Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
30.11.2011, 18:07

И уште нешто

Радиодифузна такса

Најновите измени на Законот за радиодифузна дејност со кои меѓу другото се предлага зголемување на радиодифузната такса од 130 на 190 денари и изедначување на времето за рекламирање со другите радиодифузери вчера се разгледани на собраниската Комисија за транспорт и врски.Со измените, јавниот радиодифузен сервис ќе емитува и игри на среќа.

Лизгалиште во Струмица

На плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица почна монтирањето на привременото градско лизгалиште со површина од 600 квадратни метри. За користењето на лизгалиштето, како и на опремата, меѓу која се и 300 пара лизгалки и помошни реквизити, ќе бидат платени два милиони денари од буџетот на општина Струмица.

Годишнина на Пелистер

Национален парк „Пелистер“ во Битола ја одбележа 63 годишнината од прогласувањето на планината Баба со врвот Пелистер за Национален парк.

Националниот парк „Пелистер“ е на површина од 12.500 хектари и е прво заштитено природно богатство во Република Македонија и се карактеризира со повеќе врвови и возвишенија над 2.000 метри.

Аргентина во Македонија

Аргентина е вратата за влез во јужноамериканската економска заедница МЕРКОСУР со пазар од 298 милиони потрошувачи, БДП од 3,3 билиони американски долари и 11.018 долари по глава на жител. Ова вчера на македонските стопанственици им го порача Гилермо Салвадор Азрак, аргентинскиот амбасадор со седиште во Софија.

Совети преку телефон

На бесплатниот телефонски број 0800 11 444 или СОС-линијата за помош од дрога, ХИВ/СИДА и со други инфекции преносливи по сексуален пат, од јануари до октомври годинава помош побарале над 226 граѓани и биле поставени над 412 прашања. Од Град Скопје информираат дека линијата функционира од 2003 година секој ден, од 9 до 19 часот.


Статијата е прочитана 530 пати.

Испрати коментар



Затворска казна им се заканува на цртачите на графит во Тетово
Напнато во Тетово - ВМРО-ДПМНЕ го бојкотира Советот
Џамијата ги зовре меѓуетничките односи во битолско Лажец
Кај Велешко Eзеро се бараат 220 тони злато. Што однесе хеликоптерот од тунелот кај Бигла?
Умрел на улица зашто бил болен од СИДА

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најчитани текстови во 2011

1. Се запали Александар Палас - емирот во „магла"
2. Тргањето на Александар сега е тешко
3. Кај Велешко се бараат 220 тони злато
4. Македонец ја открил Америка со Колумбо
5. Бранко и Али бегаат од тигарот

Најнови вести
Време
Скопје, -1°C

Магла

Четврток
Магла
Макс: 5°C, Мин: -1°C

Петок
Замрзнат дожд
Макс: 2°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |