Вељановски на гости во Канада
(01.11.2010г.-09:42ч.) Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски денеска е во официјална посета на Канада, по покана на првиот човек на канадскиот Парламент, Питер Миликен. Вељаноски ќе се сретне со претседателот на канадскиот Сенат Ноел Кинсела, со министерот за надворешна трговија Питер ван Лоун, со пратеници од Претставнчкиот дом, со претседатели и членовите на повеќе комисии на Парламентот на Канада, како и со Канадско-европската асоцијација за ОБСЕ и канадаската група за Интер парламентарната унија. Во рамките на посетата, претседателот на Собранието во Торонто ќе ги посети најголемите црковни општини каде ќе се сретне со заедницата на македонските иселеници во Канада.
|