30.11.2011, 18:49 Затворска казна им се заканува на цртачите на графит во Тетово
Од една до пет години затвор им се заканува на тројца тетовци и на еден дебранец кои пред неколку дена беа фатени на влезот на Тетово додека цртаа карта на голема Албанија. Помошник-министерот за внатрешни работи, Иво Котевски, вели дека предистражните дејства се завршени, полицијата се консултирала и со јавниот обвинителство и во текот на денот ќе бидат поднесени кривични пријави против четворицата. Тие се осомничени според член 319 од Кривичниот закон за дела против државата. Цртачите на спорниот графит кои се на возраст од 23 до 33 години, ќе одговараат за предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост. За ова дело е запретена казна од една до пет години затвор, доколу судот ги прогласи за Според полицијата, станува збор за Ваљон Куртиши, Тунис Папарнику и Петрит Ибраими од Тетово и Ринор Слова од Дебар.
Тие пред два дена, во претпадневните часови, на Денот на албанското знаме, на една од најпрометните сообраќајници поставиле метално скеле и напишале текст на албански јазик, кој во превод значи еден јазик, една нација, една држава. Притоа исцртале карта на голема Албанија со црвена боја. (Х.Р.) |