Брoj 2756  четврток, 07 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Љубиша Георгиевски адут на ВМРО-ДПМНЕ во претседателската трка?!

Конкурсот за претседателската номинација во ВМРО-ДПМНЕ веќе е отворен

Соња Крамарска

Прилично незабележано во јавноста помина веста дека поранешниот собраниски спикер Љубиша Георгиевски од уметнички директор на Македонскиот народен театар експресно е вратен во политиката како советник за Југоисточна Европа во Министерството за надворешни работи. Георгиевски, кој до вонредните парламенарни избори на 1 јуни беше шеф на македонскиот парламент, привремено се откажа од политиката, според тврдење на негови колеги од театарот, но веднаш по зацврстувањето на власта на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, политичките врати повторно му се отворени.

Со оглед на тоа дека наближуваат претседателските избори, чиј рок за одржување е в година во март или во април, а Георгиевски еднаш веќе имаше искуство во трката за највисоката функција, најновиот потег за негово политичко оживување оправдано ги иницира шпекулациите дали ВМРО-ДПМНЕ полека почнува да ја тестира климата за претстојната трка за шеф на државата.

Во ВМРО-ДПМНЕ официјално не даваат информација која ќе ги потврди или ќе ги демантира таквите анализи. Велат дека во скоро време ќе пристапат кон сериозни подготовки за претседателските избори и дека допрва ќе одлучат со кој кандидат ќе настапат.

Освен Љубиша Георгиевски, во политичките кругови како потенцијални кандидати за претседател од ВМРО-ДПМНЕ се сметаат и сопругата на загинатиот претседател Борис Трајковски, Вилма Трајковска, поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски и вицепремиерот Зоран Ставрески, но се' досега од партијата не е забележан никаков сигнал дека некој од оваа листа има посебен третман што би укажал дека ќе ја добие номинацијата.

Во 1994 година, како претседателски кандидат, Љубиша Георгиевски ја обвини владата на тогашниот премиер Бранко Црвенковски дека воведува концепт „Македонија како мултинационална држава“, што според него беше вовед во војна. Тој се залагаше Македонија да биде држава на македонскиот народ, со граѓански права за сите преостанати етнички заедници. Албанците, Србите, Турците и преостанати ќе треба да се навикнат да се изјаснуваат како Македонци од албанско, српско, турско или од друго етничко потекло, а нивните права ќе бидат во рамките на меѓународните стандарди. „Нема да ви ги уриваме џамиите“, им порача тој на Албанците, „бидејќи сме верници“.

Со досега��ните политички ангажмани како шеф на македонскиот парламент и амбасадор на Македонија во Бугарија, основач на Балканскиот политички клуб, како и претседател на партиската комисија на ВМРО-ДПМНЕ за надворешни работи, Георгиевски несомнено има со што да се пофали во својата биографија, особено кога тоа ќе се надополни со неговата претседателска кандидатура во 1994 година против Киро Глигоров.

Во веста што неодамна беше пренесена од агенциите по повод неговото именување за советник во македонската дипломатија за Југоисточна Европа, а зад која стојат партиски и владини извори, беше наведено дека „Георгиевски има долгогодишно дипломатско и политичко искуство кое ќе претставува значаен придонесе кон реализација на надворешнополитичките цели на Македонија поврзани со зацврстувањето на врските со другите земји од регионот“.

Како и да е, се чини дека конкурсот за претседателски кандидат во ВМРО-ДПМНЕ веќе е отворен и интересно ќе биде да се види каква ќе биде понудата на партијата која засега „царува“ на македонската политичка сцена.

 


Статијата е прочитана 2289 пати.

Испрати коментар

Од: Goran
Датум: 06.08.2008 19:26:50
Доколку и за претседателската функција е потребно кандидатот да потпише дека не бил полициски доушник, како што е тоа сега со пратеничката функција, тогаш Љубиша Георгиевски нема да се кандидира за претседател. Како што направи со пратеничката функција, така и овде ќе реши "да им остави простор" на помладите.
Од: jas
Датум: 06.08.2008 21:21:55
Pateticni ste!
Од: Македонец
Датум: 07.08.2008 00:16:16
Баш еден ваков замавнат ним и им треба ,па слободно да си прават што ќе им е ќеф на душата.Овај или,евентуално,Брат Љубе,па сосема сигурно Македонија ќе скрши врат.
Од: trpe1
Датум: 07.08.2008 02:58:28
dve godini imavme pretsedatel na sobranie-klovpa rdno e da imame i pretsedsatel na drzava klovn. neka ni e so sreca
Од: Analiticar
Датум: 07.08.2008 03:06:04
A ako go poddrzat Prof. Nestor Oginar? Toj bese vo Sovetot na Intelektualcite, pa bese vo DPMNE, pa bese i vo Svetski Makedonski Kongres... Sega e Pretsedatel na POMNI, edinstvena partija sto ne se osramila da bide na vlast i se uste drzi do svoite principi. Za da se oslobodat od svojata opozicija ( a POMNI moze lesno da bide lepakot za institucionaliziranje na Opozicijata)- moze da bide tokmu toj nivniot kandidat. Covekot e Profesor po Angliski, pismen, patriot, pominal dolgi godini vo New York...Zosto ne? Poaren e od segasnite nivni opcii, a i Makedoncite bi poddrzale cesen patriot od Tetovo, a moze i drugite malcinstva.Osven ako malcinstvata nema da preferiraat drug Makedonec od Tetovo?
Од: usa
Датум: 07.08.2008 07:50:57
ovoj za pretsedatel ha ha ha ha
Од: Strana Gledano
Датум: 07.08.2008 07:58:04
Ne SHPEKULIRAJTE, nikoj ne Vi veruva ne go zamajavajte narodot!
Од: Михајлов
Датум: 07.08.2008 08:00:07
Човеков знае да си го изрежира животот. А статистите, народот? Адекватно на неговиот ум и претседателот на држ��вата. Народот и таков заслужува. Тоа е негова заслуга. И, затоа. ќе срка тоа што си направил. Ќе биде на она скалило на кое и заслужува.
Од: zabegan
Датум: 07.08.2008 08:10:06
e pogolem cirkuz ke nema vo makedonia.ako ljubisa bide kandidiran za pretsedatel.no nisto neje cudno koga VMR-ovcive nemat podobar kadar.
Од: Пинг
Датум: 07.08.2008 08:56:53
Моето мислење е дека ВМРО-ДПМНЕ нема да излезе со кандидат спомнат во текстот. Ова од причина, сепак да се задржи нивото, почитта и достоинството на функцијата Претседател на државата. Со сета почит кон обајцата споменати кандидати, сметам дека овој пат владеачката партија ќе предложи кандидтат кој не е многу експониеан член на партијата. Грешката што ја направи СДСМ со Г-дин Црвенковски ќе биде поука. Секоја чест на Претседателот во одонос на неговите политички и човечки квалитетеи. Но, на нашиот простор и најневиниот ангел да биде избран како член од една од двете најголеми партии, нема да биде прифатен од ПОГОЛЕМИОТ број на членови и симпатизери од другата партија. Од друга страна, нереално е дури и да се помисли дека непартиска личност, или во најмала мерка без партиска подршка, може да биде избран Претседател. Очекувам и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дека ќе делуваат во овој правец. Поздрав до сите Ваши и наши.
Од: Стариот Бате
Датум: 07.08.2008 09:24:10
Како што тргнала работата и оваков претседател ни треба, светот да се смее. Но, Гујо нема да дозволи некој друг, освен кумашинот. Заедно се уиграни, преродбата добро ја водат, само чекорите тешко ги чекорат. Постепено фалшот им излегува на виделина. Што да се прави, толку знаат и можат.
Од: Dr. Nikola Jovanov New York
Датум: 07.08.2008 09:49:42
Sto znam.Mislam deka samo im nanesuvate steta na site . Indirektna poraka od Bruxsell na Gruevski mu e prenesena , da pretsedatelski kandidat bide Grofot Koloski Peter Boge. I poleka da se ukine funkcijata predsedatel ,zatoa sto Evropa ne saka da go posmatra bezizlezniot kolez pomegju Predsedatelot i Premierot Celta na Evropa nee da imame sekogas nekoj Branko ili brat Lube. Razmislite malku podlaboko i pogledajte ja nasata drzava deka i ponataka tone. Mozedi gruevski misli poinaku.
Од: реален
Датум: 07.08.2008 09:51:57
Па тоа е и максимумот што го имаат. Кој да го предложат? - Баба му на премиерот ако е жива? Толку е таа партија нема интелектуалци има само тетки кои сакаат да дрдорат и да раскажуваат сапуници. Не ли гледате од Македонија направија филмска сапуница. Срам и арам да му е на Грујо, Јанкула, фосилот и останатите дугарчиња на п`емиеот кои ја уништија оваа златна мала држава.
Од: Cikus
Датум: 07.08.2008 09:54:35
Katastrofalno kadrovsko resenie na VMRO kako i site dosega. Nasiot Nelson Mandela(brat Ljube) ke bidi kandidat za pretsedatel i ke pobedi na izborite. Mizerija vo raskos. Pozdrav
Од: babana
Датум: 07.08.2008 10:40:00
koga mozeshe Branko Crvenkovski da stane predsedatel na ovaa drzzava togash mozze sekoj
Од: ma-ri
Датум: 07.08.2008 10:48:58
Do site sto komentiraat! zar ne gledate deka po eden napis na nekoja nekompetentna novinarka pravite sapunica se razbira vo makedonski stil?????
Од: A.Nikolov
Датум: 07.08.2008 11:01:51
Ushte od mnogu porano imam pishuvano deka dpmneovcite nemat izbor za kandidati so intelektualni sposobnosti za vrshenje na drzavnichki funkcii.Nikolaj i ostanati ministri neka se blagodarat na zloupotrebata na imeto VMRO ,shto moze da se sega na ovie funkcii.Neka go nosea samo imeto dpmne sigurno ke bea poslaba partija i od partijata na P.Trajanov.A za izbor na pretsedatel vo Makedonija se znae i chii glasovi se potrebni za mnozinstvo.
Од: Циго
Датум: 07.08.2008 11:09:00
Јас сум за Амди Бајрам! Тогаш името на претседателот ќе се совпадне со името на државата.
Од: vesna
Датум: 07.08.2008 11:50:21
Sto pravime ako i na nekoj samit se razmavta so racete kako sto pravese vo sobranie?Moze i ke udri nekogo?
Од: poznavach
Датум: 07.08.2008 12:15:57
Nezavisno koj ke bide od koja partija ili nezavisen. Potrebno e da ima validno lekarsko uverenie za pihofizichka sostojba. Inaku ke ni se sluchuva ona shto i do sega
Од: Skopjanec
Датум: 07.08.2008 12:39:38
Skopsko i se e mozno,taka da i ova ke bide mozno za da moze Grujon da ima apsolutna vlast vo drzavata.Koga bes predizbornata kampanja,Gligorov mu rece"Drzavata ne e teatar pa da rezirash drami,toa e seriozna rabota".Grujo se plasi da predlozi kandidat koj mozebi ke go zaseni,kako sto ispadna so Trajkovski i Georgievski koj ednas se izjasni deka negova najgolema greska vo karierata mu e predlogot na Trajkovski za pretsedatel.Koga bi se prasal jas,najdobro resenie e Srgjan Kerim iskusen diplomat i afirmiran vo megjunarodnite krugovi,ne cuvstvuvam deka e premnogu partiski naklonet,drug nekoj kvaliteten ne gledam,osven ako ne izleze na scena nekoj anonimus.
Од: tomi, gorde, koni,biljana,keti,Moco
Датум: 07.08.2008 13:10:26
Vo makedonskiot cirkus ima uprazneto mesto za eden klovn
Од: RR:Proben balon
Датум: 07.08.2008 13:52:04
Prashanjeto e samo:od koi kujni i izvori e pushten i za koja cel treba da posluzhi.Dali e samo paravan za zatskrivanje na vistinskiot izbor na DPMNEovcite,koj kje se obelodeni podocna ili e samo test za sondiranje na mislenjeto i obid da se izdejstvuva javno iskazan stav na DUI,so chii glasovi treba da go dobijat i toa mesto(a posle kje gi autiraat).Treba da se vidi od nivnata reakcija i dali go zaboravija sechenjeto na kandzite na orlite i netolerantniot odnos shto go imashe kon niv kako Pretsedatel na Sobranieto,pa da go poddrzhat skokachot so dignati race.Edno e edinstveno sigurno:najmnogu kje mu se izraduvaat Bugarite,chij chovek beshe i ostana bez somnevanje,ne samo od vremeto na ambasadoruvanje vo Sofija,koga raboteshe za niv ,a ne za makedonskite gragjani ,koi mu se obrakjaa za pomosh.A mozhebi i narachkata e od niv da imaat svoj adut direktno na pretsedatelskoto mesto,dodeka Grujo ne smee da im se sprotivstavi kako niven dolzhnik .Vremeto kje pokazhe koj e koj,a stho e shto.
Од: анонимен
Датум: 07.08.2008 14:29:21
Еј Циго,а што велиш за Латас за претседател,а Мирка Велиновска за прва дама на Македонија.Ех пусти желби...
Од: Struzanka
Датум: 07.08.2008 16:18:43
VMRO-DPMNE i voopsto celata politicka elita zasega moze da dade samo eden kandidat koj vredi i za kogo site nie bi glasale(partiski neopredelenite),a toa e g-din Stavreski Zoran.Ostanatite gorenavedeni clenovi na vladejackata partija dokolku se kandidiraat toa ke lici na cirkus,a SDSM e tolku isvirkan i so nizok rejting vo momentov da veruvam nema da dava kandidat za ovie pretsedatelski izbori.Mislam deka mnogu intelektualci ,posebno neopredelenite partiski go delat moeto mislenje.
Од: goran
Датум: 07.08.2008 16:46:37
Jas mislam deka treba za precedatel VMRO da go kandidira AMDI BAJRAM toj e i taka najpametniot megu site vmrovci. i toa ke i bide najpametniot poteg do sega.Ili nekoj bratuced na Gujo i taka gi ima mnogu.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Опозицијата не смее да спие и да чека
Зденко
Мрачни судбини
Заев вели дека е жртва на монтиран процес
Мајката на Барбара ги обвинува црногорските институции
Повредената девојка од „Егзит“ се врати во Скопје, здравјето и' е лошо
Духот од хашкото шише
Топол бран со африканска прашина ќе донесе температури до 40 степени
Под сјајот на олимписките игри, предрасуди од 20 век
СДСМ чека Црвенковски да ги отвори картите
Уапсен ексдиректорот на „Жито Битола“
Карикатура
И Атина и Скопје сакаат разговори „само“ за името
Дефицитот дојде до 1,5 милијарда долари за шест месеци
Verbatim
Лени Кравиц