Број 3419  сабота, 30 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Фељтон








Site Meter

Фељтон

Македонско-бугарски историски контроверзии (18)

Поволни ветришта или пробни балони

Од сите бугарски политичари, во однос на македонското прашање најголем исчекор направи експретседателот Жељу Желев

Виктор Цветаноски


Mакедонија и таканареченото македонско прашање во Бугарија особено беше актуелно првата деценија по падот на режимот на Тодор Живков. Немаше избори, а тоа да не биде инициран�� и секој политичар внимаваше што ќе каже за него, ако сака, се разбира, да дојде на власт. Практично, меѓу политичарите и тогаш и денес постои премолчен консензус.

Секој оној што би се обидел да каже поинакво мислење од тоа дека македонска нација и јазик не постојат, ќе се осуди на политичко самоубиство. Но, и покрај тоа, понекогаш можеше да се слушне и поинакво мислење кое не беше ништо друго освен пробен политички балони за да се виде како ќе реагира чувствителната јавност. Најчесто за таквите поинакви мислења беа ангажирани политичари од понискиот ешалон.

По познатата гладна зима 1996/1997 година, кога претседател на државата беше Петар Стојанов се формира службена влада на чело со Стефан Софијански. Тогаш почнаа да дуваат некакви поповолни ветрови кон Македонија. Заменик-министерот за надворешни работи Валентин Добрев, на изненадување на сите, изјави дека новата влада на Бугарија е подготвена да ги прифати новите реалности во соседна Македонија - нацијата и јазикот. „Признавајќи ја државата, ние, се разбира, ги признаваме сите атрибути на таа држава, во таа смисла и Уставот и прописите во неа, дека официјалниот јазик во Македонија е македонски“, рече тој. Според него, официјалната влада најавила подготвеност Бугарија да направи разумен компромис и спорните прашања да се решат на цивилизиран начин. „Не го поставуваме прашањето за името на Македонија - некој да кажувал дека тоа не е Македонија, а на пример западна Бугарија или дека таму не живеат Македонци, а западни Бугари“, дообјасни Добрев.

Малку подоцна кога премиер на Бугарија стана Иван Костов, кон Македонија беше испратен нов позитивен сигнал што упатуваше на заклучок дека новото раководство на бугарската државата е подготвено да ги заборави старите соништа за Македонија како исконска бугарска земја. Бугарскиот историчар Боби Бобев, близок до власта изјави: „Порано или подоцна треба да ја признаеме македонската нација како таква. Штом луѓето таму се чувствуваат Македонци, исклучително е штетно да ги убедуваме дека не се тоа. Се разбира, во таа насока и на надворешнополитички план може да се заврши многу полезна работа. Зашто, македонската нација во никаков случај не значи откажување од нашата сопствена историја“.

Истовремено, тој нагласи дека Бугарија треба да престане да гледа назад во историјата и да се сообрази со реалностите на Балканот, без разлика на тоа колку тие се болни.

„Тие се болни. И тоа болни како за бугарското национално сознание, така и за моето сознание како историчар. Но, на крајот на краиштата, не можеме да не се сообразиме со нив. Си спомнувам дека писателката Ана Каменова го нарекува Охрид ’сината фантазија на еден народ‘. Но, ако продолжиме да опстојуваме на тезата за нашите браќа во Вардарска Македонија, ризикуваме да згрешиме. За тоа што се тие луѓе, какво е населението во Република Македонија може да изјави единствено самото население“. Според него, постоењето на една нација се определува од самото сознание на луѓето, а нејзините граници се оцртуваат од општиот јазик и културата.

Истовремено, тој потенцира дека бугарската јавност има потреба од сериозна објаснувачка работа. „Не можеме непрекинато да живееме со мислата за санстефанска Бугарија, за Бугарија на три мориња. Не можеме непрекинато да живееме во општествено-политичката практика со сфаќања кои се од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Тоа е апсурдно“, нагласи Бобев.

Меѓутоа, и изјавата на Валентин Добрев и изјавата на Боби Бобев предизвика лавина реагирања. ВМРО на Красимир Каракачанов, дежурен чувар на бугарштината, ги обвини за предавство на каузата. Добрев неколку дена подоцна беше присилен да се негира самиот себеси. „Кога реков дека Бугарија треба да ги прифати реалностите во Македонија, немав предвид да се признае јазикот и нацијата“, демантираше тој. И историчарот Бобев плукна врз она што го кажа, поддржувајќи ја тезата дека Република Македонија е коминтерновска творба. „Отровните плодови на денационализацијата, вештачки создаден јазик со декрет, за жал, се факт“, изјави подоцна тој во една дебата, изразувајќи надеж дека Македонците ќе го осознаат заедничкото минато со Бугарите и ќе сфатат дека имаат ист родов корен. „Тогаш може да се покаже дека под пепелта тлее жар”, ќе заклучи Бобев.

Веднаш се виде дека со нивните први изјави власта сака да го почувствува пулсот на јавноста, која очигледно не можеше да го проголта тоа. Добрев и Бобев подоцна беа именувани за амбасадори, а Бугарија остана на старите негаторски позиции, што ќе се види од една официјална декларација на владата на Костов по обвинувањата на Георги Прванов дека признале македонска нација и македонско малцинство во Бугарија.

„Ако за време на последните две децении имало некаков национален процес на формирање, тој останал ограничен на територијата на бившата југословенска Република Македонија (БЈРМ) и никаков дел од бугарското население не учествувало во него. Никаков дел од бугарското население во минатото не припаѓало на македонската нација, зашто таква нација не постоела. Никакви територијални промени не настапиле во географската област Македонија од почетокот на сличен процес. Во тој однос е разбирливо дека бугарското општествено мислење, институциите и политичките партии во државата сметаат за исклучително тешко да го прифатат тврдењето за некакво македонско малцинство во Бугарија“, стои во декларацијата на тогашното Министерство за надворешни работи на Бугарија.

Поинакво мислење во однос на македонската нација од познатите тези на Софија имаше и експретседателот на Бугарија, Жељу Желев, кое најверојатно го чинеше втор мандат. Во книгата „Во големата политика“, тој пишува за својата посета на Скопје кога му беше промовирана на македонски јазик книгата – „Фашизмот“ . „Тука првпат ми беше поставено прашањето дали ја признавам македонската нација. Одговорив дека ние први ја признавме Македонија како независна и суверена држава. Тоа значи дека сме го признале нејзиниот државен суверенитет и нејзината територијална целост. Понатаму тоа значи дека немаме никакви територијални претензии спрема нивната држава. Што се однесува до тоа, дали го признаваме постоењето на македонската нација, тоа не е наш проблем. Тоа е суверено право на народот на самоопределување. И уште поточно: тоа е свето право на граѓаните на вашата држава, дури не и на владата, на официјалните државни власти. Така е насекаде во светот, во демократските држави. Ете зошто не сме тие кои ќе ви кажеме што сте по национална припадност. Вие сте такви, какви што се самоопределувате. Како демократи, должни сме да се однесуваме со уважување кон вашето право на национално самоопределување, да го почитуваме националното достоинство на вашите граѓани и ништо повеќе“.

Меѓутоа, бугарскиот експретседател и натаму тврди дека Македонците имаат бугарски корен, развивајќи ја тезата дека етничкото потекло, етничките корени на едно население и неговата национална припадност биле различни нешта. „Етничката генеза, етничките корени се нешто дадено, наследено како за одделни индивидуи, така и за различни поколенија. Поради тоа, човек не може да си го избира етничкото потекло. Тој е таков, како што му е дадено од родот, од историјата на неговиот народ. Откако мајка му и татко му, дедо му и баба му, како и нивните предци, биле Бугари, тој не може да има друг етнички корен освен бугарски. Но, по национална припадност, која се определува од националното самосознание и самочувство на човекот, тој воопшто не е должен да се чувствува Бугарин, т.е. дел од современата бугарска нација“, ја образложува својата теза Желев.

Меѓутоа, Желев по оваа изјава не направи нов исчекор. Тоа се покажа подоцна кога за време на посетата на македонскиот претседател Киро Глигоров на Бугарија договорените спогодби за соработка Софија не сакаше да ги потпише на македонски јазик.


#
Статијата е прочитана 3077 пати.

Испрати коментар

Од: ivan
Датум: 30.10.2010 12:29:56
Zaboravivte da kazete,kolko mnogu pomogna Zelev za priznavaneto na RM ot strana na Ruskata federacija i ot strana na Turcija. Zaboravivte da kazete,deja tochno istiot Ivan Kostov dade tenkove i oruzie za borbata 2001 godina bez pari,zaboravivte da kazete deka istiot Petar Stojanov oficialno predlozi vsekakva voena pomosht (i vojnici) na RM 2001.
Од: literat
Датум: 30.10.2010 13:56:40
Smetam deka demokratsko pravo na sekoj covek e da ima svoe nacionalno cuvstvo.Vinata e mozebi i nasa,koga nekoj vo Makedonija ke izjavi deka se cuvstvuva bugarin,site mu se nafrlame kako da e gjavol.So toa samo ja potvrduvame tezata koja ja plasiraat bugarite deka sme edno isto.Koj kako saka neka se cuvstvuva samo na drugiot da ne mu kazuva kako da se cuvstvuva.
Од: sime
Датум: 30.10.2010 16:32:37
Kolku poveke ne negiraat i prekrstuvaat tolku poveke jakne nacionalnata svesst kaj makedoncite.Kako da me ubedat deka imam bugarski koren koga sum"niknal"na makedonska pocva.
Од: sovremenik
Датум: 30.10.2010 16:39:56
do ivan: zabravivte za visokata politika i osvojuvanje bez kuršumi i kapka krvta. Bugarite ništo ne pravile, a da ne e nivniot interes i vo nivnata korist, naa dolgoročniot plan. Den deneska Bugarska ima pretenzii kon Makedonija, osobeno na planot na dfenacionalizacijata.
Од: Државата нацијата јазикот
Датум: 30.10.2010 16:53:35
Во книгата од 2005 г Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет. Г. Желев ја призна независноста на Македонија но се иплаши за нацијата и јазикот. А што пак останува за малцинството . П. С.За бројките, Во Македонија може има стотина Бугари. Тие со пасошите повеќето од нив недај боже да дојдеш на тоа дереџе. А обратно е ако се со ��акедонско потекло како напиша Мицов 1/3 од населението во Бугарија па Турци Роми Власи и др може 55% се прави Бугари. Смешно е да се бараат кај нас други кога од сите страни е Македонија значи Македонците се кај нив. Стогодишната асимилација направила свое но и бројката на освестени е голема. По мене околу еден милион свесни дека се Македонци има околу македонската граница. П.С. Само за Мегалександрос Кипарски Фиљо Каравангелис Феличита. Не се егејци Македонци се. А такви егејци се Филип Александар Кирил и Методи ХаџиНиколов Гоце Сандански Мисирков Лазар пТрајк Мирка Гинова Павле Филипов Воскопулос и едно 800.000 денес во Грција.
Од: ivan obratno
Датум: 30.10.2010 17:44:59
Ivan! Obratno e, Ruskata federacija mu nalozhi na Zhelev da ne priznae kako nezavisna drzhava. Bugarija ne beshe mnogu raspolozhena za nashata nezavisnost
Од: nikolovski
Датум: 30.10.2010 19:52:02
Se dodeka ni kazuvaat koi sme nema iskrena sorabotka. No sepak mislam deka ne treba da gi izbegnuvame kontaktite. Naprotiv, so pocesti kontakti mozeme pouspesno da gi resavame medjusebnite problemi.Treba da nastojuvame so site sosedi da imame dobri odnosi.
Од: karokan "gambit"
Датум: 30.10.2010 20:17:03
G-dine Ivan,se e tocno toa sto go tvrdis.Nikoj ne moze da go negira,nitu se obiduva da go napravi toa. (Osven mozebi nekoi ne mnogu akalni,da ne kazam poneakalni od tebe).Taka mi izleze bez da se navredis,zosto ne ja gledam smislata na tvoeto tvrdenje (koe rekov e tocno) so sodrzinata na tekstot. Da receme deka takvo nesto sme mozele da go dobieme i od Japonija,dali togas trebase da se cuvstvuvame japonci!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Jas mislam,a toa treba da bide i vo tvojata i drugi slicni glavi,deka.dadenoto ne e zamena za etnickoto samosoznanie.Eve pred nepoln mesec,pod vlijanie na Tircija,pod ustavnoto ime sme priznati od Saudiska Arabija.Sto,spored tebe,sega Turcija treba da ocekuva od R.Makedonija-narodot da se izjasni za turski???. Ja znaes anegdotata za covekot sto mu dal cador na drug covek i postojano povtoruval deka ako ne mu go dal cadorot ce bil izmokren do koza.Po ova covekot mu go vratil cadorot i skoknal vo rekata ta se izmokril do gola koza!!
Од: Se prasuvam ?
Датум: 30.10.2010 20:40:27
Se prasuvam. Da ni reci nekoj onaka na smea: " Ne si makedonec si Engles" -ce se nasmeeme. "ne si makedonec si Avstriec ili poljak' , pak ce se nasmeeme. No ako ni rece nekoj deka sme Bugari tolku mnogu se vozne4miruvame. Se prasuvam zosto. Dali navistina tuka nesto mirisa i " pod pepelta ima zar" odnosno nasata etnogeneza e zaednicka , pa nie kako najmlada nacija na Balkanot( stvorena duri vo 20 vek)so izraziti kompleksi od toa , na sekoj nacin i vo panika ja negirame
Од: nekoi
Датум: 30.10.2010 21:46:16
Dali Stalin i Tito se po-demokrati od Kostov i Zhelev?
Од: Ивајло
Датум: 30.10.2010 23:02:02
Факт е дека Русите го послушаа Желев инаку, Русија, таа голема земја, немаше да не признае. Абре, бај Иван. Навистина и јас мислам како тебе. Ама навистина. Часна реч.
Од: Историчар
Датум: 30.10.2010 23:57:23
Будалаштини? Бугарите, несфатливо, денес во XXI век, кога телевизиите, интернетот и сите други погодности се на дофат и на најнеписмените, сакаат сосила да направат неможно, на коњот со мрсни букви да напишат магаре и тоа да го престават како реална стварност. Коњот небива Магаре. Тие сакаат истото да го направат со МАкедонија, Македонците, македонскиот национален идентитет дека се Бугарски или со корени. Небива господа екстремни замаени и заблудени Бугари, не останатите.
Од: Балканец
Датум: 31.10.2010 07:36:28
Груевски, штом си толку храбар, направи референдум со прашање: "Дали сте за тоа Македонија да се обедини со Бугарија?"
Од: makedonec
Датум: 31.10.2010 08:23:33
ne makedoncite imat bugarski korenja tuku obratno, bugarite imat makedonski korenja, nasi deca se bugarite i treba pocit da pokazat, sprema tatkoto makedonija bugarite se mlada nacija vo sporedba sonas, toa i oni go znajat pa sega cene obeluvat so gluposti, stosne bile nie zosto nego priznat (omo ilinden) od stove stra pa da vidime kolku ne ima site makedonci sto zemaja bugarski pasos ce glasat za nasata partija i ce ispadne namesto vie dane pobugarite nie ceve pomakedoncime ot toa ve stra zatoa nego priznavate makedonskoto malcinsvo
Од: od Canada
Датум: 31.10.2010 17:56:41
"....ne makedoncite imat bugarski korenja tuku obratno, bugarite imat makedonski korenja, " Da bideme uste poubedlivi -site ivo ovoj svet mat makedonski korenja. Bil Klinton e Makedonec, Henry Kisinger e Makedonec. Pele isto e Makedonec.
Од: Petrichanin
Датум: 31.10.2010 18:52:29
Dali makedoncite imat bugarski korenja ili, obratno, bugarite imat makedonski korenja, tolku li e vazno. Jas mislam - vaznoto e deka lozata i golem del od vekovnata istotija na lugeto vo Bugaria i Makedonia e edna i ista.
Од: Фиљо до Лоте Каравангелис
Датум: 01.11.2010 07:14:10
Добро ,Лоте,а зошто не ги добиваат изборите во Грција и Бугарија?
Од: До: ivan
Датум: 01.11.2010 08:14:32
Заборавивте само да кажете дека Желев замислуваше дека ќе се оствари вековниот сон на Б’лгарите и ВМRО за „единен народ“,дека тенковето беа добар начин да се решите од неупотребливото Старо Железо,а идејата за воена помош и војници,желба за повторно доживување на катарзата од 1941!
Од: George
Датум: 01.11.2010 08:16:30
Ах, само што прочитав во еден друг весник статија на Бачев. Не само како во овде цитираните изјави, туку и оксфордски професори прескокаат еден век, па забораваат дека ова е 21 век, наместо 19ти. Но, времето лечи се, па и нив ќе ги излечи, нели?
Од: mene
Датум: 01.11.2010 10:42:45
Bugarija, pa bugarite, pa makedoncite, pa malcinstvata..Danas makedoncite sa mnogu poveke brakq so srbi ili bliski so srpski mentalitet otkolku so bugarite, site begalci od egejsko i vardarsko i pirinsko sa del od bugarskata nacija, ako i so makedonski koreni. da, barem 35 po 100 od bugarite sa 'nashi', no jas ne som slushal od 1991 da imalo golemi 4ekori za 're-makedonizacija' na ovie makedono-bugari. kaj nas i vo srbija ima premnogu jugonostagija poshto se ziveeshe super a bugarite bea gladni; isto i so nashive vo grcija - 6tho ke dobiat od golema Makedonija? turbo folk i prikazni za druze Tito. Mora da se misli za makedonskata idnina, nikoj nema da ima vo drjavata posle u6te 5-6 godini..

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Операција фудбал
Ќелавоста повторно е секси
Бранко Наумовски нов претседател на Уставен суд
Промашени притворски казни
Не знаеш да готвиш - сакам развод
Лажењето на „Фејсбук“ полесно отколку лице в лице
Порно-индустријата спас за финансиската криза?
Ме тепа, ме малтретира. .. ама мое чедо е
Далеку е Шангај од ВМРО-ДПМНЕ
Македонија тропна на вратата од Србија
Создаваме моден бренд без помпа
Србомански бугаромани
Кочани доби реновирана сала
Бранување во облаци
Нов почеток за НАТО и за Русија
Вељановски на гости во Канада
Македонци со принцот на Јордан во Сочи
Стрелките наназад за подолг ден
Во костец со естрадата и тремата
Тачи до Красниќи
Нема да се дознае дали „Ибар“ е фалсификат






Election campaign kicks off in Moldova
Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries