Број 3419  сабота, 30 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Фељтон








Site Meter

Тачи до Красниќи: Зошто браните кодоши!?

Остро обраќање на лидерот на ДПА до в.д. претседателот на Косово, Јакуп Красниќи

Светлана Унковска


Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, му испрати отворено писмо на претседателот на Собранието и вршител на должноста претседател на Косово, Јакуп Красниќи. Во него тој жестоко реагира поради тоа што во досието „Ибар“ е спомнатo дека бил кодошен, а, сепак, изјавил „нема никаква можност Али Ахмети да ме шпионирал, тоа е ноторна лага и оваа работа можат да ја направат само луѓе што немаат, не само национални, туку и човечки чувства“, изјави Красниќи.

Тачи вчера во писмото на��еде дека тој е разочаран од ваквата негова изјава и оти таа претставува арогантно непочитување на моралните и на професионалните обврски по откривањето одреден број досиеја на безбедносните служби на поранешна Југославија. Како што натаму додава, се откриваат предавничката соработка на одреден број политички претставници на Албанците во Македонија.

„Вие, господине Красниќи (ви се обраќам со господине поради почитта кон косовските институции), во народот познат како неблагодарен човек, следено од корумпираниот министер Фатмир Лимај, од арпаџикот Нахит Хасани, како и од русофилот Емруш Џемаили без каква било дилема го поддржавте вашиот компањон Али Ахмети, притоа осудувајќи ме мене поради вознемирување на спокојството што не сте го заслужиле.

Вие се однесувате како Господ, бидејќи без каква било анализа претендирате дека знаете каква е содржината на досиејата. Такво право можат да си припишат на себе само оние што соработувале со такви институции, па знаеле што е вистина, а што е лага“, се наведува во писмото на Тачи упатено до Красниќи.

Лидерот на ДПА натаму го обвинува претседателот на Косово дека на овој начин ја негира вистинитоста на досиејата и оти притоа без аргументи го обвинува.

„Тоа докажува дека сте во морална криза, бидејќи многу лесно, од позиција на бранител, заземате обвинувачки став кон другите. Во цел свет се откриваат такви афери, па дури и во држави како што се САД, Русија, Велика Британија. Но, за разлика од Вас, тие се однесуваат со голема сериозност без оглед за кого станува збор. Во вакви држави дури се прават истраги и за претседателот на државата“, стои во подолгото писмо на Тачи. Во него лидерот на ДПА, не наведувајќи од каде ги добил досиејата, признава дека сторил се' за нивно откривање.

„Од каде Ви е тоа право да имате толкаво големо разбирање за едно предавство што постепено се открива и ми го оспорувате моето демократско право и национална должност да ги демаскирам оние што го заслужија тоа?! Јас не Ве обвинив Вас, но Вие без каков било повод ме обвинувате мене, бранејќи нешто друго што нема врска со досиејата. Од каде Вие знаете дека јас сум виновникот за оваа откритие?! Вашиот автоматски став дека некој е во право, а другиот не, ја открива Вашата намера да ги скриете доказите. Тоа открива една тенденција што нема намера да го брани Али Ахмети, туку Вашиот образ“, се наведува во писмото на Тачи.

На крајот од писмото претседателот на ДПА вели дека си дозволува да го советува Красниќи да ги анализира фактите и да не ја крие вистината. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 2815 пати.

Испрати коментар

Од: University professor from USA
Датум: 30.10.2010 18:18:18
Pocituvan Gospodine Taci, Vie cestitam sto mu gi pokazavte zabite na korumpiranite balkanski kvazipolitikanti. Vi ste prviot politicar vo Makedonija, pa slobodno mozam da kazam i na Balkanot, sto i zastanavte na patot na komunistickata tiranija, koja za zal seuste e vlijatelna vo politikata vo Makedonija. Da ne se plasite od nikogo, ke imate podrska ne samo od albacite, tuku i makedoncite ve podrzuvaat da se zigosaat tie komunisticki kodosi.
Од: николовски
Датум: 30.10.2010 19:58:13
Мислам дека м.тачи е во право и мудавам потполна подршка.
Од: naser
Датум: 31.10.2010 19:38:49
se shto e mozhno so tajni agenti atoa a tajna da ne beshe thaçi na ova tema mozhebi ke povruvav ama thaçi e nekoj hto llazhell mnogo i ne mozheme da mu poveruvame toj za da bide na vllast mozhe i negov sin da ubije kako serbin samo da bide na vllast
Од: Виктор
Датум: 01.11.2010 03:42:17
Тачи секогаш отворено ги кажувал работите и често пати бил премногу искрен за еден политичар. Му верувам кога се во прашање досиејата, ама се сомневам дека ќе успее пак да добие доверба и да се врати на политичката сцена.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Операција фудбал
Македонско-бугарски историски контроверзии (18)
Ќелавоста повторно е секси
Бранко Наумовски нов претседател на Уставен суд
Промашени притворски казни
Не знаеш да готвиш - сакам развод
Лажењето на „Фејсбук“ полесно отколку лице в лице
Порно-индустријата спас за финансиската криза?
Ме тепа, ме малтретира. .. ама мое чедо е
Далеку е Шангај од ВМРО-ДПМНЕ
Македонија тропна на вратата од Србија
Создаваме моден бренд без помпа
Србомански бугаромани
Кочани доби реновирана сала
Бранување во облаци
Нов почеток за НАТО и за Русија
Вељановски на гости во Канада
Македонци со принцот на Јордан во Сочи
Стрелките наназад за подолг ден
Во костец со естрадата и тремата
Нема да се дознае дали „Ибар“ е фалсификат






Macedonia begins rally season with little promise of real change
'Enlargement Strategy' criticises lack of media freedom in Western Balkans
'Big Four' political parties to form Bosnian government