Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
30.11.2011, 17:55

Умрел на улица зашто бил болен од СИДА

Лицата со сида се жалат дека секојдневно се изложени на дискриминација, а имаат проблем и со редовноста на терапијата

Јасмина Јовановска


Болен од СИДА оваа година починал на улица во центарот на Скопје, зашто во дом за бедомници не бил примен поради неговата болест. Ова е само еден од класичните примери на дискриминација н�� ХИВ заразените лица со кои се соочуваат во секојдневниот живот. Тие се жалат дека постојано се изложени на дискриминација. Се' уште има случаи кога заради ХИВ инфекцијата здравствени работници од приватни и од државни болници ги жигосуваат и одбиваат да им пружат здравствена услуга. Проблем им е и редовната набавка на лекови со кои ХИВ вирусот се држи под контрола.

За животот полн со дискриминација и страв за терапијата, Здружението „Посветла иднината“, во кое членуваат 15 лица со СИДА, денеска на Светскиот ден на борба против сидата го кренаа гласот и ги повикаа надлежните институции да им помогнат да живеат нормален живот.

„Денес, кога медицината во светот отиде толку напред што ХИВ-позитивните родители можат да имаат здраво потомство, се прашуваме како е возможно медицински лица да имаат таков страв и непознавање за ова заболување“, прашуваат лицата кои живеат со СИДА.

За Здружението, сепак, најголем проблем е нередовното обезбедување антиретровирусни лекови и тестови за следење на болеста, кои треба да се прават на три до шест месеци за да се види колку е ефикасна терпијата. На Инфективната клиника 16 месеци ги нема тестовите, а во август годинава за малку без терапија ќе останале околу 40 болни.

„Пациентите беа принудени да доаѓаат на Клиниката на секои 7 до 10 дена за да подигнат таблети од последните залихи. Целосен прекин на терапијата беше спречен само благодарение на тоа што тројца пациенти приватно си ги набавија скапите лекови. Поради доцнењето, Клиниката беше принудена да побара и донација од една фармацевтска компанија за еден од клучните лекови“, укажуваат од Здружението.

Болните со СИДА биле принудени да добиваат терапија на лажичка, бидејќи иако државата преку превентивните програми обезбедила пари, Министерството за здравство навреме не и' префрлило на Инфективната клиника. Таа, пак, одбивала да ги купи лековите од УНИЦЕФ со дирекна спогодба, зашто тоа било спротивно на Законот за јавни набавки.

„И покрај тоа што Бирото за јавни набавки издаде одобрение за спроведување на ваквото ад-хок решение, Клиниката долго време одбиваше да го потпише договорот со УНИЦЕФ и да ги уплати средствата. Министерството доцнеше со префрлањето на средствата кон Клиниката. Откако пропаднаа 4 понуди од УНИЦЕФ, лековите за 2011 пристигнаа кон средината на август“, објаснуваат од Здружението.

За да нема вакви проблеми при наредната годишна набавка, болните бараат системско решение за терапијата, а не преку превентивни програми.

„Ова прашање треба да се реши системски во рамките на Фондот за здравствено осигурување, со што сите потребни лекови ќе се стават на позитивната листа“, сметаат од Здружението и додаваат дека и тие имаат право на највисок стандард на здравје. Друго е прашањето што со редовна терапија болеста преминува во хронична. Веќе има и научни докази дека болните што се на терапија во 96 отсто не ја пренесуваат инфекцијата по сексуален пат.

Од Инфективната клиника потврдија дека откако завршил проектот со Глобалниот фонд и државата прифатила сама да ја обезбедува антиретровирусна терапија, се појавиле адиминстративни и законски пречки за купување на лековите. Но, тоа е надминато и никој не останал без терапија.

За набавка на тестовите, од Инфективната клиника велат дека е во тек тендер кој треба да заврши до крајот на годинава. За координатиорот за СИДА, д-р Милена Стефановиќ постапката за набавка на терапија е системско решение и уверува дека за догодина нема да има проблеми.

„Иако ги нема вирусолошките тестови, има други со кои се следи болеста. А, засега немало случај на кој му треба ваков тест“, тврди д-р Стефановиќ.

Заразата се разгорува меѓу хомосексуалците

Од десетте нови случаи што се откриени годинава, четворица ја добиле ХИВ-инфекцијата по хомосексуален пат. Другите четворица се заразиле по хетеросексуален пат, а двајца не знаат како се инфицирале. Од новорегистрираните, седум се болни од СИДА, од нив три машки во Скопје и по едно лице од Охрид, Велес и во Куманово и едно женско лице во Битола. Три се ХИВ-позитивнии и тие се од Гостивар, Куманово и од Скопје.

Годинашната бројка покажува дека ХИВ-инфекцијата кај нас се намалува, со оглед на фактот дека лани имало 14 нови случаи.

На удар на ХИВ-инфекцијата е популацијата од 20 до 49 години. „И натаму доминантен начин на пренесување на заразата е хетеросексуалниот пат. Превентивата е да се избегнува ризичното однесување и да се користи конодом“, вели д-р Жарко Караџовски од И��ститутот за јавно здравје. Од 1987 година досега се регистрирани 142 случаја од кои 66 се починати.

Има подобрување во третманот на болните. „За разлика од 1990-тите кога од осум нови случаи умираа седум, сега, благодарение на терапијата, лицата со СИДА живеат подолго“, рече д-р Караџовски.

Сега и многу повеќе лица се тестираат. Годинава се извршени околу 18.000 тетсирања, а биле поделени и во приватни болници. На глобално ниво, ХИВ-инфекцијата бележи намалување за 21 отсто, додека во Источна Европа, посебно во бившките руски републки, има пораст од 250 отсто. Од 34 милиони заразени, околу 6,6 милиони примаат терапија.

„Во Централна Европа и на Балканот доминантен начин за ширење на ХИВ-вирусот останува односот меѓу двајца мажи. Во Европа хетеросексуалниот контакт во пренесувањето на ХИВ-вирусот е зголемен за 16 проценти, а при сексуален контакт на маж со маж за 27 отсто, додека кај лица што примаат дрога со 17 отсто“, појасни д-р Жарко Караџовски. (Ј.Ј.)


Хуманитарен концерт за болните

Нeвладината организација ХЕРА денеска со почеток во 20 часот на Малата сцена во Македонската опера и балет организира хуманитарен концерт со оперски арии. На концертот ќе настапат истакнати оперски солисти, а парите собрани од продажба на билетите се наменети за набавка на тестовите за следење на терапијата кои ги нема на Инфективната клиника, како и за обезбедување пакети со основни прехранбени и хигиенски производи за лицата со ХИВ што живеат под линијата на сиромаштијата.

На плоштадот „Македонија“ ќе биде поставен павилјон за информации и бесплатно ХИВ-тестирање. (Ј.Ј.)

 


Статијата е прочитана 3087 пати.

Испрати коментар



Затворска казна им се заканува на цртачите на графит во Тетово
Напнато во Тетово - ВМРО-ДПМНЕ го бојкотира Советот
Џамијата ги зовре меѓуетничките односи во битолско Лажец
Кај Велешко Eзеро се бараат 220 тони злато. Што однесе хеликоптерот од тунелот кај Бигла?
И уште нешто

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најчитани текстови во 2011

1. Се запали Александар Палас - емирот во „магла"
2. Тргањето на Александар сега е тешко
3. Кај Велешко се бараат 220 тони злато
4. Македонец ја открил Америка со Колумбо
5. Бранко и Али бегаат од тигарот

Најнови вести
Време
Скопје, -1°C

Магла

Четврток
Магла
Макс: 5°C, Мин: -1°C

Петок
Замрзнат дожд
Макс: 2°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |