Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
30.11.2011, 18:48

Напнато во Тетово - ВМРО-ДПМНЕ го бојкотира Советот

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата на Советот во Тетово по одбивањето да се расправа за графитот за голема Албанија

ТЕтово - Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Тетово вчера ја напушти седницата откако со 17 гласа „против“ и 8 „за“ беше отфрлен нивниот предлог Со��етот да расправа по инцидентот со цртањето графит со картата на Голема Албанија на излезот од Тетово и да ги осуди сите обиди за загрозување на соживотот во Тетово и државата.

„Не наидовме на разбирање за нашата загриженост поради што сметаме дека со тоа е доведена во прашање и нашата работа во Советот. Со овој гест ние како советници испраќаме порака до сите дека концепциите за Голема Албанија, Голема Македонија, Голема Србија и Голема Бугарија не' носат во погрешен правец, а единствена концепција во која веруваме е Голема Европа. Во името на добрите меѓуетнички односи и повеќевековниот соживот на сите кои живеат на овие македонски простори се решивме на овој чекор за кој се надеваме на поддршка од сите наши добронамерни сограѓани“, изјави кординаторот на советничката група, Мирослав Кочовски.

За предлогот на Кочовски, кој го даде за време на утврдувањето на дневниот ред на седницата, гласаа сите советници Македонци присутни на седницата. Од советничката група на СДСМ рекоа дека предлогот го поддржуват, но во однос на напуштањето на седницата сметаат оти треба да се дејствува внатре во Советот и преку дискусија да се решаваат сите прашања.

„Ја поддржуваме иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ да се расправа за последниот инцидент со картата за големодржавна творба бидејќи советот како политички орган во општината мора да расправа за вакви состојби. Мислам дека треба да се продолжи со присуство на седницата и сите проблеми да се надминуваат преку разговор и дискусии по легален пат“, рече координаторот на советничката група на СДСМ Александар Симјаноски.

Претседталот на Советот Ирфан Емини кој доаѓа од редовите на советничката група на ДУИ истакна Советот не бил подготвен да расправа ниту бил информиран претходно за ваква точка на дневниот ред.

„Вообичаено е доколку некоја советничка група има намера да додаде точка на дневниот ред тоа да го направи претходно на заедничка координација на сите советнички групи. Затоа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е отфрлен од мнозинството советници. Јас го поддржувам секој предлог што доаѓа од советниците, но со претходен договор“, изјави Емини.

Советничка група на ДПА не го прифати овој предлог на ВМРО- ДПМНЕ бидејќи сметаат дека околу овие проблеми мора пошироко да се дебатира.

„Треба претходно да се подготват сите за дебата за евентуалните одлуки да функционираат подобро и поубедливо“, рече координаторот на советничката група на ДПА Дурим Љума. (П.Р.)


Статијата е прочитана 1447 пати.

Испрати коментар



Затворска казна им се заканува на цртачите на графит во Тетово
Џамијата ги зовре меѓуетничките односи во битолско Лажец
Кај Велешко Eзеро се бараат 220 тони злато. Што однесе хеликоптерот од тунелот кај Бигла?
И уште нешто
Умрел на улица зашто бил болен од СИДА



Ljubotan Trade Name, 01.12.2011 02:43:45
Uste predi 20 setina godini Napisav; Ova e Nebidnica ,za nas Hristijani zapadno od Gjorce Petrof, i Diagonalata Od pod Kumanovo pa se do eden kilometar severno od Ohrid. Ama ,.slusatelite i citatelite mi se smeea vo Mojot Desen BRK, i Mi velea; Nie ce bideme Balkanska Svajcarija , i Srbija povece nema da ne Ograbuva!.Jas Vi kazaf,a Vie me plukavte.Zarem treba, da gi imenuvam reditelite na ova Hristiansko Fiasko vo Tetovsko, sto raboti povece od 50 Godini !PS ,Vo Ovaa Ujdurma site se Vkluceni i ; SDSM i VMRO i drugi sitni Boranii!!
kaznet3584, 01.12.2011 10:38:15
Додека ова министерче не го растури здравствово наше македонско ти другарче Луб. траде даодиш дасе лечиш аконеси ептен појден
Tina, 01.12.2011 10:48:46
Pismeno i Usmeno izvinenie na drzavata i na site miroljubivi gragani na Makedonija, Albanskata reprezentativna zaednica im dlguva.
srebre, 01.12.2011 13:35:41
samo e znak prasanje za otvoreno barabnje na dui za podelba vece politicari,oficeri,funkcioneri albanci koi ziveat od makska plata otvoreno propagirat golema albanija uste 2001g rekov ramkoven vodi kon prekrojuvanje na mak samo znak prasanje na vreme dali 1,10 ili 30godini...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најчитани текстови во 2011

1. Се запали Александар Палас - емирот во „магла"
2. Тргањето на Александар сега е тешко
3. Кај Велешко се бараат 220 тони злато
4. Македонец ја открил Америка со Колумбо
5. Бранко и Али бегаат од тигарот

Најнови вести
Време
Скопје, 0°C

Магла

Четврток
Магла
Макс: 5°C, Мин: -1°C

Петок
Замрзнат дожд
Макс: 2°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн ��здание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |