Број 3419  сабота, 30 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Фељтон








Site Meter

Тренд

Ќелавоста повторно е секси

Недостигот од коса може да му послужи на мажот како совршено оружје против оние што би сакале да му дадат повеќе години отколку што има, а освен тоа помага и да дојдат до израз очите и структурата на коските

Во Кремљ се менуваа со совршено правилен редослед. Ленин бил ќелав, Сталин со коса, Хрушчов немал коса, Брежњев имал... Низата ја продолжиле Андропов, Черненко, Горбачов, Јелцин и Путин... Врвот на политичкиот развој во минатиот век го доживеала со Винстон Черчил и Клемент Атли, а со зголемување на густината на косата на водачите што ги наследиле овие моќни лидери, како да опаѓала нивн��та способност...

Минималистичкиот изглед веќе со векови е предмет на дебати и судир на мислења дали ќелавите мажи се попривлечни од оние со повеќе коса, повторно ги заинтригира модните полицајци. Овој пат фанфарите во корист на минималистичкиот изглед засвиреа од другата страна на Атлантикот и тоа под паролата „ќелавоста е повторно секси“.

Според индексот на најпожелните бричени глави во САД, кој по тој повод го состави „Волстрит џурнал“, на самиот врв на најпривлечни мажи (кои страдаат од андрогена алопеција, или намерно се избричиле) и натаму суверено владее легендарниот актер Јул Бринер. Него во чекор го следи пермормерот Џејми Фокс, кој веќе некое време го промовира краткиот „еж - изглед“, па Брус Вилис, Кели Слејтер и Андре Агаси.

Анкетите од типот дали ќелавите мажи се способни да измамат повеќе воздишки, главно, одат во нивна корист. Што тогаш ги поттикнува мажите да си прават мечкина услуга со непривлечното префрлање на остатокот на косата од едната страна на другата, како Доналд Трамп? - се прашуваат Американците.

Одговорите на машките соговорници поттикнати на разговор биле интересни. Некои сметале дека треба да се „навикнат на природното губење коса“, а имало и такви што признале дека едвај го чекале двенеделниот одмор за да ја избричат главата, по што речиси станале зависни од стрижење на „нула“.

Недостигот од коса може да му послужи на мажот како совршено оружје против оние што би сакале да му дадат повеќе години отколку што има, а освен тоа помага и да дојдат до израз очите и структурата на коските. А тоа е она што жените го забележуваат и го сакаат. (Ј.П.)


#
Статијата е прочитана 1552 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Операција фудбал
Македонско-бугарски историски контроверзии (18)
Бранко Наумовски нов претседател на Уставен суд
Промашени притворски казни
Не знаеш да готвиш - сакам развод
Лажењето на „Фејсбук“ полесно отколку лице в лице
Порно-индустријата спас за финансиската криза?
Ме тепа, ме малтретира. .. ама мое чедо е
Далеку е Шангај од ВМРО-ДПМНЕ
Македонија тропна на вратата од Србија
Создаваме моден бренд без помпа
Србомански бугаромани
Кочани доби реновирана сала
Бранување во облаци
Нов почеток за НАТО и за Русија
Вељановски на гости во Канада
Македонци со принцот на Јордан во Сочи
Стрелките наназад за подолг ден
Во костец со естрадата и тремата
Тачи до Красниќи
Нема да се дознае дали „Ибар“ е фалсификат






Macedonia begins rally season with little promise of real change
'Enlargement Strategy' criticises lack of media freedom in Western Balkans
'Big Four' political parties to form Bosnian government