Број 3419  сабота, 30 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Фељтон








Site Meter

Стрелките наназад за подолг ден

Како се дошло до идејата за летно и за зимско сметање на времето

Воведувањето на летното сметање на времето бил долг процес и честопати менуван во текот на годините. Се' почнало со Бенџамин Френклин, кој додека бил американски делегат во Франција, во 1784 го напишал есејот „Економичен проект“. Преминот од летно кон зимско време првпат е забележан во 1916 година, во земјите во северна Европа, а досега е воведен во околу 70 држави, претежно на северната хемисфера. На 21 мај 1916 година, Велика Британија, следејќи го примерот на Германија, првпат го воведува летното сметање на времето.

Прво, договорот бил часовниците да се поместуваат по 20 минути во текот на четири последователни недели, односно вкупно 80 минути. Причината била, исто како и денес, повеќе да се искористи сончевата светлина во текот на приквечерјето, а помалку светлина да остане неискористена во текот на утрото, но сето тоа да не биде многу драстично.

Поместувањето на стрелките во западна Европа е воведено во почетокот на 70-тите години од минатиот век, со образложение дека со тоа се продолжува денот, се овозможува заштеда на потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден е поефикасен.

Во Европа, во 1996 година, постигнат е договор од зимско кон летно сметање на времето да се преминува во последната недела од март, точно во 1 часот наутро според универзално време, односно во 2 часот според средноевропско време.

Европската унија и останатите земји во Европа од 2002 година одредија летното време да почнува последната недела од март и да завршува во последната недела од октомври. Поместувањето на времето во повеќето случаи се врши ноќта меѓу сабота и недела, со цел да не предизвика поголеми проблеми за работното население.

Исланд е единствената европска земја што не го воведе зимското и летното сметање на времето.

Од 2007 година Американците го сменија начинот на кој го сметаат времето, односно почетокот и крајот на летното сметање на времето, така што сега тие ги менуваат часовниците вториот викенд од март и првиот викенд во ноември.

На јужната хемисфера почетокот и крајот на летното време е спротивен во однос на северната. Повеќето од земјите на екваторијалниот појас воопшто не го менуваат времето, бидејќи таму и не се чувствува многу промената на должината на денот и ноќта во текот на годината.

Повеќето модерни компјутерски оперативни системи имаат можност за автоматски премин на летно сметање на времето. Меѓутоа, Израел до пред неколку години го менуваше летното време различно од остатокот од светот поради посебниот лунарен календар, така што повеќето системи не можеа да преминат кон израелското летно време.

Некои астрономи се против поместувањето и вештачкото продолжување на денот, бидејќи сметаат дека „природата не треба да се измачува“, дури и доколку како оправдување се користат економските причини. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 926 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Операција фудбал
Македонско-бугарски историски контроверзии (18)
Ќелавоста повторно е секси
Бранко Наумовски нов претседател на Уставен суд
Промашени притворски казни
Не знаеш да готвиш - сакам развод
Лажењето на „Фејсбук“ полесно отколку лице в лице
Порно-индустријата спас за финансиската криза?
Ме тепа, ме малтретира. .. ама мое чедо е
Далеку е Шангај од ВМРО-ДПМНЕ
Македонија тропна на вратата од Србија
Создаваме моден бренд без помпа
Србомански бугаромани
Кочани доби реновирана сала
Бранување во облаци
Нов почеток за НАТО и за Русија
Вељановски на гости во Канада
Македонци со принцот на Јордан во Сочи
Во костец со естрадата и тремата
Тачи до Красниќи
Нема да се дознае дали „Ибар“ е фалсификат






Macedonia begins rally season with little promise of real change
'Enlargement Strategy' criticises lack of media freedom in Western Balkans
'Big Four' political parties to form Bosnian government