Линдзи Лохан
Порно-индустријата спас за финансиската криза?
Финансискиот проблем на Линдзи Лохан е веќе добро позната и обработена тема, а еднакво е познато дека старлетата не знае како ќе го плати престојот во клиниката за одвикнување, каде што мора да престојува во следните три месеци. Спасот може да го најде во порно-индустријата, која е особено заинтересирана за соработката со проблематичната актерка. Порно-страницата „Тјуб8“ и' понуди на ЛиЛо 50.000 долари за нејзините третмани во клиниката „Бети Форд“, а за возврат и' нудат работа како маркетинг-консултант, но и дополнителен бонус - неограничен пристап до нивната бога��а порно-колекција. Не е познато дали би ја замолиле да одглуми сцена во некој од филмовите за возрасни.
Линдзи се' уште официјално не се огласи на понудата, но и да се одлучи да ја прифати, останува фактот што нејзините трошоци од лечењето достигнаа сума од 150.000 долари, па ниту работата во порно-индустријата нема да ја спаси. Според многуте наводи, старлетата е шворц, а воопшто нема најави за нови филмски ангажмани. „Таа буквално нема поим како ќе најде пари за центарот за одвикнување од зависности“, рече еден извор за „Радар онлајн“. |