Хрватска во декември ќе претседава со СБ на ОН
ЊуЈорк- Хрватска, која е непостојана членка на најзначајното тело на Светската организација, денес го презема едномесечното претседавање со Советот за безбедност на Обединетите нации.
Со Програмата за работа за декември, меѓу другото, е предвидено во средината на месецот до Советот за безбедност да се обратат пртседателот и главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Патрик Робинсон и Серж Брамерц. Тие усно ќе ги поднесат редовните шестмесечни извештаи за спроведувањето на стратегијата за окончување на работата на Хашкиот трибунал и соработката на државите од поранешна Југославија со тој суд.
Хрватска ја наследува Костарика, која претседаваше во номеври, додека во јануари таа функција ќе ја преземе Франција. Советот за безбедност на Светската организација има пет постојани членки со право на вето - САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција и 10 непостојани членки со двогодишен мандат - Белгија, Буркина Фасо, Костарија, Индонезија, Италија, Либија, Панама, Јужна Африка, Виетнам и Хрватска. (МИА) |