Број 3419  сабота, 30 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Фељтон








Site Meter

Кристијан Јованов

Во костец со естрадата и тремата

Кристијан сосема се вклопува во групниот портрет на аспиранти за ѕвездена позиција на музичкото небо. И годинава на „Макфест“ тој беше во чекор со својата естрадна генерација кога ја испеа песната „Дали ова не е крај“

Јасминка Павловска

Во генерацијата претенденти за музички ѕвезди создадени во ерата на реалните шоуа, најбрзата асоцијација за Кристијан Јованов е „Операција триумф“. Тој е момчето од Радовиш што пред две години со своите тогаш 19 години ја надминуваше јазичната бариера меѓу македонскиот и српскиот јазик.

„За сето време на мојот двенеделен престој во куќата на „Операција триумф“ најголем проблем ми беше тремата“ - кажува Кристијан две години подоцна со бекграунд од шест нови песни во неговата пејачка кариера. И ден денес не можам да сфатам колку ме блокираше тремата зашто српскиот јазик солидно го владеам. Се' уште сум тремаџија, но се' повеќе учам да ја контролирам тремата. Во „Операција триумф“ сите премногу се трудеа да изгледаат природно и неоптоварено што создаваше сосема спротивна атмосфера - на напнатост и ривалство. Во таква ситуација уште потешко ми беше да ја совладам тремата“ - искрено признава Кристијан.

Иако само кратко време беше „оганот“ на „Операција триумф“, тоа беше сосема доволно и во неговиот случај да се примени моделот на создавање пејачи преку реално шоу, што е тренд во светот, па оттаму и во регионов. Кристијан сосема се вклопува во групниот портрет на аспиранти за ѕвездена позиција на музичкото небо (колку и да е тоа мало или големо), кои веќе забележливо доминираат на музичките фестивали кај нас. На последниот „Макфест“ сите победници беа од „продукцијата на реалните шоуа“. Ниту Кристијан не ја пропушти можноста и годинава на „Макфест“ да биде во трендот на својата генерација. Тој ја испеа песната „Дали ова не е крај“ од Роберт Саздов, и иако не освои награда, има сериозни планови со оваа песна. За почеток, Кристијан и неговиот сегашен автор, Роберт Саздов планираат да направат спот за песната. Натаму, веќе ја подготвуваат песната со која имаат намера да учествуваат на конкурсот за „Избор на песна за Евровизија“.

„Се' уште чекорам полека во кариерата - вели Кристијан. „Операција триумф“ навистина ми помогна да бидам полесно препознат дома, во Македонија, но поради договорот со продукцијата, изгубив речиси една година. Сепак, досега имам снимено шест песни на разни фестивали- на домашната „Евровизија“, „Макфест“, „Охрид фест“ и соработував со композиторите Ванчо Димитров и Роберт Саздов. Направив и преработка на една песна што ја пеела Маја Оџаклиевска и мислам дека кариерата во музиката си зема свој тек. Веќе се осмелувам да размислувам и за албум, но ми требаат уште песни- реално размислува Кристијан Јованов додека си го бара своето место на македонската естрада.

Во меѓувреме, т.е. кога му се случува вистинскиот живот, Кристијан е студент по економија на Универзитетот ФОН, не' убедува дека нема девојка, но веќе почнал сам да пишува текстови за своите песни, во обид да преточи некои свои љубовни искуства. Работи на случајот да ја победи тремата при јавните настапи, како и да ја пронајде рационалноста на својот хорскопски знак - Девица (роден на 31 август 1989 г.) за да ја смири бурата од емоции во себе, толку типична за неодамна пораснат тинејџер.


#
Статијата е прочитана 1165 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Операција фудбал
Македонско-бугарски историски контроверзии (18)
Ќелавоста повторно е секси
Бранко Наумовски нов претседател на Уставен суд
Промашени притворски казни
Не знаеш да готвиш - сакам развод
Лажењето на „Фејсбук“ полесно отколку лице в лице
Порно-индустријата спас за финансиската криза?
Ме тепа, ме малтретира. .. ама мое чедо е
Далеку е Шангај од ВМРО-ДПМНЕ
Македонија тропна на вратата од Србија
Создаваме моден бренд без помпа
Србомански бугаромани
Кочани доби реновирана сала
Бранување во облаци
Нов почеток за НАТО и за Русија
Вељановски на гости во Канада
Македонци со принцот на Јордан во Сочи
Стрелките наназад за подолг ден
Тачи до Красниќи
Нема да се дознае дали „Ибар“ е фалсификат






Macedonia begins rally season with little promise of real change
'Enlargement Strategy' criticises lack of media freedom in Western Balkans
'Big Four' political parties to form Bosnian government