Брoj 2756  четврток, 07 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

И Атина и Скопје сакаат разговори „само“ за името

Се очекува да се одржи уште една консултација на државниот врв пред заминувањето на Димитров во Њујорк

Димитар Чулев

Шефицата на грчката дипломатија, Дора Бакојани, стави јасно до знаење дека во Њујорк може да се преговара „само за името и на кој начин ќе се користи тоа“. По завчерашната средба со премиерот Костас Караманлис, во врска со поканата на Метју Нимиц за нова рунда преговори во Њујорк, Бакојани уште додаде дека „Грција ќе седне на преговарачката маса со истите ставови“.

Дека ќе се разговара само за името е став и на македонската страна. Од Министерството за надворешни работи вчера ни потврдија дека нема промена и дека Димитров во Њујорк на маса ќе ги изнесе истите позиции околу името за кои Атина има различно гледање. Може да се разговара за името, но не и за прашања што засегаат во националниот, културниот и јазичниот идентитет на Македонија, велат во МНР.

За отворањето на таканареченото егејско прашање, околу кое се јавија контроверзии дали тоа дополнително ќе ги отежне разговорите со Атина или ќе доведе до извесна противтежа на се' подрските барања на Грција кои почнаа да засегаат во внатрешни прашања на земјава и наметнуваа дури и уставни промени, министерот Антонио Милошоски во една од последните изјави рече дека отворањето на прашањето на бегалците и правата на етничкото малцинство во Грција „ќе ги мотивира Грците кога ќе се преговара за името да се задржат само на тоа“.

Во МНР вчера, исто така, потврдија дека се очекува да биде одржана уште една консултација пред заминувањето на амбасадорот Димитров во Њујорк. Доколку претседателот Бранко Црвенковски се врати од одмор пред заминувањето на Димитров, нема причина да се отстапи од редовната практика и да се одржат заеднички консултации меѓу шефот на државата, премиерот, министерот за надворешни и нашиот претставник во разговорите што се водат со посредство на ОН.

Од Кабинетот на шефот на државата вчера не можеа да потврдат дали Црвенковски во деновите пред 14 август ќе биде слободен да присуствува на средбата на државниот врв.

Преговарачите за разликата околу името, Никола Димитров и Адамантиос Василакис, на 14 и 15 август во Њујорк ќе отпатуваат на консултации со медијаторот Нимиц по негово барање, што ќе отвори простор за негова посета на Атина и на Скопје кон крајот на овој месец или во почетокот на септември. Нимиц во Њујорк најпрво би имал одвоени средби со Василакис и со Димитров, а потоа и заедничка на која се очекува да објави своја сугестија за предлог-решение за името и доколку тоа е прифатливо за двете страни, со него би се заменила привремената референца ФИРОМ.

Дипломати во Атина, како што јавуваат агенциите, оценуваат дека доколку македонскиот претставник во Њујорк го постави прашањето за признавање на македонското малцинство, „нема да се најдат допирни точки меѓу двете земји за решавање на спорот со името“. И портпаролот на грчкото МНР, Георгиос Кумуцакос, деновиве го означи септември за исклучително важен месец за грчко-македонскиот спор.

Атина стравува оти Скопје би можело да инсистира да се разговара за ова прашање и затоа сака предвреме да го предупреди медијаторот Метју Нимиц да не го проширува дневниот ред на преговорите, пишува „Етнос“. „Та неа“ се повикува на дипломатски извори, според кои „ситуацијата не е многу поволна“ и останувало да се види што ќе се случи на претстојните средби во Њујорк. „Елефтерос типос“, пак, наведува дека тактиката на грчкото МНР за спорот со името е „ниту стапка назад“, а „Катимерини“ оти грчката позиција за ова прашање има поддршка од Франција, актуелен претседавач на ЕУ, јавуваат агенциите.

Извори во Обединетите нации за А1 велат дека двете претстојни рунди треба да доведат до разговори на повисоко ниво, кои би се одржале на маргините на Генералното собрание на Светската организација, кое започнува на средината на септември. Во интервјуто за скопската телевизија Алфа, американската амбасадорка во Македонија, Џилијан Миловановиќ, оптимистички изјави дека Македонија има „златна шанса“ да го реши спорот со Грција.

„Има предлози што треба да ги разгледа Македонија со Нимиц, што ќе ги заштитат македонските интереси и се' уште ќе бидат точки по кои ќе може да се преговара со Грција, а ние се надеваме дека тоа ќе се оствари за да се реши проблемот. Мислам дека ова е златна шанса за Македонија“, изјави Миловановиќ.


Статијата е прочитана 1694 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pajo
Датум: 07.08.2008 00:08:50
Dali na Nimic ce mu bidat predoceni odgovorite na pismata sto Gruevski gi isprati do svetskite mocnici? Da gi podsetam tie sto imaat kratko pamtenje: pred dve nedeli site clenovi i simpatizeri na VMRO se cukaa vo gradi so genijalnata ideja i hrabrosta na premierot sto go potegna toa prasanje.
Од: kris
Датум: 07.08.2008 00:10:49
Samo imeto neka se resi so Nimic dosta ke bide! Za problemot so makedoncite vo Egejot ke si prodolzime vo relevantnite svetski institucii, samo da ne mislat vo Grcija deka se otkazuvame, naprotiv samo sto sme pocnale! Ako Francija e na strana na Grcija neka si objasni pred svetot za genocidot vo Ruanda prvin pa posle neka gi resava problemite na Balkanot. Na Amerika fala i za principielnosta i za ostavnje na otvorena vrata za makedonskoto malcinstvo da se resava dopolnitelno!
Од: St.Patrik
Датум: 07.08.2008 00:11:21
Ako od Aleksandar Makedonski, se prekrstam vo Goran Makedonski, koja ke bide taa budala sto ke me narekuva i ponatamu Aleksandar, koga samiot odluciv da si go smenam imeto? Da ne bide prosirena ramkata za pregovori??? Pa neli prvo pregovaravme za ime za BILATERALNA komunikacija, a sega razgovarame za ima za CELOSNA MEGJUNARODNA UPOTREBA !!!
Од: Tvorac na ideite
Датум: 07.08.2008 00:33:33
Nashite treba da napravat isto sto i srbite so problem za kosovo. Tie ( srbite ) ke pobarat mislenje za legalnosta na proglasuvanje nezavisnosta od Megunaroden sud vo Hag, preku Generalnoto Sobranie na OON. Nie treba toa isto da napravime za procenka za legalnosta na institucijata na referencata i implikacijata za pregovorite za praven identitet na drzavata. Ova treba da se napravi od strana na Generalnoto Sobranie na OON (na nasa inicijativa i podrzano od Nevrzanite). Generalnoto Sobranie na OON, preku rezolucija treba da bara mislenje od Sud vo Hag za institucijata na referencata i implikacijata za pergovorite za praven identitet na drzavata. Potoa, koga sudot, ke se izjasni za ova, referencata se ukinuva i se vospostavuva imeto (RM) vo OON.
Од: Mile Bardaklija
Датум: 07.08.2008 00:42:53
Makedonija vo sedisteto na ON, vo New York ne "pregovara" za imeto so Grcija. Ne stanuva zbor za PREGOVORI, tuku za RAZGOVORI.
Од: Ilinden the Macedonian
Датум: 07.08.2008 01:14:45
Џилијан Миловановиch, оптимистички изјави дека Македонија има „златна шанса“ да го реши спорот со Грција. Ako Makedonija si go smeni ustavnoto ime toa e vistina zlatna shansa, gospogja Milovanovich Amerika da si go smeni imeto zoshto Amerika e Italjansko poteklo od Amerigo Vespuchi.
Од: Cveke Makedonsko
Датум: 07.08.2008 01:34:14
Dora veli "ke pregovarame samo za imeto i na koj nacin toa ke se upotrebuva". Na ovaa najverojatno pravoto ime i e Pandora Kutijakis. Makedonija ke se upotrebuva so zborovi i so pismo niz cel svet. Bitno e da ne se odstapi od cvrstio stav deka nie nema sto da pregovarame za toa kako se vikame. Republika Makedonija so narod Makedonski. A ako grcija saka da se vika Makedonija, nema problem ke gi prosirime granicite do Solun - pa juzniot del od Grcija neka nastavi da zivee od berenje maslinki. Vo zapadniot svet Grcite se poznati kako najaroganten narod - a za nas odat po pat kako najgnasna i najodvratna nacija pa i komsija koga sme veke na 'ubava' noga so niv. Dobra Nok MAKEDONIJO - kade i da si....
Од: za glup pejo
Датум: 07.08.2008 07:20:39
izgleda deka ti si so kratok mozok , a za pomnenje..posebna prikazna. Chitaj malku,ingormiraj sepa potoa pishuvaj ako umeesh
Од: Ace od Avstralija
Датум: 07.08.2008 07:26:38
Pregovorite se izduvan balon vo stilot na Frcko.Samo sakam od Bakojani i Karamanlis da ni ja prevedat vtorata ili tretata strofa od nivnata himna. Velat : So sabji secele kaukski i turski koski??? Neka se izjasnat , i uste ne e kasno nivnata himna vo Kina za vreme na Igrite da se stopira i bojkotira... secat koski , se falat, a demokratskiot svet [podminet , se razbira] ceka nie da reagirame... TESNO NAS OD PRAVDA , VISTINA I DEMOKRATIJA
Од: boro
Датум: 07.08.2008 09:20:45
neznam sto izjavila Bakojani ama znam deka Grcite potpisaa dokument pred ON deka nema da ne poprecuvaat vo nasata integracija vo drugi megunarodni organizacii
Од: Dr.Mihail Sorko ,Ohrid.
Датум: 07.08.2008 10:51:53
" DUHOT NA VISTINATA I NA SLOBODATA - ete toa se stolbovi na sekoe opstestvo ! " Henrik Ibsen. Megjunarodnata ZAEDNICA bi trebalo poveke da gi pocituva ovie demokratski principi , za koi tolku se zalaga so decenii unazad !
Од: Branko
Датум: 07.08.2008 11:24:35
Pregovorite za imeto treba da se prekinat pod itno ako ne sakame da zavrsime kako novoformirana drzava so novo ime.Gospodine "Bardaklija"razgovori ili pregovori na krajot za nas isto ke ispadne promena na naseto ustavno ime.gospodinot"tvorac na ideite "ima pravo toa trebase mnogu porano da se napravi a ne nasite pregovaraci samo cekaat kakvo ime ke ni predlozat Nimic ili grcite.treba da se digne celiot makedoniski narod i drugite koj ziveat vo makedonija i da se bara od premierot pod itno da se prekinat pregovorite i na slednoto zasedanie na Generalnoto sobranie na OON da se preimenuvame(Da go smenime imeto)Od FYROMakedonija vo Republic of Macedonia.
Од: Gospod
Датум: 07.08.2008 12:31:43
Imeto MORA da si ostane - Republika MAKEDONIJA. Ako na Grcite ne im se dopadja toa alternativata e Soedineti Makedonski Drzavi. Se znae koi se drzavite - Centralna, Egejska, Pirinska, Albanska. ZOSTO zaradi edni zlobni Grcista da si go gubime identitetot? Pa ime da menuvame. Neka si promenat tie vo Zlobna Grcija.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Опозицијата не смее да спие и да чека
Зденко
Мрачни судбини
Заев вели дека е жртва на монтиран процес
Мајката на Барбара ги обвинува црногорските институции
Повредената девојка од „Егзит“ се врати во Скопје, здравјето и' е лошо
Духот од хашкото шише
Топол бран со африканска прашина ќе донесе температури до 40 степени
Под сјајот на олимписките игри, предрасуди од 20 век
СДСМ чека Црвенковски да ги отвори картите
Љубиша Георгиевски адут на ВМРО-ДПМНЕ во претседателската трка?!
Уапсен ексдиректорот на „Жито Битола“
Карикатура
Дефицитот дојде до 1,5 милијарда долари за шест месеци
Verbatim
Лени Кравиц