Број 3155  среда, 09 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Спорт

Ватерполистите „удавени“ на грчката граница

Со МКД на опремата и со 20 навивачи, Македонија синоќа на мегдан со Грција во Светската лига

Роберт Димитриевски


Со нови бањарки место досегашните со натпис „Macedonia“, со капчиња и со гаќи за капење со меѓународниот код МКД на нив и со поддршка од дваесетина навивачи, македонските ватерполисти синоќа требаше да и' гостуваат на Грција во рамките на второто коло од Светската лига. Токму бањарките го задржаа 3,5 часа автобусот со македонската репрезентација на грчкиот дел од границата со јужниот сосед, па наместо доцна навечер во неделата, експедицијата пристигна во Атина во 3 ч. по полноќ. Водството на националниот тим беше свесно дека Грците ќе реагираат за бањарките, па планираше пред „Macedonia“ да залепи FYR како компромисно решение, но ништо од тоа.

„Грчките погранични службеници не дозволуваа влез не само на бањарките, туку и на остатокот од опремата со кодот МКД. По долго натегање, не' пуштија откако реагираше нашето Министерство за надворешни работи и по ургенција од секретарката на Пливачката федерација на Грција. Бањарките ги вративме назад и обезбедивме нови“, објаснува Владимир Димовски, член на УО на ПФМ.

Освен задржувањето на границата, тој вели дека немале други проблеми, а и самите грчки граничари слегнувале со рамената, објаснувајќи дека само ги спроведуваат наредбите на претпоставените. Полицијата ги придружувала македонските ватерполисти до Атина, а ги обезбедувала и таму, иако во Пиреја било мирно, за разлика од центарот на грчката престолнина, каде што силите на редот изминативе неколку дена имаа полни раце работа со насилните улични демонстрации.

„Во понеделникот домаќинот не' покани на вечера, по што од нашата амбасада во Атина не' префрлија до хотелот. Се видовме и со судиите од Германија и од Романија, а делегатот Шаронов од Русија се очекуваше непосредно пред техничкиот состанок два часа пред натпреварот. Терминот неколку пати го менуваа, за на крајот да го поместат за 19 ч.“, додава Димовски.

Поголемиот дел од навивачите што заминаа да ги бодрат македонските ватерполисти се, всушност, јуниорите на Работнички, а осуммина дошле со свои возила во Атина.


#
Статиј��та е прочитана 1071 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Спорт
Морезмо - атлетска градба и грациозност
Французинките се вратија во игра на СП во Кина
Рубин Казан ја крои судбината на Мурињо
Македонија Ѓ.П. и Слога Ј. се жалат за исклучувањето од Лигата
Против БиХ, Белорусија и Чешка за ЕП 2011
Надежите со Луксембург, Швајцарија и Шкотска
Русите пиеле до 5 часот наутро пред првиот меч со Словенија
Силверстоун домаќин на трка уште 17 години
Ајверсон се врати во Филаделфија со пораз