
Неплатената фирмарина повторно ќе ги блокира сметките
Диџеј Шорти П и Панчо од ДНК не се ривали
Од вителот на шоу-бизнисот до тишината на Тоскана
Вечниот бунтовник, конечно, се смири
Ишарет кон исток