Број 3613  петок, 24 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Новата еврообврзница скапо ќе не' чини

ММФ е во конфузија кога препорачува скапо задолжување за да се врати предвреме нивниот евтин кредит

Александрија Стевковска

Кризата во Меѓународниот монетарен фонд и скандалот со нивниот шеф Доминик Строс Кан, освен на светско, се преслика и на локално ниво во Македонија. Според експертите, ова најјасно се гледа од завршните препораки на мисијата на ММФ за земјава, во кои стои дека е пожелно земјава да се воздржи од натамошно трошење на парите од нивниот кредит за претпазливост и да се насочи кон надворешно задолжување преку издавање еврообрзница. Експертите се едногласни дека е нелогично ММФ да ја поздравува можноста за предвременото враќање на нивниот евтин кредит, а од друга страна, да препорачува ново скапо задолжување. Анализите на надворешниот финансиски пазар, пак, говорат дека условите за издавање еврообврзница се многу неповолни и доколку се реализира тоа, каматата за неа ќе биде многу висока.

„По конституирање на новата Влада, треба добро да се анализира состојбата во економијата, односно во буџетот. Треба да се види какви се приливите во државната каса за да се оцени каков е нејзиниот капацитет за опстанок, но и финансирање на буџетскиот дефицит. Треба да се направи анализа на две полиња. Едното е да се следи состојбата на странските пазари и доколку има можност, да се издаде еврообврзница, под услов каматата да биде од 4 до 6 отсто. Сепак, прашање е дали може да се добијат поволни услови за издавање еврообврзница, со оглед на кризата во Грција, која многу лесно може да се прелее во други земји, но и лошите економски состојби во Португалија, Ирска. Значи, условите на надворешните финансиски пазари за издавање еврообврзница се неповолни“, вели Томе Неновски, професор на Американ колеџ.

Тој смета дека Владата треба прво да направи анализа на домашниот пазар и таму да ги бара можностите за да обезбеди средства за финансиска инјекција на буџетот. „Многу подобра можност е Владата да се сврти кон домашниот пазар за да обезбеди пари. Тоа значи да се употреби неискористениот финансиски потенцијал на банките врзан преку благајнички записи во Народна банка на Македонија. Станува збор за средства во висина од околу 300 милиони евра, од кои барем половина може да се искористат за покривање на буџетскиот дефицит. За нив, каматата е од околу 4 отсто. А враќањето на овие средства нема да значи одлевање девизи од земјава. Со оглед на кругот во кој се врзани НБМ, банките и фирмите, тие пари многу брзо ќе се вратат во економијата. За мене, ова претставува најдобра опција на обезбедување пари“, смета Неновски.

За поранешниот министер за финансии, Никола Поповски, не е логична препораката на ММФ, Владата да се задолжи поскапо за да евентуално

порано ги врати повлечените пари од ПЦЛ-аранжманот.

„Кризата во ММФ не се гледа само во Доминик Строс Кан и неговото однесување, туку е многу подлабока. Најдобар пример за тоа е односот на ММФ кон кредитот одобрен за Македонија. Ако во почетокот имаше сомнеж дека концептот на кредитот е нејасен, сега тоа и се докажува. Фондот нема јасна слика зошто и како и го одобрил кредитот за Македонија. Прво се кажуваше дека кредитот е за екстерни шокови, после дека е за буџетски потреби, а сега не кажуваат ни колку од парите се потрошени и за што. Владата е во конфузија бидејќи сака да го задржи владеењето, но однесувањето на ММФ во врска со кредитот даден на Македонија е целосна енигма“, заклучува Поповски.


#
Статијата е прочитана 877 пати.

Испрати коментар

Од: сакам да прашам
Датум: 24.06.2011 09:31:13
Не сум економист, но ми се наметнува прашањето, зошто со кредитот од ММФ и со задолжување на домашниот пазар не го вратиме долгот од последната евро обврзница за која плаќаме 10% камата која е неколкупати поголема од каматата на овие две задолжувања?
Од: Трпе
Датум: 24.06.2011 10:14:44
Од експерти во власта кои многу добро ја познават економијата!!!Шансите се многу големи,ова мала земја да оди во банкрот.Им треба ново школо на нашиве експерти.Па нели кажуват дека знаењето е сила ,знаењето е моч.Ама треба да се стекне квалитетно знаење а не улично.
Од: Perec Kifla
Датум: 24.06.2011 12:08:27
Nas veke skapo ne kosta i ova dosega sto go zemavme. Miljarda na domasnite banki 300 milioni na MMF, 200 za evro obvrznicata, nesto na stopanstvoto. Sve zaedno toa se pari koj za Makedonija i ova stopanstvo se premnogu. Nie i sega ova ne sme vo sostojba da go vrakame, ne pa novi da zemame. Najverojatno ke potpadneme vo toa takanareceno"dolznicko ropstvo",kade sto cela drzava ke ni bide kontrolirana od onie na koj im dolzime.Nie ke rabotime samo za leb,sol i voda. Se drugo ke ni zemat.
Од: jean luc picard
Датум: 24.06.2011 16:36:21
ММФ се финансира од земјите членки, а најмногу придонесува САД, бидејќи тие се газди на доларот кој е прогласен за светска резервна валута. Е сега, бидејќи на САД не им цветаат ружи, невработеноста никако да се намали, економијата им стагнира, а владата им е е до гуша во долгови и за месец дена ќе го достигне законски максимално дозволениот плафон со што се ризикува да отиде целата држава во банкрот. Бидејќи најголемиот финансиер на ММФ се бори за воздух, следствено на тоа и ММФ е во тесно па претпоставувам дека затоа бара предвремено враќање на кредитот.

Најди! во Утрински
Економија
Српските банки повторно заработуваат добро
Турција ќе стане најбогата земја
Лошите економски прогнози ја паднаа цената на нафтата
Повторно атрактивно финансирањето преку пазарите на капитал
Германија се отвора за странските работници
„Сааб“ не може да исплати плати
Ја надмина Европа според бројот на милионери
Летово роаминг на „Вип“ за 9,9 денари минута

"""