Број 3419  сабота, 30 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Фељтон








Site Meter

Технологија

Бранување во облаци

Internet Explorer 9 пристигна во финалната бета-верзија. Велат дека никогаш не бил ни побрз ни посигурен, но дали тоа може да креира пресврт кај веб-трендовите?

Никола Бурагев

Добро, не го сакаат баш сите Internet Explorer, но тоа, секако, не е причина да не го испробате – бета-изданието на верзијата 9 осамна кон средината на септември на малку претенциозната веб-адреса www.beautyoftheweb.com. Доколку сакате да го пробате IE9, но се' уште сте скептични, сигурно ќе ве преплаши фактот дека еднаш инсталираната IE9 бета залудно ќе ја барате меѓу постојните апликации во контрол-панелот. Зарем деинсталацијата �� невозможна? Секако дека е - доколку посакате да ја тргнете, отворете го контрол-панелот и опцијата Programs and Features, но не барајте го на списокот на програми, туку во левиот панел побарајте ја опцијата View installed programs. IE9, всушност, е регуларен апдејт за Windows 7 или Vista, што одговара на тврдењата на „Мајкрософт“ дека IE никофаш подлабоко не бил интегриран во системот.

Стандардната 32-битна верзија се' уште постои, но ако имате 64-битен систем, љубезно ќе бидете замолени да ја инсталирате 64-битната верзија на IE9, што треба и да го послушате. Иако и 32-битната верзија ги користи сите предности на повеќестраните инстанции и сегментираната меморија (секој IE9 прозорец е свет за себе), 64-битната верзија има смисла поради дополнителните мерки на сигурност. Добра работа е тоа што истиот ден и Adobe издаде 64-битна верзија на Flash, исто така, бета-верзија на која ќе бидете упатени на laps.adobe.com. Таму ќе ги затечете и прописните алатки за деинсталација на оваа пробна верзија за да бидете сигурни дека се' можете да вратите во првобитна состојба ако од некоја причина не ви се допадне IE9.

А причини за тоа, всушност, нема. Покрај употребата на 64-битните инструкции и зафати на меморија, рендеринг-системот за IE-9 наполно поддржува хардверска акцелерација со користење GPU. Треба само да се биде опремен со некои од графичките картички кои тоа го поддржуваат, а потоа DirectX, Direct2D и DirectWrite ќе го вработат GPU на вистински начин. Хардверската акцелерација нема само да го забрза видеото, туку е задолжена и за испишување текст, со саб-пиксел позиционирање кое значително придонесува за читливост на текстот и воведува ClearType приказ во прозорецот на браузерот. DirectWrite со голема брзина го исцртува текстот и бип-мапираните слики, а Direct2D има посебни задолженија кои во веб воведуваат нова класа на векторска графика задолжена за разубавување во HTML5 документите. HTML5 содржи разни „украсни“ елементи (линии, криви, правоаголници, сенки...), чие исцртување директно зависи од графичките можности на вашиот компјутер, па рендерирањето на HTML5 страниците драматично побрзо се одвива ако е достапна хардверската акцелерација. HTML5 стандардот донесува и низа нови можности за приказ на сликите и видеото - без посебни контејнери и ембедирање објекти, со можност за нивна трансформација и анимација (поместување по екранот, рескалирање или ротирање).

Секако, нема веднаш да наидете на сајтови кои во полна мера ги користат сите овие новитети, но препорачуваме да го посетите ie.microsoft.com/testdrive каде што ќе најдете множество интересни демонстрации и примери што ги користел „Мајкрософт“ при тестирање IE9. Можеме да установиме дека IE9 директно ги следи CSS3-стандардите. CSS3 Backgrounds и Borders Module е задолжен саканите елементи да ги урами, управувајќи со заднината и видот на рамката (стил, дебелина, боја, разни атрибути...), сето тоа со можностите на анимирање на која било од овие особини, што може да се погледне во Border Radius демото.

Во IE9 може да се забележи отсуство на класичното мени и самите статусни линии, а сето она на што сте навикнати ќе го пронајдете систематизирано под три икони во горниот десен агол. Истражувањата покажаа дека тоа е вистинско место за навигација и дека така со маусот се поминува значително помала „километража“. Секако, тоа во почетокот ќе ви се причини нелогично, бидејќи сите претходни навигации почнуваа одлево надесно.

Идејата на оваа промена не е толку инспирирана од ергономијата, туку од фактот дека IE9 треба да се интегрира во останатите прозорци, па левата горна страна е оставена за апликациското мени, кое можете да го видите на демо-сајтот на IE. Браузерот, дефинитивно, се' помалку ќе биде прегледувач, а се' повеќе платформа за веб-апликации, поради што менито на самиот браузер на истото место би внел само забуна – кое е негово мени, а кое менито на веб-апликациите. Не треба посебно да се нагласува дека сите демоа за IE9 се наоѓаат во „Мајкрософт“ Azure „облакот“ за кој се очекува дека најчесто ќе ги хостира сериозните веб-апликации.

Оние што имаат навика редовно да посетуваат одредени сајтови ќе ја поздрават и можноста да фиксираат поедини локации во таскбарот. Кај Windows 7 таскбарот, за поздравување е можноста некоја апликација да се „забие“ (pin this program to taskbar), што знае значително да го поедностави животот на корисникот, овозможувајќи му полесна достапност до програмите кои често ги користи. Веб-локацијата се пинува нешто поинаку - ја посетувате саканата локација, а потоа нејзиниот таб го одвлекувате во таскбарот. И тој трајно останува таму, се додека не го исфрлите.

Нов MacBook Air, iLife 11 и Mac OS X Lion

Извршниот директор на „Епл“, Стив Џобс, ја претстави новата верзија на својот ултрапреносник MacBook Air, кој освен во издание од 13,3 инчи, ќе биде достапен е и со екран од 11,6 инчи. Ова е прв поголем редизајн на MacBook Air откога беше претставен во 2008 година, а со нешто поостри рабови тежи само 1,04 килограми, односно 1,31 кг во 13,3 инчната верзија. И двата модела се карактеризираат со „дебелина“ од неверојатни 3 милиметри до 1,7 сантиметри на најдебелиот дел. Исто така, вграден е и втор УСБ приклучок и читач за SD мемориски картички, додека за снимање податоци користи исклучиво SSD флеш-меморија во капацитети од 64 до 256 гигабајти. Резолуцијата на екранот на помалиот Air e 1366х768 пиксели, а 13,3-инчниот доби зголемена резолуција 1440х900 за разлика од претходникот 1280х800. Двата се опремени со Core 2 Duo процесори од 1.4 до 2,13 Ghz, имаат стандардни 2 GB рам-меморија (до 4 GB). Траењето на батеријата кај 13,3-инчниот модел е декларирано на седум часа, а на 11,6-инчниот модел на пет часа. Цените во САД се движат од 999 до 1.599 долари.

Покрај редизајнираниот MacBook Air, „Епл“ го презентира и надградениот софтверски пакет iLife 11 (iPhoto 11, iMovie 11, Garage Band 11), a ja најави и следната верзија на својот оперативен систем за компјутери – Mac OS X Lion. Новата платформа позајмува голем број работи од iOS, а „Епл“ тоа го истакнува со гордост. Во прв ред тука е Mac AppStore за апликации за компјутер. Со ова ќе се поедностави пронаоѓањето, купувањето и инсталацијата на програмите за Mac. Со еден клик ќе биде можно апликацијата да се купи, симне и инсталира, а исто така, полесно ќе биде да се држи чекор со надградбите. Втората работа, која е зајмена од iOS, е Ланчпадот. Практично, се работи за Спрингборд (интерфејсот на iOS), кој ги прикажува апликациите на начин на кој го прават тоа iPhone и iPad. Исто така, апликациите како кај мобилните уреди е можно да се групираат и сортираат, а новите апликации автоматски се појавуваат на Ланчпадот. Lion ќе донесе и можност за користење голем број апликации во full-screen мод, исто така, по примерот на iPad. Ќе биде овозможена и едноставна навигација помеѓу повеќе апликации кои се користат, а во тоа ќе помогне новиот Mission Control, кој ги прикажува сите отворени прозорци на организиран начин. Новиот Mac OS X Lion ќе биде достапен од летото 2011 година.

HP претстави нови моќни тенки клиенти

HP претстави шест нови решенија дизајнирани да ја намалат комплексноста, ризикот и трошоците на инсталација на оддалечени компјутери и компјутери „во облак“, со што се поедноставува и подобрува функционалноста на портфолиото на HP за виртуелизација на клиенти. Новата понуда ги опфаќа: внимателно дизајнираната HP t5500 серија на тенки клиенти (сега со подобрен HP Easy Tools), два тенки клиента базирани на Microsoft Windows Embedded Standard 7 и HP Референтна архитектура за Citrix XenDesktop на XenServer. Со овие подобрувања на производите и решенијата, клиентите на HP во оддалечени средини ќе добијат пореално доживување, слично на работењето на персонален компјутер, како и поедноставена инсталација.

„Флексибилните тенки клиенти на HP се идеални за секоја оддалечена средина или мрежа ’во облак‘ и нашето портфолио го предводи брзиот развој на овој сектор“, изјави Коби Елбаз, директор на Одделението за клиентски решенија и работни станици EMEA. „Нашиот единствен интегрален пристап кон виртуелизацијата на клиенти му овозможува на HP да развива опфатни решенија што ги задоволуваат потребите за продуктивност и перформанси, како на новите, така и на постојните корисници, додека истовремено ја намалуваат комплексноста и трошоците на инсталација“.

Новите тенки клиенти HP t5550, t5565 и t5570 се идеални за купувачите кои се свесни за животната средина и кои бараат едноставни, сигурни компјутери за типични Office апликации и поврзување Интернет кај виртуелизираните клиенти или мрежи „во облак“. Со изборот на оперативни системи - Microsoft Windows Embedded Standard 2009, Windows CE Embedded 6.0 или HP ThinPro, серијата t5500 има претходно инсталирани најнови Citrix и Microsoft додатоци (plug-ins) за робусна и моментална продуктивност во речиси секоја средина.


#
Статијата е прочитана 708 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Операција фудбал
Македонско-бугарски историски контроверзии (18)
Ќелавоста повторно е секси
Бранко Наумовски нов претседател на Уставен суд
Промашени притворски казни
Не знаеш да готвиш - сакам развод
Лажењето на „Фејсбук“ полесно отколку лице в лице
Порно-индустријата спас за финансиската криза?
Ме тепа, ме малтретира. .. ама мое чедо е
Далеку е Шангај од ВМРО-ДПМНЕ
Македонија тропна на вратата од Србија
Создаваме моден бренд без помпа
Србомански бугаромани
Кочани доби реновирана сала
Нов почеток за НАТО и за Русија
Вељановски на гости во Канада
Македонци со принцот на Јордан во Сочи
Стрелките наназад за подолг ден
Во костец со естрадата и тремата
Тачи до Красниќи
Нема да се дознае дали „Ибар“ е фалсификат






Macedonia begins rally season with little promise of real change
'Enlargement Strategy' criticises lack of media freedom in Western Balkans
'Big Four' political parties to form Bosnian government