Број 3419  сабота, 30 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Фељтон








Site Meter

Поглед

Операција фудбал

Фарко Шакири

Фудбалот во Македонија се претвори во игри без граници во кои основната алатка на таа измислица, тркалезната топка, воопшто не е потребна. Фудбалерите пак, кои на овие простори таа иста колоритна топка ја туркаат бесплатно, или за дупла боза кај Апче се претворија во жртви на нивните фанови - боговите паднати на теме. Односно во поданици, а газди се таму некои „комити“, „балисти“ „војводи“, „чкембари“, „шверцери“.

Како награда за своето саможртвување поданиците од своите „претпоставени“ добиваат пресретнување и каменување на автобус (оделение во напад), качување на јарбол и симнување знаме (диверзант во акција), малтретирање на поединци(чистење на терен), меѓусебна физичка пресметка (тренинг за конечна разврска). Сепак, една таква, веќе лесно предвидлива пресметка нема да доживееме. „Војводата“ и „балистот“ од Тетово ќе мора да почекаат за својата нова блиска средба.

Полицијата по низа оперативни акции извлече логичен заклучок (можен клинч) и реши да превенира со препорака до ФФМ за одложување на натпреварот Тетекс - Шкендија. Политиката ете реши да го спречи дејствувањето на лажните поддржувачи на некакви вредности загубени во простор и време, на кои практично самата им креираше амбиент за нивно уживање.

Еден член на племето во филмот на Џејми Јус беше вчудовиден и скаменет кога од небото беше погоден со шише „кока-кола“. Овдешната јавност, пак, е здрвена од челичната тупаница на „кодошката улична револуција“. Кого сега и го интересира фудбалот, кога на сцена е друг спектакл. Затоа сите професионални фудбалери нека почнат да баратаат со топката по сите познати и непознати сокаци, а може и дворови. Можеби тоа е лекот да се врати интересот за фудбалот. Па не залудно постои домино-ефектот!




#
Статијата е прочитана 1337 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Македонско-бугарски историски контроверзии (18)
Ќелавоста повторно е секси
Бранко Наумовски нов претседател на Уставен суд
Промашени притворски казни
Не знаеш да готвиш - сакам развод
Лажењето на „Фејсбук“ полесно отколку лице в лице
Порно-индустријата спас за финансиската криза?
Ме тепа, ме малтретира. .. ама мое чедо е
Далеку е Шангај од ВМРО-ДПМНЕ
Македонија тропна на вратата од Србија
Создаваме моден бренд без помпа
Србомански бугаромани
Кочани доби реновирана сала
Бранување во облаци
Нов почеток за НАТО и за Русија
Вељановски на гости во Канада
Македонци со принцот на Јордан во Сочи
Стрелките наназад за подолг ден
Во костец со естрадата и тремата
Тачи до Красниќи
Нема да се дознае дали „Ибар“ е фалсификат






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU