Број 3034  сабота, 11 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Не сакам да давам комплименти, но Охрид е посебен град

Италијанскиот композитор Енио Мориконе, на вчерашната средба со новинарите, рече дека е задоволен што токму во Македонија ќе одржи концерт

Тина Иванова



„Очигледно е дека јас сум презадоволен што сум во Македонија, но сепак, морам тоа да го кажам“, рече големиот италијански композитор Енио Мориконе, кој вчера претпладне, пред почетокот на свеченото отворање на „Охридско лето“, одржа прес-конференција во хотелот „Метропол“, каде што е сместен во тамошниот претседателски апартман. Рече дека за него претставува големо задоволство што токму тој со неговата музика ќе го отвори фестивалот.

„Го слушнав хорот на Македонската опера и балет и добив одличен впечаток. Сигурно вечерва ќе имаме добра изведба. Иако не е едноставно да се настапува на отворено, но се надевам дека звукот ќе биде добар и фокусиран. Би сакал овој концерт, кој е од големо, емотивно значење за публиката, да помине добро, зашто публиката ја сака музиката“, рече Мориконе. Тој го најави и изненадувањето за крајот на концертот, настапот на селекторот за музика на „Охридско лето“, обоистката Гордана Јосифова-Неделковска.

Филмскиот композитор завчера имаше и прием кај македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, кој е покровител на фестивалот „Охридско лето“. Мориконе истакна дека многу му е важно што имал средба со претседателот, кој го наградил со Медал за заслуги за Македонија, за што тој јавно му се заблагодарува. „Ова не е само предмет за носење, туку се работи за една голема чест која мене ми е дадена, па концертот ќе му го посветам на претседателот“. Инаку претседателот Иванов побарал од композиторот да одржи еден концерт кој ќе го посвети на Македонија.

Мориконе истакна дека Македонија е убава земја, особено Охрид. „Кога ја преминав албанско-македонската граница, знаев дека ова е посебен град. Јас не сакам да давам многу комплименти, но ова е навистина убав град“, рече Мориконе.

На прашањето што му се допаднало од македонската кујна, Мориконе рече дека немал некои посебни барања зашто не ја познава македонската кујна, но дека тоа што го јадел, салати и јагнешко месо, било одлично.

Директорот на „Охридско лето“, Тони Симоновски, на вчерашниот прес му врачи охридска резба со ликот на Св. Климент, патронот на градот Охрид. „Не го очекував овој гест, оваа прекрасна скулптура ќе ја носам дома. Обожувам дрво“, рече Мориконе.

Италијанскиот композитор, чие име најчесто се врзува за вестерн филмовите, рече дека од неговите дела, кои се околу 460, 80 насто се дела наменети за вестерн филмови. Но, рече, оној кој се сеќава само на вестерн филмовите е доста ограничен. „Јас би го искарал. Зашто, сум направил музика за многу важни филмови кои не се вестерн. Не дека не го сакам тој жанр, но ги преферирам сите музички жанрови. Сепак, и покрај компонирањето на различните филмови, композиторот треба да го задржи својот стил, својот печат“, истакна Мориконе.

На вчерашната средба со новинарите присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која меѓудругото рече големо е задоволството што во прегратките на македонскиот симбол на древноста, културата, историјата, сегашноста и иднината, дочекавме светски имиња. „Присуството на Мориконе годинава говори дека Македонија и во иднина ќе биде дом на големи, светски признати имиња од областа на музиката, театарот и уметноста воопшто. ’Охридско лето‘ со настапот на овој уметник ја збогатува својата и онака квалитетна програма и потврдува дека е една отворена сцена чија единствена константа е постојаната метаморфоза на случувања“, истакна Канческа-Милевска.


Статијата е прочитана 560 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 13.07.2009 00:08:55
Znaci dobil Медал за заслуги за Македонија. Sto storil za Makedonija? Nisto dosega, no se ocekuva da napravi nesto vo idnina. Ova e prvpat vo istorijata na covestvoto nekoj odnapred da dobie medal za nesto sto eventualno ce stori vo idnina. A covekot ima 85 godini.
Од: Jon
Датум: 13.07.2009 06:57:22
kakov ubav grad moze da bide grad bez nitu eden parking vo gradot
Од: bobi
Датум: 13.07.2009 11:08:32
Predlagam pretsedatelot na sekoj stranski peac grupa da im dava orden za zasluga .I taka stanuvme crna dupka so ovaa vlast ,pa zasto na sekoj stranski peac da ne mu se odade priznanie za herojskoto doaganje vo Makedonija.I kade ste videle pola Ministri da se upikuvaat na pres konferencii na slavna zvezda osven vo nedemokratski drzavi.Sigurno se sledi primerot na Cavez Kastro.I tie se slikaat so sekoj sto ke ja poseti nivnata zemja.Bidejki taka izolirani samo tie poznati licnosti im se dopir so narodot.

Најди! во Утрински
Култура
„Кристален глобус“ за филмот „Ангел на море“
Етнолозите без поддршка од државата се недоволно гласни
Битолчанки ги освоија срцата на Французите