Стевче Јакимовски вели дека ЛДП не може да живее за три говори на Манасиевски во парламентот
Оливера Војновска
Господине Јакимовски, по изборите побаравте одговорност од партискиот лидер. Што му забележувате на Јован Манасиевски?
Сметам дека е неактивен, инертен во политиката, како и во партискиот живот, работата на општинските организации, градењето на инфраструктурата. Има општински организации кои тој лично ги распушти, а по една и пол година не оформи ниту една. Во услови на рејтинг од 0,1 отсто претседателот и раководството требаше да работат на сплотување на партијата. Иако бевме ривали со Манасиевски, очекував поинаков однос, создавање хармонија во партијата, кревање на рејтингот. Не може ЛДП да живее за три говори на Манасиевски во парламентот. ЛДП има многу повеќе да каже во сите области, особено во економијата, социјалата, човековите права, енергетскиот систем, реформите во судството, локалната самоуправа, и тоа стручно и компетентно. Имам забелешки и во однос на изборниот настап. Во ситуација на катастрофален рејтинг, логично е да се настапи во коалиција. Но, уште пред изборите предупредував дека многу долго преговараат, дека 20 дена е многу кус период за да се стаса големата предност на Груевски, дека најмалку е битно дали Андов ќе има еден или двајца пратеници. Не се согласував со кадровскиот состав на листите.
Затоа што Вие не бевте на листите?
Не затоа што јас не бев на листа. Туку поради тоа што имаме кандидати кои воопшто не се популарни во јавноста.
Зборувате за пратениците од ЛДП или воопшто за „Сонце - коалиција за Европа“?
Зборувам за нашите пратеници, не сакам да коментирам за пратениците од СДСМ. Во ЛДП има пратеници кои две години воопшто не станаа да зборуваат во парламентот, им замирисаа столчињата на кои седеа. Навистина е срамота и нема логика повторно да бидат пратеници. А Слободан Најдовски, кој беше извонреден пратеник, го немаше на листите. Имаме четири пратеници од минатиот состав, еден од нив уста не отвори две години.
На кого мислите?
Се знае точно на кого мислам, се препознава. Ако човек се плаши да говори или ако не знае, коректно е да се тргне настрана и да дојде тој што знае и не се плаши.
Вашиот предлог за одговорност на раководството не наиде на поддршка во партијата. Манасиевс��и доби доверба од Централниот одбор.
Па мора да добие поддршка од своите другари во ЦО. Состојбата во ЛДП е таква што Манасиевски во ЦО стави 90 свои луѓе, десет мои. А во Извршниот одбор опозиција на Манасиевски сум само јас. Така што во конкретниот случај математиката е јасна. Инаку, овој пат неговата поддршка од 90, се стопи на 49. Многу луѓе одбија да гласаат, некои го напуштија ЦО, бидејќи Манасиевски го бираше ЦО, а доверба на лидерот може да му гласа само Конгресот, на кој е избран. Побарав од него да си поднесе оставка и јасно му кажав дека немам намера да се кандидирам за лидер. Затоа ме зачудија изјавите на Андреј Жерновски во јавноста од типот „проектот на Јакимовски да седне на местото на Манасиевски доби само пет гласа“. Жерновски веројатно имал проблем со сетилото за слух. Гласно кажав, а не сум човек што го гази дадениот збор, дека немам таква амбиција.
Опозицијата доживеа тежок пораз од кој се' уште не може да се соземе?
Груевски сега несомнено е многу силен. Меѓутоа, не е најпаметен. Прави грешки. Што значи дека опозицијата има многу голем простор за дејствување. Не е доволно само да се критикува, туку треба да се даваат и конкретни предлози. Мислам дека прво во СДСМ треба да се разреши прашањето дали Шекеринска се повлекува од лидерската позиција или не. Сите фракции, струења и во СДСМ и во ЛДП треба да се сплотат, да работат на еден заеднички проект. Не за уривање на власта, туку заеднички проект за да се подигне имиџот на опозицијата. Ако има медиумска блокада, тогаш треба да ја избере теренската работа. Не може опозицијата да спие и да чека рејтингот да го крене на една прес-конференција.
Каков настап треба да има опозицијата во ситуација кога ВМРО-ДПМНЕ има апсолутно мнозинство, а владината коалиција контролира и двотретинско и Бадентерово мнозинство?
Кога некому ќе му дадете апсолутна власт, тоа е исто како да излезете на автопат без знаци и сообраќај, ќе возите 200 километри на час, а може и глава да скршите. Така и Груевски, вака залетан со толкаво мнозинство ќе прави огромни грешки. Груевски бара слободно да работи, нека повели, нека носи закони. Да видиме дали во ноември Европската комисија ќе рече: „Браво, ти супер изработи, еве ти датум за преговори“. Или ќе му удрат уште една шлаканица. Влегуваме во фаза што е слична на онаа од 90-тите години со Милошевиќ во Србија. Тогаш, голем дел од граѓанството чувствуваше среќа, Милошевиќ го носеа на срце, на секој автобус имаше негова слика. Меѓутоа, по десет години увидоа дека нивната држава е донесена во ќор-сокак. И таму имаше замолчување на опозицијата, и таму имаше авторитарен режим. Сега во Македонија имаме комплетно иста ситуација.
Како го коментирате постизборниот политички амбиент: апсењето и аболицијата на Зоран Заев, бојкотот на опозицијата?
Го поздравувам тоа што го направи Црвенковски. И не знам зошто Груевски се чуди, бидејќи истото го направи и Трајковски со Доста Димовска. Мислам дека претседателот требаше да излезе уште похрабро и да соопшти дека ќе даде аболиција секаде каде што се злоупотребува институтот притвор. Значи, сите предмети што се комплетно расчистени во судската истрага, каде што ги има сите докази за обвинетиот и каде што нема опасност лицето да го повтори кривичното дело или да ја напушти земјата. Претседателот требаше да се закани за да сфати власта дека не може да си игра и да ги злоупотребува инструментите што и' стојат на располагање.
Какви се Вашите прогнози, ќе се смири ли политичката напнатост по аболицијата и враќањето на опозицијата во парламентот?
Не, мислам дека нема да стивне. Познавајќи ја суетата на Груевски, мислам дека ќе продолжи со исто темпо. Тој и натаму ќе оди со истата бруталност, тоа стана негов имиџ.
Како гледате на коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ?
Уште една фарса на Груевски. ВМРО-ДПМНЕ не' тераше да потпишуваме декларација за политичка изолација на Али Ахмети. Тврдеа дека никогаш нема да направат влада со терористи. Голема лага, слична на онаа кога кокошката бегала од петелот. Воопшто немаше потреба Груевски две години да ја трауматизира државата, да има вакви турбуленции на политичката сцена. Тој ги направи изборите за да има покритие ДУИ да влезе во Владата. И многу е смешно да каже „ни случајно нема да прифатам некој од командантите и терористите да ми бидат министри, директори“. Значи, Владата може да му ја гласаат терористи и команданти, ама тие не можеле да бидат министри!
Какви ��е Вашите прогнози за тоа како и колку ќе функционира нивното сојузништво?
Коалицијата нема долго да функционира. Прво, ДУИ, за разлика од ДПА, има политичка платформа. Разбираат политика и Груевски не би можел така лесно да ги надмудрува. Второ, тој во коалицијата има 21 партија и наскоро ќе почнат внатрешни проблеми. Мојата прогноза е дека оваа коалиција нема да трае повеќе од една - една и пол година. Тоа што го кажа Груевски дека нема да се поставуваат прашањата за зголемување на правата на Албанците е многу смешно. Како ДУИ ќе го гради својот рејтинг? Во тој случај драстично ќе зајакнува ДПА, а ќе паѓа угледот на ДУИ. Сигурен сум дека ДУИ нема да го дозволи тоа. ДУИ сега молчи, но тоа е само затишје пред бурата што ќе го снајде Груевски.
mnogu ubavo kazana jakimovski. mi zvucite isto kako i lazar elenovski i vele mitanovski koga se silea silea i silea isto kako i vas i videte sega kde stasaa. lesno e vaka na zborovi da mavate i da navreduvate no znajte deka ldp mnogu goltase knedli od vasite izjavi dodeka bevte minister od tipot meckina pestera ili jadenje giro vo sobranie toa li e liceto na ldp.
Од: bo
Датум: 07.08.2008 07:24:04
stevce e covek od akcija i mislam deka najpoveke bi se snasol kako gradonacalnik na skopje dodeka kako del od visokata izvsna vlast bi bil dosta brzoplet
Од: Strana Gledano
Датум: 07.08.2008 08:10:31
Ne go palite covekot so komentarite, ce se kandidira za pretsedatel! A sto raboti sega ovoj covek?
Од: Vlado Perth
Датум: 07.08.2008 08:14:25
dobar komentar vo sekoj slucaj se soglasuvam zatoa sto mnogu slicno e i moeto viduvanje na momentalnava sostojba vo koja se naoga Makedonija.Bi sakal da se kandidira za gradonacalnik na Skopje i da bide uspesen kako vo minatoto vo Karpos.
Од: OD Mene
Датум: 07.08.2008 08:19:07
Stevce licno go poznavam i sakam da mu iskazam podrzka.Toj e vistinski opozicioner i covek sto ne se pomiruva so se sto ke mu se ponudi,a najmalku da zivee vo totalitarna drzava,
Од: boco
Датум: 07.08.2008 09:22:44
Зошто Јован Манасијевски да биде активен? Зарем господинот Јакимовски е толку наивен да верува дека власт се бара за да се направи нешто за земјата. Манасијевски за себе си обезбеди пратенички мандат, а за целото свое семејство вработувања.
Од: STIV
Датум: 07.08.2008 09:46:33
Covecevo znae politika. Site negovi prognozi doprva ke se ostvarat. Jas, koj odlicno go poznavam slobodno mozam da konstatiram deka negov problem e negovata leva orjentacija vo druzina koja ne znae kade e nasocena. Ednas levo, ednas desno a najpoveke patokaz koj vodi do fotelji. Toa se pokaza i so L.Popovska koja bese trojanskiot konj vo LDP. Zatoa gospodine Stefce prevzemi energicna akcija da napravis nesto novo i zadrzi si ja stranata. Siguren sum deka ke imas golema podrska kaj site onie koi te cenat kako fajter i borec. Znaes da udiras, ama znaes i da primas udari. Takvite borci se sekogas pobednici pa zatoa ne dozvoluvaj da bides na marginite vo edna partija koja pretstavuva samo lokalen privezok i koja eden den ke ostane samo so rakovodstvo bez clenstvo.
Од: Македонец
Датум: 07.08.2008 09:56:08
Најголемата несреќа на Македонија е таа што нема повеќе вакви храбри и способни луѓе,каков што е г.Стевче Јакимовски.
Од: Gox
Датум: 07.08.2008 10:18:33
A posto vas veke ve snajde burata neli e najpametno da ne delite soveti tuku vie da se obratite nekade za pomos,posto posle vakov debakl ne znam so koj "bel" obraz uste imate dostoinstvo za kazuvate prikazni...
Од: miron
Датум: 07.08.2008 10:20:30
Stevce Jakimovski ja odrzuva vo zivot edinstvenata konzistentna i nezamolcena opoziciska misla vo poslednive godina dena. Duri i Frcko pocna da taktizira. SDSM ne moze da vodi ni kuken sovet vo momentov, a LDP - tie filozofi ni vo cajdzilnica veke nikoj ne gi primetuva
Од: skopjanec od vodno
Датум: 07.08.2008 11:28:23
Stevce trebase da ide so koalicijata na Gruevski,takvi se potrebni,imaat ist pristap rabotat konkretno,zboruvaat otvoreno.No,Toj Stefce bese preveden zeden preku voda od Bane,Rada,Jovan and company.Ne mu e dobro sto i ocigledniot uspeh na vladata ne go priznava.Opsednat e so Gruevski. Ne bi trebalo.Tie imaat slicen temperament.treba da mu ukazuva dobronamerno na greskite, a ne po sekoja cena da podbucnuva,da ljubomori na uspehot.
Од: makedonka
Датум: 07.08.2008 11:51:32
mozam da kazam deka covekot ja poznava celata rabota a i poznat e potoa koga beshe minister kako revnosno si izvrshuvashe dolznosta,ja treseshe drzavata za da vovede fiskalizacija,kako shto i treba da funkcionira edna drzava ,toj se bori za progres na nashava zemjicka shto e retkost kaj nas, i ne znam zoshto tolku im smeta koga ja kazuva vistinata, hrabar e , i pred se chovek koj znae kako treba da techat rabotite , da e pameten plemielot ke gi zeme site negovi intrvjua ,ke gi prochita i mozebi ke nauhci malku kako da se spravi so........ vprochem nie mozeme da si pihsuvame po cel den i nishto od toa ,mislam deka onie shto se spomnati treba da si stavat prst na glava i dobro da razmislat shto ponatamu,zatoa shto vaka kako sme trgnale bogami nigde nema da stigneme.Podrshka do Stevce samo taka moze da se pobedi ,hrabro i mashi kako taj shto znae , ane kako negoviot lider so frlanje na kravati (gomti na striptiz e siromashkiot).
Од: zainteresiran
Датум: 07.08.2008 12:01:19
Bravo Stevce! Tvojot stav go poddrzuvam! Manasievski ne e za lider, covekot treba da si bara rabota nadvor od politikata. Toj e teoreticar.Drugite pratenici od LDP se ili sminkeri ili izforsirani. Stavete nekoi drugi luge da ja vodat partijata.
Од: Stojan
Датум: 07.08.2008 12:19:36
Bravo, Stevce! Takvi budali retko se ragjaat, kako i tvojot prijatel-komentator za kogo ti si em `fajter` em borec. Da treskas sto ke ti padne na um ne e tesko, malku potesko e da napravis nesto korisno. Vprocem, treskanjeto protiv Manasievski e samo i samo poradi `foteljata` sto ja spomnuva tvojot prijatel-komentator.
Од: vesna
Датум: 07.08.2008 12:22:10
Greskata na Stevce e sto od gradonacalnik otide za pratenik,potoa i minister.Togas izgubi mnogu.
Од: Od Menka
Датум: 07.08.2008 12:36:52
LDP ima mnogu dobri i kvalitetni clenovi. Manasievski ne e borben kako Stefce, no toa ne znaci deka e nekvaliteten. LDP nema partiski vojnici kako VMRO i SDSM. Treba da se obedimat site strui i frakcii vo partijata, da deluvaat kako vistinska opozicija, na site polinja istaknuvajki ja svojata poliicka platforma. Na lokalno nivo treba da ima porevnosni lideri, mudri, ne nora da se kavgadzii, no da rabotat za dobroto na site gragani na RM. Predizbornata kampanja i pretstavuvanjeto na LDP ne treba da se pravi samo 20 dena pred izbori. Toa treba da se pravi 4 godini. Redno e posle tolku godini talkanje da se cue stavot na ovaa partija - partija na intelektualci.
Од: RR Epten gut
Датум: 07.08.2008 13:36:36
Navistina se sto e kazhano ne samo shto sootvetstvuva na realnosta vo drzhavava denes,tuku e i opsezhnaanalitichka procenka na vnatrepartiskite sostojbi vo opozicijata.I se razbira vo negovata matichna partija.Chovek od akcija i soodvetna reakcija na site nebulozi shto ni se sluchuvaat ,osobeno onie shto gi kreira vlasta.Prodolzhi taka i ne im se davaj na salonskite politichari od kalibarot na eden Penov i Manasievski,za koi politikata e samo sredstvo za bogougodno sopstveno zhiveenje.I za mal krug poltroni okolu niv.Shreta shto vo Sobranieto ne ste zaedno so Najdovski da go odrabotite zasluzheno pratenichkata plata,a ne amorfniot Penov shto go drzhi mestoto samo kako nadomest za minat trud vo LDP.Od takvite na opozicijata kje i bide mnogu potesko da se vrati na prethodnite pozicii,no bar neka ja imaat vo predvid Vashata soodvetna i na mesto reakcija kako vo ova intervju.Samo napred bez strav i kalkulantstvo vo politikata shto i ne e osobina koja moze da Vi se pripishe za razlika od mn
Од: Vesna
Датум: 07.08.2008 13:47:52
Taka e, napolno se soglasuvam so Stevo vo vrska so se. Osobeno vo vrska so LDP i nejzinoto rakovodstvo. Manasievski ne go biva za lider, so nego partijata go izgubi svojot lik. Site tie od LDPsto sedat vo parlamentot i navodno ja pretstavuvaat partijata se "bezglasna bukva " i gledaat samo da si gi zadrzat poziciite i privilegiite so niv. Poddrska za Stevo!
Од: hugh
Датум: 07.08.2008 15:16:00
rabotam vo ministerstvo za trud i imav prilika da sorabotuvam i so Jovan mansievski i so stevco jakimovski. ima golema razlika megu edniot i drugiot. manasievski e zatvoren, nekomunikativen, aroganten, bez inicijativi i za zal ne navelze vo problematikata tuku napravi i odredeni steti osobeno vo delot na socijalnata zastita, dodeka pak stevce bese neposreden, otvoren, ednostaven, sekogas spremen da soslusa, da primi sovet no i znaese da nosi hrabri odluki. steta sto nemase 4 godisen mandat.
Од: odgovor
Датум: 07.08.2008 16:20:43
Do Strano Gledano - Stefce sega gleda na gravcinja!
Од: **********
Датум: 07.08.2008 18:46:26
Stevce samo za gradonacalnik na grad SKOPJE on znae kako se raboti