Надежите со Луксембург, Швајцарија и Шкотска
Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 17 години ќе се натпреварува во 12 група заедно со Луксембург, Швајцарија и Шкотска во квалификациите за ЕП 2011. Турнирот за оваа категорија фудбалери ќе се одржи во Луксмебург од 17 до 22 септември во 2010 година.
Двете најдобропласирани селекции во групата ќе продолжат во вториот квалификациски филтер и ќе се борат за седумте места на завршниот турнир. |