Број 3048  среда, 29 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Финансирањето на партиите помина за неколку секунди

Власта и опозицијата немаат проблем со консензус кога станува збор за тајните извори на финансирање

Оливера Војновска

Пратениците не поднесоа ниту еден амандман на измените на Законот за финансирање на политичките партии, па финалната верзија вчера беше верификувана во Собранието без никаква дебата и само за неколку секунди. Поддршка на ова законско решение, што го предложи министерот за правда, Михајло Маневски, дадоа и власта и опозицијата, кои покажаа дека немаат проблем со консензусот кога се во прашање партиските донатори. Законот беше донесен со 68 гласа „за“, а немаше ниту еден против или воздржан.

Споменатите законски корекции, заедно со законите за парламент и државна администрација, се обврски што треба да се исполнат до 15 септември, со што ќе се зголемат шансите за добивање позитивен извештај од Европската комисија. Минатата недела договор за поддршка на пакетот од три закони постигнаа лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и на Нова демократија. Измените на Законот за финансирање на политичките партии е единствениот од трите проекти што не го проблематизира ниту една партија.

За разлика од партиите, експертите се скептични дека Законот ќе смени нешто во однос на тајните финансиски извори. Напротив, партиите се посочуваат како најголеми пералници на пари и доминира мислењето дека Законот се изигрува, а институциите, наместо да ги санкционираат прекршителите, го толерираат таквото однесување.

Сепак, надежите на предлагачот се дека овие законски измени ќе овозможат поголема контрола и транспарентност во финансирањето на партиите. Според Законот, доколку партиите јавно не го објават годишниот финансиски извештај на својата веб-страница и најмалку во еден од дневните весници, ќе бидат казнети со 2.500-5.000 евра. Годишниот финансиски извештај на политичката партија треба да содржи податоци за вкупните приходи и расходи, вкупен износ на донации, односно подароци, прилози, дотации, пари, материјални средства, опрема, услуги и друго, вкупен износ на членарина, сопствени приходи.

Со Законот се предвидува ако висината на донацијата е поголема од утврдениот износ, политичката партија да мора најдоцна за 15 дена да му ја врати разликата на донаторот. Доколку не може да се утврди потеклото на донацијата, овие средства во рок од 15 дена треба да ги префрли на буџетот. Доколку одговорното лице за финансиско работење на политичката партија најдоцна за 15 дена не ја врати разликата меѓу дозволената и донираната вредност, на донаторот ќе му се изрече глоба од 1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност. Глоба од 2.500 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе и' се изрече и на политичката партија. На лицето одговорно за финансиско работење на политичката партија, која во рок од 15 дена од денот на добивањето на донацијата чие потекло не може да се утврди не ја префрли разликата во буџетот, ќе му се изрече глоба од 1.000 до 1.500 евра. За истиот прекршок политичката партија ќе треба да плати од 2.500 до 5.000 евра.


Статијата е прочитана 676 пати.

Испрати коментар

Од: zuzubaba
Датум: 29.07.2009 05:29:08
Проблемот не е во финансиската контрола. И до сега постоеа санкции во законот па не се спроведуваа. И од сега ќе биде така. Но со законот дефинитивно се воспоставува владеење на една партија ДПМНЕ-СДСМ или обратно СДСМ-ДПМНЕ. Со овој закон дефинитивно се уништуваат сите можности за трета опција. И наместо што партиите на власт влечат пари со финансирање на свои невладини организации во законот требаше да обезбедат минимални услови за минимална рамноправност и за помалите партии. Се разбира под одредени услови. Затоа да не сме изненадени за промтната согласност околу овој закон. Рака рака мие.
Од: Трпе.
Датум: 29.07.2009 07:51:39
Оваа се така ќе биде,се додека Македонија е село без кучиња.Од ова може да се види ,колку владата се грижи за народот или лично за себе ,колку може подолго да остане на власт.Земете го примерот на локалните избори,министерката за култура донирала 300 илјади денари за изборите а никој не ја запрашал од каде и се тие пари.(претпоставка,од провизите од Паско Кузман)
Од: zabegan.
Датум: 29.07.2009 14:47:21
Апаши за тоа наоѓат заеднички јазик.Се ќе биде така додека не дојдат прави луѓе,И донесат закон за БЕСЕЈНЕ на јавно место.

Најди! во Утрински
Насловна
Хармонија со краток здив
Дали Врело е најдлабока подводна пештера во Европа
Почна судењето за убиството на полицаецот кај ПМФ во Скопје
Македонија ќе управува со парите од ИПА за инфраструктура
Жедни покрај вода
Кој ги украде украдените пари на Војо и Ламбе?
Без странски фудбал на ТВ во термини кога има домашен
Почна битката за преговори во Брисел
Амбарите преполни, а државата увезува жито
Да не сте во нивна кожа
Карикатура