Заинтересиран сум весникот и таканаречениот „политички дисидент“ да докажат на суд се' што тврдат
Интересно е човек да проанализира и да се изнасмее во исто време какви фрустрации се тркалаат низ нашите весници. Кризата удрила на сите страни, посебно по тиражите, па затоа сопствениците се принудени да прават разни лудории за да го задржат вниманието на читателите. Еден од начините е да се пишува постојано за теории на заговор што ги интересира луѓето за да пронајдат виновник за општата состојба некаде далеку надвор од можноста да го фатат, а со тоа и нешто да променат. Но, друг начин е, на пример, да си најдете разни отпадоци што имаат потреба своите фрустрации да ги лечат со плукање на се' околу себе. Посебно ако тие отпадоци се согласиле да пишуваат без пари. Тогаш нискиот тираж се компензира со тоа што имате весник без новинари или со само два-тројца. Оти, вие сте толку суетен што не ја признавате реалноста и со сила се правите тоа што не сте. А, тука нема помош. Ако нискотиражниот неделник решил така да опстојува, нема помош. Не може вие пријателски да ги укажете овие работи зашто пријателството се меша со личен интерес, само за пари и за некој број повеќе продаден, по секоја цена.
Со задоволство следам колку може да се падне новинарството со ваквото практицирање. Оти мене, за разлика од многумина, јасно ми е дека се' што лета не се јаде. Односно, не е вистина се' што е напишано во весниците. Ама не е така и со пошироката читателска публика. Плукачите во овој нискотиражен неделник сфатиле дека можат да пуштаат бомбички, оти на тоа се верува безрезервно. Тоа и го прават. Добро, нека тераат. Само овој пат некои работи ќе мораат да ги докажат на суд. Тоа е толку просто. Кога вие сметате дека се' може да се напише, да се навредува како што се навредува, посебно да се изнесуваат невистини и некој да се обвинува за шпионажа, кодошење - најдобро е тоа на суд да се докаже. Многумина мислат дека со игнорирање е подобро да се поминува низ ваквите глупости. Демек, за ден-два ќе помине. Што се' не поминало. Кој се сеќава на минатата недела? Можеби тоа е делумно точно. Колективното сеќавање е на завидно лошо ниво. И можеби треба и така да се игра. Но, во мојот случај, нема да биде така. Јас сум заинтересиран весникот и таканаречениот „политички дисидент“ да докажат на суд се' што тврдат. Ќе биде симпатично да се следи потоа како „кука и плука“ сопственикот по судовите, оти веќе еднаш се најде таму со своите приказни и заговори. Па потоа други му беа виновни.
Во оваа пригода пак ќе потсетам дека човекот што се претставува како политички дисидент не го сметам воопшто за дисидент, туку за криминалец, кој останал должен во Куманово и побегнал преку океан. На кого стигнал и на кој не стигнал. Имал среќа што во почетокот на деведесеттите Љупчо и Доста одеа кај него во кафеана кога доаѓаа во Куманово. Претпоставувам дека поради тоа и му отвориле досие од државна безбедност, како што тоа го правеа за многумина од нас. Исто како и за мене. И нема тука ништо нејасно. Режимот на Б.Ц. ги користеше службите против своите политички неистомисленици. Да го потсетам „дисидентот“ дека Љупчо и Доста, кои сега обилно ги плука беа на власт кога со закон се отворени досиејата. За да му се застане на пат на таквиот начин на користење на службите. Да го потсетам како се виткаше понизно пред Доста Димовска во Баба Цана. Колку му беше мерак да седи до неа. Се топеше од радост. Има луѓе што го гледале тоа, меѓу нив бев и јас. Друго е сега ако поради психичката состојба и барањето потсвесен начин да се заборави историјата за да се прикаже како што не е, наменски заборава. Едно признавам - има среќа. И вештина. Успеа со лелекање и плачење да направи замена на тези и своите криминали да ги покрие со божемно дисидентство. Да се претстави како жртва. Бог да чува, не е тоа. Затоа велам, треба да ги воспева Љупчо и Доста што му оделе во кафеана. Ако немаше досие, ќе немаше како да стане жртва. Го знаат тоа кумановци.
Но, сега една работа не ми е јасна. Зошто толку агресивно ми се нафрла? Гледам вадел некакви преписки од форуми. Гледам дека на форумите пишувал под псевдоними. Зошто се криел тогаш, а сега не се крие? Се срамел од своето име? Се срамел од мене? И треба да се срами. Па тој беше еден од моите лобисти зашто имаше партнерски врски со татко ми. Можеби тогаш на тој начин се оддолжуваше, барем делумно. Нејсе, тоа не е битно. Душата не може да избега од такви гревови, тоа е природен закон и за тоа се плаќа порано или подоцна. Туку, не ми е јасно зошто „политичкиот дисидент“ се криел на Интернет. А ме плукал колку посилно можел. Тогаш не знаев дека тој се крие зад псевдонимот и дискутирав со него. Мислев некој со нормална желба е да разговара. Всушност, станувало збор за човек со тежина на душата, со гревови, кој не знае што да прави со себе во изгон, па така се празни. Жал ми е, не можам да ти помогнам дисиденту, секако, во наводници.
Уште само неколку работи да додадам за потребите на хрониките. Горд сум што сум бил падобранец. Не може баш секој да биде тоа. Треба храброст. Го нема баш секој тоа. Служев во Ниш. Тоа е историски факт и не може да се промени ниту, пак, сакам да се промени. Имав 18 години и Југославија се' уште постоеше. Тоа значи дека немаше македонска држава и армија. Како што кажав минатата недела, како последица на српскиот национализам тогаш, мојата класа се врати од војска радикализирана и целосно македонски определена. Да ве потсетам дека таа генерација учеше за марксизам и за духот на титоизмот како за нешто најдобро. Не сме ни чуле за Мара Бунева или, пак, за борбите на вмровците за Македонија. Не дај боже да пишувало некаде за Тодор Александров или Протогеров.
Гледам ве заинтересирала Мара Бунева. Па читајте, учете. Може ќе дознаете дека таа е Македонка што го убила српскиот ѕвер Прелиќ, кој измачувал македонски студенти и патриоти. Го жртвувала својот живот за да покаже дека тука живеат луѓе. Не избегала преку океан... Тоа е чин што заслужува подарок од наша страна при самата помисла. Ако не го разбирате, тоа не можам да ви помогнам. Годината што ја споменувате не е 1993, туку 1995. Го знам тоа според косата. Тогаш бев во рокерска фаза. Ех, времиња. Друго е тоа што во недостиг од државна прослава и огромен споменик, некои чакнориси денес го злоупотребуваат местото каде што се одржува панихида. Доаѓаат со бугарски знамиња и од тоа се прави циркус. Таму треба веднаш да се постави македонски јарбол. Највисок.
П.С. На сопственикот да му порачам дека може да го пренесе вашиот форум во целост во весникот, па така да заштеди уште повеќе на новинари, а вие уште повеќе да се чувствувате дека некој ве чита.
"Да го потсетам „дисидентот“ дека Љупчо и Доста, кои сега обилно ги плука беа на власт кога со закон се отворени досиејата. За да му се застане на пат на таквиот начин на користење на службите."
Да те постетам и јас тебе дека Доста беше одговорна за беззаконско прислушкување на еден куп политичари, новинари и дипломати и за да не оди во затвор беше аболирана од Борис Трајковски. Си го заборавил тоа?
Од: Toj [to znae
Датум: 30.10.2010 12:42:41
Имаш право за „дисидентот“. Ем криминалец, ем кодош на УДБА. Ем го користеле ем го контролирале. Стара проверена шема. На контакт со странски амбасадор (во неговиот случај бугарскиот) никогаш не се праќа несигурен човек туку докажан соработник/кодош на УДБА. Сега тој ни раскажува приказни што сакал да каже писателот. Јадник и бедник...
Нека е жива другарка му Доста што му го даде досието. Човек што е обработуван заради сомневања дека е шпион на странска служба (бугарската кај него) во никој случај не може да биде политички дисидент. Ги најде Канаѓаните наивни па ги излажа. Ама не и нас...
Од: Moris
Датум: 30.10.2010 13:12:00
Pa taka e ako e taka. Bravo za FIlip, vakvi tekstovi ocekuvame da kazuva ona sto go videl i doziveal vo tie teski godini za Makedonija. Samo so javno razotkrivanje na nastanite moze da se napravi vistinska slika za toa vreme vo koe SDB sepak gi rabotela Ljubcoi i DOsta i drugite preku angazirani lica kodosi. Taka bilo ... Nema druga vistina.Zatoa Ljubco dosieto treba da go objavi vo kniga sledejki go primerot na Fuilip....
Од: komentar
Датум: 30.10.2010 13:45:56
Филипе зошто лажеш дека досието било отверено затоа што Љубчо и Доста оделе кај него во кафеана?! Немој да ги извртуваш работите, тој бил меѓу првите финансиери на ДПМНЕ, тоа е причината.
Зборуваш ’некои дисиденти’. За тебе Дане Поповски и другите од ВМРО-ПРАВДА се лажни дисиденти. Тука е проблемот, и за нив немаше македонска армија, но не рипаа од авион за да ја бранат Југославија, туку беа затворани од таквите кои што ја бранеа Југославија. Земи прочитај нешто кога веќе сакаш да се декларираш како вмровец!!!
Јордан доби политички азил од КАНАДА!!! Демократска држава докажа дека на него му биле кршени човековите права и слободи. Ти велиш требало да остане. Е, да, ама тебе те ’казниле’ така што те поставиле за директор, а им приговараш на другите. Од кај па ти имаш право да кукаш во секоја втора колумна дека си бил дискредитиран затоа што не си ’веднел глава’. Директорско место како казна?! Е, да, лесно е да се мрчи од директорско столче, камо среќа сите така да беа казнувани!
Од: jovan
Датум: 30.10.2010 14:01:09
Mi se dopadna naslovot.Kolku i da e ironija,sarkazam,bilo sto, sepak naslovot e vistinit.Najgolemiot "srboman"vo drzavava,denes e prodolzena raka na bugarskoto podzemje sostaveno od bivsi pripadnici na bugarskata komunisticka sluzba.Navistina cudno,no toa se slucuva denes,a nikoj aber nema ova da go "prostudira".Propadnatite Milosevicevi sluzbi od "predhodnata"Srbija na veliko se vo "ljubov" so "propadnatite"(dodusa silni)sluzbi od "komunisticka"Bugarija.Vo Makedonija kako da si najdoa"nova drzava".
Од: martin ilija
Датум: 30.10.2010 14:40:33
ubavo sto kazuva avtorov za drugi ama redno e filip koga veke se znae za mara buneva koj ja narekuva makedonka po nacionalnost a taa samata se narekuvala bulgarka od makedonija a filip da kaze zosto na mitingot na dvizenjeto za jugoslavija esenta 1991 g. vo bitola toj licno go vee jugoslovenskoto zname da kaze vo koja faza bil togas ako ne bil vo rokerska vo koja bil vo jugoslovenska li i trae li taa uste jugoslovenska faza kaj filipce
Од: Dragi Fico
Датум: 30.10.2010 16:52:55
Filipe ! FDobro pametis za toj t.n. disidentTi cestitam na memorijata. navistina imase merak da se slika pokraj dosta i ljubcota, ama bratce zaboravi deka i ti bese meraklija na tie raboti i sto se vo toj patriotsko-romanticarski zanes paravese . Duri i logoriuvase pred Parlamentot.Ni "kisa ni hladnoca nije te mogla pogolebati. " Bio si dostojan i omiljeni Ljubcov omladinac :" slicnio na Vlasi i Tupurko koji bea " 'titovi omiljeni omladinci" Go zaboravi li toa Filipe?A parolite , a povicite i govorite i toa li go zaboravi.Pokasno " porastose pilci... pa te zameni Vlatko "sveznalicata", a eve sega drugi pilci od isto vedilo ce go zamenat nego. Isto vedilo isti tabiet. Zato covece pokri sei ne se glupiraj. Ne si na nikakvo podobro deredje od kumanovskiot " disident" Ili mislis onaka se se mie i se se zaborava. Prefarbajse i ajde na juris. E ne e taka dragi Fico!
Од: za faktite se raboti
Датум: 30.10.2010 18:01:22
Petrovski veli:” Гледам ве заинтересирала Мара Бунева. Па читајте, учете.” Epa ajde g. Petrovski da uchime so primena na faktite i logikata: ako M. Buneva bila Makedonka, zoshto Bugarite i dignale spomenik???? Koga doshle Bugarite ,1941 god., i’ dignale spomenik kako na ZASLUZHNA BIGARKA, a, ne kako na Makedonka! Ili , sakate da kazhete deka Bugarite dignale spomenik na nekoj shto zaginal za makedonskata kauza ubivajki srpski oficer??? Ajde ve molam, ne ni’ ja potcenuvajte inteligencijata, ne kazhuvajte smeshki!
Од: trajko
Датум: 30.10.2010 20:41:01
Филипе, Филипе, каде ке ти оди душа. Лажеш, па сушиш! На Јордан му било отворено досие зошто Љубчо и Доста му ја посетувале кафеаната?!? Е, а се претставуваш како вмровец, како десничар! Јордан беше главен финансиер на ВМРО-ДПМНЕ во период од 1990-1994 година. Затоа и беше предмет на интерес службите. Додека тој плати цена, му се растури бизнисот, мораше да ја напушти МК, ти фино се намести. Одигра за службите една “ шовинистича“ епизода на студентските протести и со тоа го прегази манифестот на историското ВМРО за рамнправност помеѓу народите во МК. Како жесток противник на Груевски и неговата политика беше “ заборавен“ во градската библиотека во Скопје..Едно прашање до тебе. Зошто не ги тужиш луѓето кои дале налог за отварање на твоето досие, како што направи Јордан. Така ке допринесеше за демократизација на МК. Или , не смееш да се дираш со менторите!?
Од: малку историчар
Датум: 30.10.2010 23:08:50
Па која ти е намерата г-дине Ф. Петровски што ги спомнуваш Мара Бунева и Тодор Александров. Првата се есапела Бугарка а убила Србин. А само затоа што го убила на македонска почва? Или? А вториот, докрај остана доследен на Бугарското племе како што самиот пишува. И за него ли? Или дека бил за обединета Македонија со Бугари во неа и дека под ропство се Вардарска и Егејска Македонија а само Пиринска е слободна? А? Не влегувај во историја која не ја познаваш а не е србокомунистичка.
Од: Од куде Тумбу
Датум: 31.10.2010 15:01:53
Убаво е да се осознае како освен србомански бугаромани имаме и бугаромански србомани!Навистина е интересна приказната како овие македонски „дисиденти“станаа професори на државниот универзитет,директори на јавни претпријатија,прекуноќни газди на приватизирани општествени фирми,но и како од криминалци кои проневерувале поголема сума пари,стануваа борци за македонската кауза!Прогласувањето на М.Бунева и Т.Александров за македонски патриоти говори за твојата сопствена заблуда.Понекогаш,навистина е залудна титулата!
Од: Многе историчар
Датум: 31.10.2010 20:52:58
Мара Бунева е македонка не затоа што го убила српскиот ѕвер Прелиќ на македонска почва, а затова што е родена во Тетово. Истото се отнесува и за Тодор Алексаднров коj е роден во Ново село, Штипско. Фактот што лугето од ова време се самоопределували како бугари не значи дека не се македонци.