Број 3086  вторник, 15 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Забава

НАГРАДИ НА ЕМ-ТИ-ВИ

Скандал на вечерта од Кени Вест

Доделувањето по 26. пат на наградите на Ем-Ти-Ви, одржано во неделата вечерта (13 септември) во њујоршкиот Радио Сити мјузик, беше одбележано со настапот на Џенет Џексон во чест на својот починат брат Мајкл, говорот на Мадона за поп-кралот, но, сепак, „најзабележан“ беше инцидентот што го предизвика раперот Кени Вест.

Вест почнал да глуми адвокат на Бијонсе Ноулс во моментот кога 19-годишната поп-ѕвезда Тејлор Свивт се заблагодаруваше за наградата за видеоспот на годината. Тој застанал на бината и грубо и' го одзел микрофонот на Свивт и пред публиката извикал дека Бијонсе требало да ја добие наградата.

„Тејлор, многу сум среќен поради тебе и ќе ти дозволам да завршиш, но Бијонсе сними еден од најдобрите спотови на сите времиња“, изјавил Кени, додека видно потресената Тејлор во шок ја напуштила сцената, испратена со бурен аплауз од публиката. Кени бил исвиркан, а Бијонсе била шокирана од него.

Бијонсе Ноулс, сепак, ја доби наградата за видеоспот на годината за спотот на песната „Single ladies“. За најдобар нов изведувач беше прогласена Лејди Гага за хитот „Poker Face“.

Наградата за најдобар машки изведувач ја зеде Ти Ај за песната што ја пее со Ријана „Live your life“, додека за најдобар женски изведувач беше прогласена Тејлор Свивт за видеоспотот на песната „You belong with me“.

Еминем се закити со наградата најдобро хип-хоп видео за песната „We made you“. Бритни Спирс за песната „Womanizer“ ја доби наградата за најдобро поп - видео.

Музичката група Green Days ја освоија наградата најдобро рок-видео за песната „21 guns“. Наградата за дебитантско видео им припадна на Мет и Ким за „Leasons learned“.

Марк Веб ја однесе наградата за најдобра режија на спотот „21 guns“, во изведба на „Green Days“. Наградата за најдобра монтажа ја освои Џерет Фиџал за хитот на Бијонсе, „Single Ladies“.

Чимни Пот ја освои наградата за најдобро креирани специјални ефекти, за песната на Лејди Гага „Paparazzi“. Френк Гетсон и Жакил Најт се добитници за најдобра кореографија за „Single Ladies“. Наградата за најдобра камера ја однесе Џонатан Сила за „21 guns“.

Џејсон Хамилтон ја освои наградата за најдобар уметнички директор за „Paparazzi“.


#
Статијата е прочитана 760 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Забава
Мадона одржа говор во чест на Мајкл Џексон
Потклекна пред ботоксот
Азхар Исмаил и Рубина Али
„Филиграни 2009“ - шеснаесетти пат на 18 септември
Пеш од Битола до Скопје без одмор
Модна ревија на шест странски модни дизајнери
Нови уписи во „Ребис“