Не знаеш да готвиш - сакам развод
(01.11.2010г.-09:44ч.) Иако многумина сметаат дека е шега кога мажите им кажуваат на жените дека љубовта доаѓа преку желудникот, изгледа дека сега тоа е и потврдено. Според истражувањето на една италијанска фабрика за производство на тестенини, докажано е дека секој 10-ти маж би ја оставил својата жена која не знае да готви. Анкетата, во која учествувале повеќе од 3.000 мажи, покажува дека 50 отсто од мажите сметаат дека вечерата подготвена дома е поромантична отколку заминувањето во ресторан со својата сакана. Со ваквото мислење се сложиле дури 45 проценти од жените. (МИА)
|