Број 3613  петок, 24 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Лошите економски прогнози ја паднаа цената на нафтата

Нафтата на вчерашните тргувања на светските берзи поевтини за повеќе од еден долар, како резултат на зголемената загриженост на инвеститорите од песимистичките прогнози за растот на американската економија во текот на оваа година.

Цената на американската „лесна“ нафта за испорака во август на Њујоршката берза се намали за 1,23 долари и достигна 94,18 долари за барел, по нејзиното завчерашно поскапување за повеќе од еден долар. Во исто време, на Берзата во Лондон европскиот „брент“ завчера претпладне поевтини за 1,16 долари и стаса до 13,05 долари за барел.

Загриженоста на берзите ја предизвика и изјавата на претседателот на американската Управа на федералните резерви (ФЕД), Бен Бернанки, дека растот на економијата во САД е помал од очекуваниот и оти зголемувањето на БДП во 2011 година ќе изнесува 2,9 проценти наместо досегашните прогнози од 3,3 отсто.

Бернанки најави дека ФЕД нема намера да продолжи со примената на програмата за откуп на државни хартии од вредност, која, според аналитичарите, е најзаслужна за зголемувањето на американската ликвидност, но и за растот на цената на нафтата.

Аналитичарите оценуваат дека драстичното зголемување на цената на нафтата во мај на речиси 115 долари за барел, пред се', се должи на зголемената побарувачка на енергенсот во земјите со забрзан економски развој, особено во Кина, која е втор по големина потрошувач на црното злато во светот, по САД. (МИА)


#
Статијата е прочитана 630 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Новата еврообврзница скапо ќе не' чини
Српските банки повторно заработуваат добро
Турција ќе стане најбогата земја
Повторно атрактивно финансирањето преку пазарите на капитал
Германија се отвора за странските работници
„Сааб“ не може да исплати плати
Ја надмина Европа според бројот на милионери
Летово роаминг на „Вип“ за 9,9 денари минута

"""