Брoj 2756  четврток, 07 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Духот од хашкото шише

Димитар Чулев

Караџиќ го отчепи шишето од кое излезе лошиот дух кој прозборе за сплетките за кои знаел, не знаел или криел Трибуналот создаден да им суди на злосторниците за војната на просторите на бивша Југославија.

Ќе биде интересно да се види како блиските на оние 8.000 ликвидирани во Сребреница (и не само тие) ќе ја примат (полу)вистината дека најбараниот хашки обвинет Радован Караџиќ му бил и тоа како достапен на Трибуналот, но дека поради наводно склучен договор со американскиот дипломатски булдожер Ричард Холбрук, лежерно ги минувал деновите во егзил. Дека поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт му средувала ординација по психијатриска практика во некоја егзотична дестинација. Дека американските војници во Босна биле инструирани да не го апсат бараниот обвинет по кого беше распишана потерница со петмилионска награда за каква било информација. Дека генерал Весли Кларк, хашката обвинителка Луиз Арбур или Флоренс Артман (портпарол на главниот хашки обвинител) знаеле за Холбрук и ветувањето дека ако се повлече од политиката, „за Караџиќ веќе не постои Хаг“.

Ова се многу лепливи приказни ако навистина се точни, зашто во овој процес на главниот осомничен во Хаг многу работи ќе бидат пласирани за да се отстрани вината од себе.

Тоа не му носи никакви позитивни поени или олеснувачки околности на Караџиќ, но од изнесеното веќе се превртува утроба. Особено што доаѓа не така бргу по исповедта на жестоката Карла дел Понте, која во својот книжевен опус признава дека знаела, но дека немала доволно докази, на пример, за трговијата со човечки органи од Косово.

Невкусно за еден Трибунал


Статијата е прочитана 688 пати.

Испрати коментар

Од: realist
Датум: 07.08.2008 02:02:55
Za politicarite od bogatite kapitalisticki zemji postojat samo nacionalni politicki i ekonomski interesi. Tie se vrvot vo sistemot na vrednostite na tie drzavi i zatoa se bogati i jaki. Ponekogas metodite kako toj vrhoven interes go turkaat i sproveduvaat se po malku cudni, nerazbirlivi i nelogicki. Pa zato i postoi politikata. Ako ja pogledame nasata vnatresna sostojba vo Makedonija ke zabelezime deka top prioritet kaj politicarite, pa golem del od novinarite, e sopstveniot inters i kariera. "Opstite" interesi za mnogumina vo politikata se samo maska za materijalno obezbeduvanje. Siromasna drzava so nemokno sobranie i nefunkcionalen sistem megutoa somnitelno bogati poedinci
Од: luli
Датум: 07.08.2008 04:11:16
Abe cule pa n znaci toa sto go kazuva karadzic e vistina, brat mu na karadzic isto taka rece deka vitolij curkin bil posredik megu holbruk i karadzic,vcera rusinot rece deka toa ne e vistina pa komu mu veruvas?
Од: diplomat
Датум: 07.08.2008 12:18:32
На Хашкиот трибунал нема да му биде првпат да биде сцена на циркус, затоа и го викаат Cangoroo Court. Еве ја изјавата на Шакирбеј, поранешен босански министер за надворешни работи за истата „невкусна работа“: http://www.presstv.ir/detail.aspx?id=65372§ionid=3510302 Зарем е некој овде наивен да мисли дека Сребреница не можеше да се спречи и дека Западот има нечиста совест во врска со овој масакр?
Од: Gospod
Датум: 07.08.2008 12:49:17
Ima nesto trulo vo Drzavata Evropa. te ima nesto trulo vo Haskiot sud. Diktirano od SAD. Demokratija? Ne Diktatura Da.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Опозицијата не смее да спие и да чека
Зденко
Мрачни судбини
Заев вели дека е жртва на монтиран процес
Мајката на Барбара ги обвинува црногорските институции
Повредената девојка од „Егзит“ се врати во Скопје, здравјето и' е лошо
Топол бран со африканска прашина ќе донесе температури до 40 степени
Под сјајот на олимписките игри, предрасуди од 20 век
СДСМ чека Црвенковски да ги отвори картите
Љубиша Георгиевски адут на ВМРО-ДПМНЕ во претседателската трка?!
Уапсен ексдиректорот на „Жито Битола“
Карикатура
И Атина и Скопје сакаат разговори „само“ за името
Дефицитот дојде до 1,5 милијарда долари за шест месеци
Verbatim
Лени Кравиц