Број 3419  сабота, 30 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Фељтон








Site Meter

„Стилисимо“

Создаваме моден бренд без помпа

Логиката на брендот „Стилисимо“, зад кој стојат Цаци Паковска и нејзината партнерка Тања Панделеска, е: „Повеќе немате изговор дека стилот чини многу пари“

Јасминка Павловска

Цаци Паковска ги разбранува, ги збуни, па дури и ги вознемири македонските модни духови кога пред неколку години го воведе терминот „стилист“ во нашата практика. Навистина, многумина и ден денес не се начисто што се подразбира под тој термин, но Цаци упорно и без влакна на јазикот им го објаснуваше тоа преку својата емисија за мода и стил „Стилисимо“. И беше изненадувачки колку жестокост и зовриена суета може да предизвика една навидум „неважна“ тема како што е модата и стилот. Сепак, Цаци од пред еден месец отиде чекор натаму - создаде свој бренд на конкретна модна линија, продолжувајќи ја својата идеја во модата, нарекувајќи ја „Стилисимо“. Логиката на брендот „Стилисимо“ е: „Повеќе немате изговор дека стилот чини многу пари“.



Помина речиси еден месец откако на македонскиот моден пазар се појави Вашиот бренд „Стилисимо“. Задоволни ли сте од реакцијата на македонските модно (не)освестени потрошувачи?

„Навистина сум изненадена од одѕивот на македонските жени и девојки. Уште кога се подготвуваше колекцијата, бевме отворени за сите сугестии во врска со кројот и ткаенините и сметам дека на крајот добивме одличен производ - облека за жени што знаат што сакаат и, всушност, не се срамат да му покажат на светот кои се и колку вредат. Згора на се', сметам дека колекцијата „Стилисимо“ е навистина достапна, па така во неа можат да се пронајдат голем круг на девојки и жени и, секако, да си ги дозволат моделите“.



Кој беше мотивот за конкретен конфекциски потфат, изработување сопствена модна линија?

„’Стилисимо’ едноставно се случи без премногу помпа и најавување. Брендот можеби потекнува од мојата желба да создадам бренд за широка потрошувачка, но реализацијата на овој проект се случи благодарение на напорната работа на еден огромен тим на чело со мене и со мојата партнерка Тања Панделеска. Ние ги поделивме улогите во нашата фирма, но, секако ,сите одлуки во врска со естетиката, ткаенините и производтвото го донесовме заедно. Нашата идеја, односно сето она што пред само неколку месеци беше идеја и цртеж, сега претставува наша гордост, исто како кога се радувате на првите чекори на вашето дете“.



Која е целта на појавувањето на Вашиот моден бренд и дали кореспондира со реалната ситуација на македонскиот стандард?

„’Стилисимо’ е приспособен кон македонскиот стандард, односно ние бевме свесни дека македонскиот потрошувач, всушност, точно знае што сака и знае да го цени квалитетот. Затоа приоритет ни беа квалитетните ткаенини и, секако, добрата изведба. Воопшто и не се сомневавме во квалитетот на изведбата, бидејќи нашата текстилна индустрија е навистина развиена, со оглед на тоа што кај нас се шијат облеки за звучните светски имиња во модата. Надополнувајќи ја одличната изведба со добри ткаенини и со интересни модели, мислам дека на крај добивме добар производ. Сепак, за тоа ќе зборуваме по неколку години, а во меѓувреме ќе ги следиме трендовите и потребите на нашите потрошувачи“.



Со постоењето на брендот „Стилисимо“ што ќе се случува со Вашата кариера на ТВ-моден критичар, едукатор, како и онаа на моден советник - стилист? Мислам, ќе имате ли време за сето тоа?

„Брендот за облека ’Стилисимо’ е на некој начин еден чекор понапред од емисијата ’Стилисимо’. Сметам дека во изминатите четири години, колку што се емитуваше мојата емисија, успеав да направам телевизиски бренд и имав можност да поставам некои стандарди во модата и воедно да ги пренесам моите знаења на сите оние што ги интересира модата. Затоа јас никако не се откажувам од емисијата, и натаму ќе продолжам да ги презентирам најновите модни случувања, но, секако, и интересни прилози за модата и животниот стил“.

До каде стигнаа Македонците, пред се', Македонките во своето модно, стилско осознавање?

„Многупати сум го коментирала стилот на јавните личности во Македонија. Дури оние стил и антистил топ-листи што се емитуваа во првата и во втората сезона на ’Стилисимо’, на некој начин станаа тренд, па сега секој започна да коментира. Мојот став по тоа прашање воопшто не се смени. Сметам дека македонските улици ја даваат вистинската слика за македонската мода. Односно повеќе имате жени со стил на улиците отколку на ТВ-екраните“.


#
Статијата е прочитана 1344 пати.

Испрати коментар

Од: Igor
Датум: 31.10.2010 11:26:00
Би било убаво доколку Стилисимо се развие во стабилен Македонски бренд. Се надевам дека брендот ке им понуди нешто и на двата полови.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Операција фудбал
Македонско-бугарски историски контроверзии (18)
Ќелавоста повторно е секси
Бранко Наумовски нов претседател на Уставен суд
Промашени притворски казни
Не знаеш да готвиш - сакам развод
Лажењето на „Фејсбук“ полесно отколку лице в лице
Порно-индустријата спас за финансиската криза?
Ме тепа, ме малтретира. .. ама мое чедо е
Далеку е Шангај од ВМРО-ДПМНЕ
Македонија тропна на вратата од Србија
Србомански бугаромани
Кочани доби реновирана сала
Бранување во облаци
Нов почеток за НАТО и за Русија
Вељановски на гости во Канада
Македонци со принцот на Јордан во Сочи
Стрелките наназад за подолг ден
Во костец со естрадата и тремата
Тачи до Красниќи
Нема да се дознае дали „Ибар“ е фалсификат






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU