Досието за врвот на ДУИ ќе се прераскажува како загадочен кодошки трилер, но никогаш нема официјално да се потврди
Оливера Војновска
„Ибар“, „Вујко“, „Мама“, „Стрелец“ заедно со досиејата што се во најава, во јавноста ќе се прераскажуваат како загадочен кодошки трилер. За нив ќе се говори во политичките кулоари, ќе се плетат и кафеански приказни, но правата вистина нема никогаш да се открие и официјално да се потврди. Досиејата се изработени во осумдесеттите и во деведесеттите години од минатиот век од СДБ на СФРЈ, поточно од српската служба. Оригиналите (кои единствено може да се вештачат) се во српските архиви и прогнозите на контраразузнавачите се дека нема теорија да ни ги дадат. Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Митевски, е убеден дека станува за веродостојни документи, односно за копии на оригиналот. Меѓутоа, исто така, убеден е дека нема никакви шанси да ги добиеме оригиналните досиеја од српската служба. „Ниту една служба во светот не ги открива соработниците. Информации и податоци се разменуваат, но изворите никогаш не се кажуваат. Американската и британската служба имаат извонредна соработка, сепак, имињата на соработниците не ги даваат“, посочува Митевски.
Тој очекува и одговорот од УБК за „Ибар“ да биде: „фабрикувано-плагијат“, како што одговорија за „Вујко“ и за „Мама“, врз основа на споредба со идентични документи водени за други лица. Според него, констатацијата се однесува само на формата на документите. „Досиејата се од странска служба, тие се копии на оригиналот и не може тука да се вештачат. Така што, УБК воопшто не навлегува во содржинскиот дел“, вели тој. Во разговорот за „Утрински“ појаснува зошто е тоа така.
„Документите се работени од српската служба и без вклучување на македонската. Тие се правени во Швајцарија, без помош од Македонија. Според настаните, термините, деталите што се изнесени, се гледа дека не се фалсификувани, фабрикувани. Нема никакво сомнение дека се автентични. Ниту еден припадник на службата од која било држава од бившата СФРЈ да го седнете и да му кажете да направи досие врз основа на претходното искуство, нема да биде во состојба да го изработи вака прецизно и уверливо. Тоа ќе ви го каже секој што работел во тајните безбедносни служби“, раскажува Митевски.
Досието „Ибар“ му говори дека личноста на која се однесува била многу скапоцена за српската служба. „ Во записите се изнесени детали и пикантерии, така што очигледно дека бил многу добро воден од српската служба. Се гледа дека бил исклучително лојален соработник и им дал многу квалитетни информации за дејствувањето на албанска емиграција. Сигурно имал чести контакти со оперативниот службеник за тој да има деликатни информации за педофилски и сексуални склоности“, смета поранешниот прв контраразузнавач.
Не е изненаден поради тоа што сега во јавноста се пласираат информации дека досиејата се фалсификат. За него е разбирливо и тоа што луѓето што ги кодошел „Ибар“ изјавуваат дека не веруваат дека можеле да бидат интересни за денунција. „Тоа го прават од внимателност, па и од страв. Имаат семејства, нормално дека ќе бидат воздржани“, вели Митевски.
Неговата прогноза е дека нема да се отвори постапка за лустрација на високите функционери на ДУИ и дека целата приказна ќе остане недокажана. „Комисијата за лустрација ќе се потпре на одговорот од институции што не ги поседуваат документите (бидејќи се од српската служба) и ќе констатира дека нема основа за лустрација. Само тоа е формалната страна. Вистината нема да има официјална потврда, но ќе резултира со пресметка во албанскиот блок. Досиејата стасаа до врвот на ОНА, а ќе излегуваат и други документи. Па, колку и да тврдат дека се фалсификат, јавно ќе се појават лица што ќе се препознаат и ќе сведочат за веродостојноста на досиејата и ќе ги потврдат настаните“, предвидува Митевски.
Инаку, тој како директор на УБК немал никакви информации ниту за „Ибар“, ниту за другите досиеја. Според него, нашата служба, најверојатно, немала такви сознанија. „Во документите за ’Ибар’ има рачно запишана забелешка „Итно! Види со СДБ на Македонија“. Но, во нив нема потврда дека македонската служба била информирана. Колку што знам, во Службата нема досие или трага од такво нешто. До мене, како директор на УБК, не стасала таква информација“, вели Митевски.
Pa sto ocekuvavte da odgovori UBK.Ako gi prasate i za 2001 ke vi kazat deka nemaat dosieja za posocuvanite lica.Ova e borba na tajnite sluzbi na tloto na Makedonija, i Gjujo saka da ja drzi na uzda DUI, da ne mu izbega "slucajno".
Од: Pavel
Датум: 30.10.2010 16:08:05
Во емисијата на А1 со новинарот М. и Г. М. пред неколку дена, Г. беше јасен и категоричен дека не само српската туку ниту една друга служба на која било друга држава во Светот нема да предаде на друг досиеја или каков било друг доверлив материјал со кој располага службата. За ова на Г. несомнено треба да му се верува. Според ова ќе биде погрешно досиејата да се бараат од Белград. Претседателот нема да ги добие. Дека ова е така можевме да се увериме и од емисијата „Во центар“ на В. Е., кога на прашањата на новинарот (кој, тоа можеше да се види, целосно беше егзалтиран) инспекторот од Србија побрза (договорено или не сеедно) да го заокружи својот одговор со неговото мислење дека сите тајни досиеја од Белград биле префрлени во Приштина. Според тоа, одговорот како главна порака на емисијата беше дека Белград односно Србија немаат врска со овие досиеја, туку со нив врска има само Приштина! Наздравје шишање!
Дефинитивно што ќе ние Европа,Нато и сл.Докажавме дека свртуваме нов лист.Ништо од Балканската крчма не ни треба.Светот дојде,и ни ја кажа формулата за успех.Се е сторено,нема што да се стори.Што толку се лигавите, пред масата.Тоа е едно големо ѓубре,кое одамна требаше да биде фрлено на буниште.Ако и ова помине дефен��тивно сме на раат.Што и да правиме,за нив веќе ништо не значи.А бре,мали и големи!До толку ли го сметате граѓанинот лесен?!Затоа нашите деца и со наредното задолжително високо,нема многу да му ја мислат.Колку ли стационари за нивно третирање ќе ни требаа ако навистина сериозно си го ставаа на срце.А вие,почитувани статисти.Еве одговор од базата.Будалалакот ви врви.Само толку.Повеќе не.Страв мие да не ме оцинкате,пред браќата-народ.Да морам после да ретерирам кај вас.Не.Страв ми е од таква уживанција.
Од: николовски
Датум: 30.10.2010 20:08:47
Мислам дека досиеата се веродостојни.Но, во Макдонија нема политичка волје овој процес успешно да се заврши.Но, за волја на вистината едне дел о членвите на комисијата за лустрација немаат ниту стручни, ниту морални квалитети оваа работа да ја работат.
Од: Makedonec vo SAD
Датум: 30.10.2010 20:54:06
Ova se eftini finti so namera za destabilizacija na vlasta vo Makedonija i scenario za voved vo novi izbori. Sovetskata tajna sluzhba se ushte gi nema kazhano nitu psevdonimite, nitu mestata na deluvanje, nitu pak kakvi informaci dale nejzinite sorabotnici vo NACISTICHKA GERMANIJA OD VREMETO NA VTORATA SVETSKA VOJNA!. Od druga strana nekoj vo Makedonija pak saka narodot da veruva deka sluzhba na edna sosedna zemja kje go napravi istoto, za period pomal od 10 godini. Ova se prikazni za mali deca,na koi shto samo naivnite kje veruvaat.
Од: zuma
Датум: 30.10.2010 22:15:46
I ja bas se cudim.A posle nemoj ti da cudis.
Од: sheki
Датум: 31.10.2010 19:44:35
' sfrj'-bese poznata i po ibar cigarite, bea bagatela, pa verojatno tolku vredel i nivniot 'ibar'. kolku i da se negira vistinata e taa
Од: hakom
Датум: 31.10.2010 21:04:32
Kazete samo eden funkcioner ili covek sto zazemal nekoe vidno mesto porano a da ne bil kodos. Ako ne kodosel znaci ne bil dorasnat za takva funkcija i zatoa moras da kodosis ako ti treba foteljicka pusta zlatna
Од: sasho
Датум: 31.10.2010 21:51:55
Znaesh li sto TI zxaes NISTRO!
Од: Ilir
Датум: 01.11.2010 08:47:56
Znaci,spored ovie informaci ako se tocni ,nie Albancite treba da se gordeeme so ovie kodoshi,zatoa shto ovie uspeale da go nateraat SDB da gi formira UCK, i da gi napravi 2 vojni,kako rezultat na toa da izleze NEZAVISNO KOSOVO, i OH.DOGOVOR.Ako izleze deka se tocni ovie dosieja,srbskiot narod treba da bara odgovornost zashto mnogu lugje zaginea branejki ja Jugoslavija,neznaejki deka se beshe dogovorena...