Умреа 150 насукани китови на островот Тасманија
Китовите кои се меѓу најмалите и растат до најмногу пет метри биле тешко повредени од шилестите карпи
ТАСМАНИЈА - Околу 150 китови умреа насукани во плитките води во далечна крајбрежна област на австралискиот остров Тасманија. Многу од китовите со долги перки, кои беа откриени во саботата, беа тешко повредени од шилестите карпи. Спасувачи успеаја да се извлечат околу 30 китови фатени во плитките гребени и да ги пренесат на безбедно со мал брод, јави официјален претставник.
Китовите поминуваат покрај Тасманија кога мигрираат кон и од водите на Антарктикот, и насукувањето не е непознато. Минатата недела, 11 китови беа спасени откако повеќе од 60 се насукаа на друг дел од островот. Локалните жители и експертите се обидуваат да и' помогнат на групата китови, насукани во близина на Сенди Кејп во северозападниот дел на Тасманија, но повеќето беа повредени од карпите и гребените.
Официјални лица извлекоа еден насукан кит од групата на крајбрежјето во обид да спречат натамошни изумирања. „За жал, тој кит умре, но потоа 30 китови во близина беа повеќе подготвени да продолжат, и со еден брод во водите успеавме да ги извлечеме од заливот“, рече Ворвик Бренан, портпарол на Одделот за примарни индустрии и вода, за новинската агенција ААП. Китовите беа меѓу најмалите видови кои растат во должина од пет метри. Научниците не се сигурни која е причината за тоа. (Би-Би-Си) |