Број 3419  сабота, 30 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Фељтон








Site Meter

Социјална мрежа

Лажењето на „Фејсбук“ полесно отколку лице в лице

Може да се признае дека лажеме зашто функционира тоа, но имаме и корист. А технологијата многу ни помага за тоа - полесно е да се послужиме со наведените средства отколку да лажеме во живо

„Зошто лажеме? До извесно ниво можеме и да бидеме горди на своите лаги - тие се знак на интелигенција и когнитивни вештини. А тие вештини, според истражувањата, најмногу сакаме да ги вежбаме на социјалните мрежи.

Вистинска вештина е да се препознае како стојат работите и да се создаде алтернатива на вистинската ситуација, а тоа е вештина што многу ја вежбаме“, се ��аведува во истражувањето објавено во весникот за основна и применета психологија. Научниците заклучиле дека дури 60 отсто од испитаниците лажеле барем еднаш во текот на 10-минутното снимање на разговорот. Интересно е тоа што испитаниците мислеле дека биле искрени, па и самите, откако ги виделе снимките, се зачудиле на своите лаги. Лагите често настануваат од желбата да ги зачуваме самодовербата и сликата што ја имаме за себе.

А понекогаш лажеме свесно и за тоа многу ни помага технологијата. Понекогаш полесно е да се послужиме со кои било средства, отколку да лажеме лице в лице. Според последната студија, на луѓето им е попријатно да лажат кога се скриени зад тастатурата.

„Оптимум рисрч“ спровел истражување врз 2012 лица, а резултатите покажале дека само 20 отсто од луѓето се изјасниле оти се поискрени комуницирајќи преку „Твитер“, или текстуални пораки, додека речиси една третина изјавиле дека се поискрени кога со некого разговараат лице в лице.

Психологот Глен Вилсон објаснува дека модерните технологии, како смартфоните, социјалните мрежи и инстант-пораките се иновации со кои луѓето ги дополнуваат своите дружења, но и ги поместуваат бариерите во разговорите и начинот на кој размислуваат, па овозможуваат поголема отвореност.

Може да се признае дека лажеме зашто тоа функционира, но имаме и корист. А технологијата многу ни помага за тоа - полесно е да се послужиме со наведените средства, отколку да лажеме во живо, да го контролираме говорот на телото, а притоа и да ја очекуваме туѓата реакција.

Признајте, колку пати излажавте денес? (Ј.П.)


#
Статијата е прочитана 1112 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Операција фудбал
Македонско-бугарски историски контроверзии (18)
Ќелавоста повторно е секси
Бранко Наумовски нов претседател на Уставен суд
Промашени притворски казни
Не знаеш да готвиш - сакам развод
Порно-индустријата спас за финансиската криза?
Ме тепа, ме малтретира. .. ама мое чедо е
Далеку е Шангај од ВМРО-ДПМНЕ
Македонија тропна на вратата од Србија
Создаваме моден бренд без помпа
Србомански бугаромани
Кочани доби реновирана сала
Бранување во облаци
Нов почеток за НАТО и за Русија
Вељановски на гости во Канада
Македонци со принцот на Јордан во Сочи
Стрелките наназад за подолг ден
Во костец со естрадата и тремата
Тачи до Красниќи
Нема да се дознае дали „Ибар“ е фалсификат






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU