Број 3419  сабота, 30 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Фељтон








Site Meter

Мислења

Нов почеток за НАТО и за Русија

Андерс фог Расмусен

Успесите покажаа дека има нов почеток во односите НАТО - Русија. Но, оптимизмот за иднината не ме прави слеп за проблемите што останаа

Кога пред една година го имав првиот јавен говор како генерален секретар на НАТО, се фокусирав на односите НАТО - Русија, бидејќи верувам оти се од круцијално значење за глобалната безбедност, а не само за европската. Во тоа време сметав дека односот има итна потреба од поправање и дека НАТО и Русија треба да направат „нов почеток“. Така, излегов со неколку посебни предлози за поставување на темелит�� на далеку попродуктивен иден однос. Една година подоцна до каде сме?

Пред се', ние ја зајакнавме нашата соработка во голем број области.

Бидејќи тероризмот е транснационално зло, можеме да го поразиме само ако заедно соработуваме. Земјите-членки на НАТО и Русија постигнаа согласност за заедничка процена на терористичките закани и веќе прават забележителен напредок во голем број конкретни проекти. Соработуваме заедно, на пример, во спротивставувањето на заканите со напади врз јавниот транспорт и други места каде што се собира маса луѓе. Според заедничката програма наречена СТАНДЕХ ги седнавме на заедничка маса водечките истражувачки институции и лаборатории во земјите-членки на НАТО и Русија за да интегрираат разни технологии во единствен систем за детектирање на експлозиви и идентификување на потенцијални напаѓачи.

Ширењето на нуклеарните капацитети и балистички ракети претставува голема грижа за меѓународната заедница како целина, и сериозна и се' поголема закана за земјите-членки на НАТО и Руската Федерација. Експерти од НАТО и од Русија неколку пати се состанаа за да дискутираат за тоа како нивните земји може најдобро заеднички да одговорат на оваа закана. Работната група за контрола на оружјето, разоружување и неширење на нуклеарното оружје сега оваа соработка ја носи на повисоко ниво.

Интересот на Русија во стабилен Авганистан е голем колку и на земјите-членки на НАТО. Во пролетта 2010 година, првите карго-контејнери пристигнаа до ИСАФ-силите преку руска територија, отворајќи важна дополнителна линија на комуникација. Проектот НАТО-Русија за обезбедување обука за борба против наркотиците за лица од Авганистан и од Централна Азија произведе повеќе од 1.300 експерти, повеќето од нив веќе ги употребија своите вештини за пресретнување на некои од најголемите испораки на хероин во регионот. И по сугестиите што ги дадов во Москва лани во декември, руските лидери ја разгледуваат можноста за испраќање на одреден број хеликоптери за обука на авганистанската армија.

Покрај зголемувањето на нашата практична соработка, го подмладивме и проширивме Советот НАТО-Русија, а го продлабочивме и нашиот дијалог. Одржавме отворени, искрени и конструктивни разговори за голем број безбедносни проблеми што ги засегнуваат Русија и земјите-членки на НАТО, и за предлозите за нивно решавање. Иако овие дискусии не не' доведоа да гледаме директно на сите прашања, тие помогнаа да се изгради поголем степен на заедничка доверба и самодоверба што ќе биде од корист за нашата идна соработка. Истото тоа важи и за нашиот заеднички преглед на општите безбедносни предизвици, кој многу напредуваше, со постигнување договор за пет закани и предизвици што бараат зголемена соработка: тероризмот, Авганистан, пиратството, ширењето на оружје за масовно уништување и природни и катастрофи предизвикани од човекот. Веќе ги утврдуваме деталите за соодветни практични проекти.

Односот НАТО - Русија напредуваше и во други области. НАТО беше целосно транспарентен со Русија за развојот на новиот Стратегиски концепт на Алијансата, кој, се надевам, ќе охрабри слична транспарентност од руските партнери додека ги развиваат нивните стратегиски документи. НАТО ја презеде иницијативата и за надминување на па-позицијата на Договорот за конвенционални сили во Европа, за зајакнување на контролата на конвенционалното оружје и транспарентност.

Земено заедно, сите достигнувања покажаа дека навистина е воспоставен нов почеток во односите НАТО - Русија. Меѓутоа, мојот оптимизам за иднината на нашиот однос не ме прави слеп на тешкотиите што останаа. НАТО-сојузниците се' уште се загрижени околу Грузија каде што, исто така, има загрижености, на пример, околу политиката „Отворена врата на НАТО“. Верувам дека овие грижи се неоправдани и дека проширувањето на НАТО ја зголеми безбедноста и стабилноста за Русија.

И покрај овие преостанати разлики, треба да имаме доволно доверба да утврдиме амбициозна агенда за во иднина. Еден од нашите приоритети треба да биде зголемувањето на нашата оперативна соработка. Во деведесеттите години со голем успех соработувавме на стабилизацијата на состојбите на Балканот. Би сакал да видам повеќе заеднички мировни операции, не само на копно, туку и на море за подобрување на поморската безбедност, особено поголема соработка во напорите за борба против пиратството во Аденскиот Залив. Освен тоа, нашата оперативна соработка во Авганистан треба да биде зајакната. Донациите за авганистанската национал��а армија од Русија би можеле да направат голема разлика во способноста на Авганистанците да ја осигураат сопствената безбедност, што е во интерес на сите нас. Меѓутоа, во областа на ракетната одбрана јас гледам голем потенцијал за подобрување на односите меѓу НАТО и Русија. Во почетокот од оваа година, во услови на растечка закана од ширење на нуклеарните капацитети и балистички проектили, предложив заеднички „безбедносен покрив“ што ќе се протега од Ванкувер до Владивосток. Се надевам дека во следниве месеци и години ќе имаме политичка волја да направиме ова да стане реалност поткрепена од соработката меѓу НАТО и Русија во областа на ракетната одбрана.

Здрав однос НАТО - Русија е од витално значење за безбедноста на сите нас. Сега кога постои солидна основа за тоа, заедно можеме да гледаме кон иднината со обновена доверба и амбиција. Јас ќе сторам се' што е во моја моќ да осигурам дека ќе го искористиме огромниот потенцијал што го имаат во себе односите НАТО - Русија и сметам на поддршката од сите земји-членки на Советот НАТО - Русија за постигнување на оваа цел.

(Авторот е генерален секретар на НАТО и пишува на „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдикејт“)


#
Статијата е прочитана 895 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Операција фудбал
Македонско-бугарски историски контроверзии (18)
Ќелавоста повторно е секси
Бранко Наумовски нов претседател на Уставен суд
Промашени притворски казни
Не знаеш да готвиш - сакам развод
Лажењето на „Фејсбук“ полесно отколку лице в лице
Порно-индустријата спас за финансиската криза?
Ме тепа, ме малтретира. .. ама мое чедо е
Далеку е Шангај од ВМРО-ДПМНЕ
Македонија тропна на вратата од Србија
Создаваме моден бренд без помпа
Србомански бугаромани
Кочани доби реновирана сала
Бранување во облаци
Вељановски на гости во Канада
Македонци со принцот на Јордан во Сочи
Стрелките наназад за подолг ден
Во костец со естрадата и тремата
Тачи до Красниќи
Нема да се дознае дали „Ибар“ е фалсификат






Macedonia begins rally season with little promise of real change
'Enlargement Strategy' criticises lack of media freedom in Western Balkans
'Big Four' political parties to form Bosnian government