Германија се отвора за странските работници
Германската влада ги прифати измените на законот, со кои на домашните претпријатија им се дава можност да вработуваат странски инженери и лекари. Странски државјанин може да добие работа во Германија доколку неговата годишна плата би изнесувала најмалку 66.000 евра или доколку компанијата, која сака да го ангажира, докаже дека во Германија нема квалификувани државјани на ЕУ за таа позиција. Експертите предупредуваат дека Германија е соочена со недостиг од инженери и лекари и дека до 2025 ��одина дефицитот од квалификувани стручњаци би можел да изнесува 6,5 милиони. Предложените измени на законот за јакнење на работната сила во Германија треба да поминат низ собраниска процедура. (Ек.Р.) |