Број 3155  среда, 09 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Спорт

Рубин Казан ја крои судбината на Мурињо

Интер вечерва домаќин на рускиот шампион во групата Ф, „нероазурите“ убедени во победа и пласман во нокаут фазата

Вечерашниот меч против Рубин Казан во групата Ф во Лигата на шампионите (ЛШ) може да ја одреди судбината на Жозе Мурињо на клупата на Интер, тврди италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“. Во случај „нероазурите“ да не успеат да обезбедат место во нокаут фазата во ЛШ на Португалецот може да му биде покажана излезна врата на „Џузепе Меаца“. Спротивно, пак, со три бода Интер ќе биде сигурен патник во осминафиналето без оглед на исходот на меч во Украина меѓу Динамо Киев и Барселона.

Претседателот на Интер, Масимо Морати, пишува весникот, веќе го има и списокот на кандидати за наследници на Мурињо. Па, доколку португалскиот стручњак не успее во мисијата во ЛШ тимот може да му биде доверен на Лучано Спалети, а се споменува и стратегот на Бордо, Лоран Блан. Во пресрет на последното коло во групата Ф, Интер е втор на табелата со 6 бода колку што има и Рубин Казан на третото место. Барселона со осум бода е лидер во групата вокоја на последното место е киевски Динамо со пет бода во петте одиграни меча досега.

Во тимот на Интер ќе го нема единствено Романецот Кристијан Киву. Мурињо за денешниот натпревар со Рубин Казан ќе може да смета на Холанѓанецот Весли Снајдер кој заедно со Ето и Милито, трио во кое фановите на Интер полагаат надежи дека ќе биде доволно за трите бода да останат на миланскиот тревник.

„Она што не' очекува вечерва е дуелот со Рубин. Она, пак, што го очекуваат навивачите е одлична игра, наша победа и пласман во осминафиналето. Се надеваме и веруваме дека ќе биде така“, порача камерунскиот интернационалец, Самуел Ето, преку клупскиот ТВ канал на „нероазурите“.

Рубин Казан не се предава и покрај тоа што улогата на фаворит е на страната на Интер. Вечерашниот дуел на „Џузепе Меаца“ е сфатен исклучително сериозно во редовите на рускиот шампион кој цела недела, по завршувањето на сезоната во шампионатот на Русија, ја мина на подготовки во Шпанија. Поради повреда на коленото ќе го нема Роман Шаронов, неизвесен е настапот на напаѓачот Александар Букаров.



Лига на шампиони, 6. коло



Денеска играат

Група Е: Ливерпул - Фиорентина, Олимпик Лион - Дебрецин. Табела: Фиорентина 12, Олимпик Лион 10, Ливерпул 7, Дебрецин 0.

Група Ф: Динамо Киев - Барселона, Интер - Рубин Казан. Табела: Барселона 8, Интер 6, Рубин Казан 6, Динамо Киев 5.

Група Г: Севилја - Глазгов Ренџерс, Штутгарт - Униреа. Табела: Севилја 10, Униреа 8, Штутгарт 6, Глазгов Ренџерс 2.

Група Х: Олимпијако�� - Арсенал, Стандард - АЗ Алкмар. Табела: Арсенал 13, Олимпијакос 7, Стандард 4, АЗ Алкмар 3.


#
Статијата е прочитана 584 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Ватерполистите „удавени“ на грчката граница
Морезмо - атлетска градба и грациозност
Французинките се вратија во игра на СП во Кина
Македонија Ѓ.П. и Слога Ј. се жалат за исклучувањето од Лигата
Против БиХ, Белорусија и Чешка за ЕП 2011
Надежите со Луксембург, Швајцарија и Шкотска
Русите пиеле до 5 часот наутро пред првиот меч со Словенија
Силверстоун домаќин на трка уште 17 години
Ајверсон се врати во Филаделфија со пораз