„Ниtу во еден документ не е наведено дека македонската нациJа е создадена од КИ“, вели руската историЧарка Лина Жила
За да докажат дека македонската нација била вештачка творба бугарските историчари во оптек пуштаат неколку измислени тези. Една од нив е дека таа, наводно, била производ на српската политика, која не можејќи во Македонија од Бугарите да направи Срби решила да ги именува како Македонци. М��ѓутоа, поомилена и почесто спомнувана е тезата дека неа ја создала Коминтерната. Вакви и слични тврдења можат да се слушнат не само од официјалните историчари, туку и од некои помлади интелектуалци, од кои се очекува посовремено размислување и толкување на историските процеси.
Во една расправа на повеќемина бугарски интелектуалци за односите со Македонија, политикологот Огњан Минчев, кој важи за голем авторитет во Софија, изнесе став дека за време на комунистичка Југославија, во Белград и со помош на Москва, македонската нација била дефинирана во таков контекст што бил неприфатлив како за бугарската национална идеја, така и за бугарската национална идентичност воопшто.
„Бугарија не може да си дозволи официјално да признае една подобна утопија, која го ограбува во неверојатно брутален степен бугарското национално наследство и создава современи и идни политички претпоставки како за територијални претензии, така и за општа нестабилност“, изјави тој. Според него, на подобрувањето на односите со Бугарија најмногу пречело „продолжувањето на старата ’легитимност‘ на политичката елита на таа држава“, која, смета Минчев, била поврзана со бившиот комунистички режим во Белград.
При „докажувањето“ дека македонската нација била коминтерновска творба бугарските историчари како аргумент посочуваат една Резолуција за македонското прашање и ВМРО (Об.), која Коминтерната ја изгласала во јануари 1934 година и во изменет облик била објавена во весникот „Македонско дело“ четири месеци подоцна. Што, всушност, содржи таа фамозна Резолуција што на Бугарите им служи како доказ за нивните тврдења дека македонската нација е „утопија“, како што вели Минчев?
Академик Иван Катарџиев објаснува дека објавената Резолуција во весникот и оригиналната се разликуваат. Во оригиналната се укажува дека поделбата на Македонија во 1934 година меѓу балканските држави била извор на „остри противречности и борба меѓу нив за доминација над цела Македонија“; дека тие во Македонија спроведувале политика на економски грабеж и бесен терор, дека „владејачките нации на трите империјалистички држави што ја поделија Македонија своето национално угнетување го образложуваат со негирањето на националните карактеристики на македонскиот народ, со негирањето на постоењето на македонската нација“.
Во Резолуцијата одделно се карактеризираат методите на грчката и на српската практика во денационализацијата. Говорејќи за методите на денационализација на бугарската политика се вели: „Најпосле бугарскиот шовинизам, користејќи ја блискоста на македонскиот јазик со бугарскиот, ги прогласува за Бугари и со тоа го оправдува режимот на окупација во Петричкиот округ (Пиринскиот дел на Македонија) и на својата грабачка политика во однос на цела Македонија. Водејќи борба против поделбата и поробувањето на македонскиот народ, против сите видови национално, културно, социјално и економско угнетување, ВМРО (Об.) е должна да ја разобличува вистинската смисла на сите софизми, кои на Македонците им го негираат карактерот на нација...“, се наведува во Резолуцијата.
Коминтерната во документот ги образложува задачите на ВМРО (Об.), која, според неа, треба „катадневно да организира и да води борба во развивањето на македонското ослободително движење и секакви појави на национален гнет, против секакви вонредни закони за право на роден (мајчин) јазик во сите државни и општествени институции, за слобода на училиштата, на изданијата итн. Во таа борба централна парола на ВМРО (Об.) треба да биде за правото на нацијата на самоопределување до отцепување и за извојување независна обединета македонска република на трудбеници“.
Академик Иван Катарџиев вели дека бугарските историчари ја користат како крунски доказ токму Резолуцијата објавена во весникот „Македонско дело“ за да го негираат постоењето на македонска нација. Таквото мислење ќе го прифатат и политичарите. Така, на пример, највисокиот орган на Бугарската социјалистичка партија во Благоевград ќе тврди дека македонската нација била создадена под притисок на балканскиот секретаријат на Коминтерната во 1934 година.
„Сам по себе се наметнува и заклучокот од овие тврдења дека македонската нација е ’измислена‘! А штом е измислена, таа нема право да постои. Притоа негаторите на македонската нација и јазик воопшто не се впуштаат во содржината на Резолуцијата, која во 1934 година била објавена како Резолуција на ЦК на ВМРО (Об.) за положбата на Македонија и за задачите на ВМРО (О��.) т.е. за правото на самостојна македонска политичка организација да формулира политичка програма. Второ, дури и како резолуција на КИ во неа никаде не се говори за признавање на македонската нација и јазик, туку за угнетување и негација на македонската нација од страна на оние што ја поделија Македонија и должноста на Обединета да се залага за употребата на македонскиот јазик во државните институции и во образованието во сите три дела на Македонија“, заклучува познатиот македонски историчар.
Пред две години во Македонија беа објавени документи од Министерството за надворешни работи на поранешниот Советски Сојуз, кои ги уриваат митовите создавани од бугарската историографија за Македонија и македонската нација. „Новите документи потврдуваат дека македонската нација не е творба ниту на Коминтерната ниту на Советскиот Сојуз“, вели д-р Лина Жила, која заедно со професорот Владо Поповски повеќе години истражуваше во архивите на Руската Федерација, трагајќи по вистината за македонското минато.
Таа вели дека со перестројката се отвориле руските архиви, а првиот нејзин истражувачки проект бил за минатото на Македонија. „Цел ми беше да го истражам митот што се ширеше кај нас, а особено во Бугарија, дека македонската нација е создадена од Советскиот Сојуз и од Коминтерната. Се прашував дали навистина тие тогаш имале улога на Господ и можеле да создаваат нации? Дали имале таква моќ да им наложат и на другите држави да веруваат дека таква нација постои? За жал, оваа теза и денес е присутна во Бугарија. Таа беше актуелизирана и пред Самитот на НАТО во Букурешт. Тогаш имаше изјави на бугарски политичари дека Софија ќе ја заземе истата позиција како и Грција и оти нема да дозволи Македонија да влезе во НАТО и во ЕУ се' додека Македонците не признаат дека нивната историја до 1944 година е бугарска, дека македонскиот јазик е бугарски дијалект, а македонската нација вештачка творба, создадена од СССР и од Коминтерната“, истакнува руската историчарка.
Жила и Поповски го користеле архивот за надворешна политика на Советскиот Сојуз, кој дотогаш беше затворен и сакале да повлечат паралелна линија со веќе објавените документи од Коминтерната за македонското прашање. „Со ова истражување сакавме да видиме дали можеби дипломатијата на Советскиот Сојуз имала некаква улога во наводното создавање на македонската нација, како што тврдат Бугарите. Темелно ги претресовме сите документи од тогашното Министерство за надворешни работи, записниците на ЦК на СКПБ, на Балканската комисија, документите од политичкото и од военото разузнавање, како и од министрите за надворешни работи, но во сите нив не можевме да пронајдеме дека СССР имал вмешано прсти во тоа“, објаснува Жила.
Според неа, објавените документи се директен доказ дека Македонците не се вештачка творба ниту на Коминтерната ниту на Советскиот Сојуз. „Јас предлагам врз база на овие документи да се направи заеднички симпозиум на македонските и на бугарските историчари, кои имаат различни погледи. Тоа повеќе ќе придонесе отколку заемните кавги, секој својата вистина да му ја кажува на светот преку нарачани историски книги. Време е да им се каже на политичарите да остават со прашањата од минатото да се занимаваат историчарите, да се остават настрана и Коминтерната и Советскиот Сојуз“, порачува руската историчарка.
Не постојата `Вештачки(Ѓубре)` и `Природни(Оргинал)` Нации сите нации се едно исто и исто вредат.
Од: ЛОТАР ја објасни злобната поделба на Македонија
Датум: 25.10.2010 12:18:04
Во Македонскиот јазол Лотар објаснува дека ке дошло до автономија на Пиринска по договорот на Тито со Димитров и на попис имало 180.000 Македонци а тоа го прекинува Сталин после договорот со Черчил. Следен попис 0 Македонци.
Друго Македонскиот јазол. Бугарско Српска спогодба за Балкански сојуз 13,3,1912 Во август Ц. Гора. Бугарско Грчки договор 29,05,1912, Иако во летото 1912 патот на Македонија кон независност започнат со автономија сеуште не беше затворен. Ова не и пречи на денешна Грција сите пријатели од ЕУ Сад ОН и понатаму да ги држи во заблуда со фалсификувани документи. Со ова беа поставени основите на Балканскиот сојуз за акциите на балканските кралства кои кајко агресори се спремија да извршат злочин. Дури и сите три заедно немаше да ризикуваат војна да немаа подршка од Големите сили. Прво беше планирано Бугарија да и објави војна на Империјата но се решија за малата Ц.Гора , каков луд чин.
Трето, Македонскиот јазол стр 352. Грабежот на Солун од Грција беше инте
Од: pameten
Датум: 25.10.2010 12:26:30
Sekoj jazik i sekoja nacija na svetot se "veshtachki" tvorbi, ne se dadeni od Gospod ili od prirodata. Site se produkt na istorijata i Makedonskat nacija i Makedonskiot jazik ne se iskluchok. Do 19 vek mnozinstvoto od naselienieto vo Georgafska Makedonija se narekuvale Bugari i svojot lokalen jazik go narekuvale Bugarski. Za zhal ili za srekja Bugarskiot literaturen jazik bil kodificiran na drugi dijalekti, so rusko vlijanie. Samoosekjaneto na Mkaedoncite kako poseben narod so poseben jazik ne se sluchilo so dekret, nitu prekonokj, toku za 2-3 generacii. Mnozinstvoto Pirinci i decata na begalcite ostanale del od Bugarskata nacija, Vo R. Makedonija se afirmirala posebna nacija so poseben jazik, so posebna kultura. Nitu zaednichkata postara istorija, nito posebnata ponova istorija mozhat da bidat negirani. Nivnoto prifakjane e temelot na potrebnata strateshka sorabotka megju Makedonija i Bugarija.
Од: wiki
Датум: 25.10.2010 14:07:07
Nesporen fakt e postoeneto na makedonska nacija i jazik .Isto taka e fakt deka vo 1870 makedoncite se borele so bugarite za samostojna bugarska crkva i dobrovolno se zapisal vo nea 70 posto od narodot .
Од: Razlog
Датум: 25.10.2010 14:40:24
Metodi Nikolov Dzingozov ot selo Dobarsko,Razlosko,zavrshi bugarska filologia vo Sofia i ostana daskal u rodnoto si selo."Kromid,lep i sol ke rucam,na decata si vishe obrazovanie da dadam.Makedonija ima potreba ot visoko obrazovani ljude."Metodi se deklarirase za Makedonec po nacionalnost,a ne za bugarin.Shefovete na OUMVR Blagoevgrad go izvikaa "za spravka" i tolko sa go tepali ,ta Metodi umre ot kjuteko.
Од: Pirinec
Датум: 25.10.2010 15:18:55
Obespameteniot bugarofilski ili mozhebi sosema bugarski ( od Bugarija) isperen mozok zovre. Taka site negatori da znajat deka vremeto koga samo tie zboruvaa zavrshi. Sega i Makedonecot ima glas i nikoj, a najmalko lazlivcite mozhat da ja sprechat vistinata. Makedonskiot narod e ziv tuka vo Pirin i toa im e najgolema bolka na bugarite. Neka znaat - nie nema da sopreme se dodeka ne go dobieme toa shto e nashe - MAKEDONSKO !!!
Од: Лотарче
Датум: 25.10.2010 15:36:24
Да не бев јас,ништо немаше да знаете!
Од: Goran
Датум: 25.10.2010 15:46:07
Dedo mi, roden vo Kostruci vo 1897 bil Makedonec i se kazuval kako Makedonec.
ne mi e jasno kako nekoj od denesnite "Makedonci" moze da tresne nekoj aglupost kako ne sme bile sigurni sto sme se dodeka Tito ne ni dal nezavisnost!
Sramota. Koga dedomi se tepal so Turcite, Tito cical mleko.
Sramota za Bugarskite i Grckite fasisti koi sto vo ova vreme seuste se trudat da ne asimiliraat i unistat kako nacija.
Од: sime
Датум: 25.10.2010 16:35:57
Deka makedonskata nacija postoi nbajdobar dokaz e narodot koj ne saka da bide nitu srbin nitu bugarin ponajmalku.Tragedijata e sto niz vekovi e prinuduvan da se opredeluva na ovie dve postari drzavi.Problemot e sto makedonskata drzava e najmlada na balkanot i pod golem pritisok na sosedite.
Од: ФИЉО ДА ГО ПОСЛУШАМЕ
Датум: 25.10.2010 18:38:32
Лотар во Македонскиот јазол стр50. Не сите народи имаа среќа рано да го манифестираат својот јазик,Македонците имаа. Траутман го цитира кралот кој им кажал на браќата, Вие сте од Солун а тука се зборува чисто. Браќата Кирил и Методиј не беа од Варна или Сердика туку од околината на Солун од мајка Македонка и татко Грк. Значи дијалектите не беа од Црно Море или Родопи туку од Солун Македонија. Делото на браќата сеуште зрачи во Русија Бугарија Србија Хрватска.....И Турско-татарските Бугари ги озари зрак од оваа култура не само што беа асимилирани туку и јазикот го прифатија. Од Татарите им остана само името Бугари.. Свештениците во 1838 го печатеа македонскиот јазик за службите. Книга од 2004 за вистината за Македонија.
Фиљо каков Славос си ти кога во секој број Лотар го вреѓаш. Каков Славомакедонас си кога сите институции и мАНУ и Фонд Рамковски го наградија Лотар. Македонци кои ја читале оваа книга плачеле и дознале што било пред 100год. Ама ти џзнаеш што било пред 3000 год .
Од: karokan "gambit"
Датум: 25.10.2010 18:55:48
Vo oci mi padnaa dvata komentari pod sifra "Razlog" i "Pirinec"Vo prviot se opisuva konkreten slucaj,vo vtoriot sopstveno razmisluvanje na skripterot (avtorot).
Mi stana interesno deka,povece kaj prviot,a pomalku kaj vtoriot,se upotrebeni zborovi karakteristicni za pirinskite govori (petricki,
nevrokopski,gornodezumajski,razloski i sl.)
Tokmu toa e dokaz deka makedonskiot literaturen jazik ne e vestacki kako sto miluvaat da tvrdat nekoi nasi negatori ( nekoi i vnatresni),tuku deka istiot e proizvod(produkt) od narodniot govor.(kodificiran
od narodnite dijalekti).
Zatoa pozdrav do dvajcata i prodolzete da gi upotrebuvate zborovite od vasiot dijalekt-makedonski e ce Ve razbereme.
Од: LOLO
Датум: 25.10.2010 20:21:01
Moeto semejstvo e napisano so golemi bukvi vo nasata istorija,toa uste od pred 300 godini dalo slavni komiti i vojvodi koi se borele protiv srbi,bugari,turci,grci kacaci.. ucestvuvale vo formiranje na VMRO i ucestvuvale vo Ilindenskoto vostanie. Vo vtorata svetska vojna dalo dva narodni heroja.Od sekogas se borele sa sloboda na Makedonija i makedonskiot narod i od sekogas se deklarirale kako makedonci! Pozdrav do mojot brat Pirinec od Pirinska Makedonija i do site nasi makedonci vo toj del na Makedonija.
Од: nacional-patriot
Датум: 25.10.2010 22:13:02
Etnickite Makedonci bile pod razni okupacii vo minatoto,no go odbranile makedonskiot identitet i jazik.Vo vtorata polovina na 19 vek,Makedoncite bile izlozeni od sosednite propagandi za da bidat asimilirani i obezliceni.I vo 19 vek,za Makedoncite bile stranski i tugji jazicite od site sosedni drzavi,a zboruvale makedonski jazik i taka bil i togas narekuvan.I vo 19 vek Makedoncite ne go zboruvale nitu srpskiot,nitu takanareceniot bugarski jazik.Dokolku nemalo Makedonci vo dalecnoto minato ili bile nesto drugo,deneska ke nemase Makedonci.Deneska ima Makedonci,bidejki niz vekovite nanazad se cuval makedonskiot identitet i jazik.
Од: miki
Датум: 25.10.2010 22:44:07
Se dodeka postoi makedonstina vo umovite na ludje na ovie prostori nikoj nisto ne ni moze. Vprocem i site tie nekoji si negatori sto negiraat neznam vise sto ne nemaat nitu eden od niv teritorijalni pretenzii kon Makedonija, sto e za nas eden neprocenliv plus.